Трамп оптимист за тајната мисија на шефот на ЦИА во Москва - Канал 5

Трамп оптимист за тајната мисија на шефот на ЦИА во Москва

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „можеби ќе произлезе нешто“ од посетата на директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, на Русија.

Трамп оптимист за тајната мисија на шефот на ЦИА во Москва

Трамп ова го истакна во интервју за емисијата „Глен Бек програм“ на телевизијата „Блејз“, по информациите во американските медиуми дека ретклиф вчера пристигнал во Москва на разговор со руски претставници за војните во Украина и Иран.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска потврди за тасс дека рускиот претседател Владимир Путин бил детално информиран за резултатите од контактите на руските специјални служби со ретклиф. Песков притоа појасни дека директорот на циа немал директна средба со путин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина уште еден заболен од западно-нилска треска

Уште еден, шести по ред  смртен случај од западно-нилска треска во Македонија, соопштија денеска здравствените власти. 

Почина уште еден заболен од западно-нилска треска

Станува збор за 72-годишен маж од Аеродром, кој бил хоспитализиран пред 15 дена со тешка клиничка слика.

Во Ресен е пронајден угинат гавран кај кого надлежните детектирале западнонилска треска.

Западнонилската треска бележи драстичен пораст повеќе од десет новозаразени за една седмица. Од вкупно 53 случаи, 50 се потврдени, додека за три се очекуваат резултатите од дополнителните тестирања.

На Клиниката за инфективни болести во Скопје во моментот се хоспитализирани 18 пациенти. Најмладиот, 26-годишен пациент е во добра состојба, а петмина пациенти се на Интензивна нега со тешка клиничка слика и сите се повозрасни лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: „Нема место за шеријат во САД“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има намера да го забрани шеријатскиот закон во Соединетите Американски Држави и додаде дека „нема место за шеријат во САД“.

Трамп: „Нема место за шеријат во САД“

„Што се однесува до шеријатот, категорично би рекол дека шеријатот нема место во оваа земја. Нема шеријат“, рече Трамп за време на интервју со конзервативниот ТВ водител Глен Блек.

Американскиот претседател рече дека има места каде што шеријатот е присутен, наведувајќи ги Лондон и Париз како примери.

„Како што знаете, одите во Лондон, одите во Париз, тоа е речиси како поинаков начин на живот. Смешно е“, рече Трамп.

Американскиот претседател истакна дека шеријатот е присутен до одреден степен во Соединетите Американски Држави.

„Каде што го гледаме, го отстрануваме. Мора да се отстрани“, рече Трамп, додавајќи дека правниот систем во САД е „најдобар и покрај неговите несовршености“.

Доналд Трамп даде слични забелешки за Лондон минатата година, напаѓајќи го градоначалникот на британскиот главен град, Садик Кан, за време на неговиот говор пред Генералното собрание на ОН. „Го гледам Лондон, каде што имате ужасен градоначалник, навистина ужасен градоначалник. Сè се промени толку многу. Сега сакаат да воведат шеријатски закон“, рече Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Школски прибор намален за 10% на големо, за 15% на мало, јасно означени цени и заштита на семејниот буџет

​Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за намалување на цените на школскиот прибор за 10% во трговијата на големо и 15% во трговијата на мало.

Стојаноски: Школски прибор намален за 10% на големо, за 15% на мало, јасно означени цени и заштита на семејниот буџет

Во пресрет на почетокот на новата учебна година, ова значи вистинска грижа за граѓаните, родителите, учениците и смејните буџети, каде ќе се купуваат повеќе производи потребни за школската година, а ќе се троши помалку.

Покрај намалувањето на цените на училишниот прибор, особено важно е што со новата владина одлука се обезбедува и транспарентност во однос на цените.

Трговците се должни, покрај новата, намалена цена, јасно да ја прикажат и старата цена на производот, каде како базна ќе се зема цената која важела на 1 јуни 2026 година.

Тоа значи дека граѓаните ќе можат јасно и транспарентно да видат колкава била цената претходно и колку изнесува намалувањето, така што на тој начин се обезбедува поголема сигурност за потрошувачите и се спречува можноста за манипулации со цените.

Одлуката ќе важи до 30 септември 2026 година, период во кој граѓаните ќе имаат можност да ги набават производите опфатени со мерката по намалени и јасно означени цени.

Станува збор за конкретна мерка насочена кон директна поддршка на семејствата во периодот кога нивните трошоци се најголеми поради подготовките за новата учебна година.

Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е родителите да имаат помал притисок врз семејниот буџет, а секое дете да може да ја започне новата учебна година со потребниот прибор.

Ташни, ранци, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелин, фломастери, линијари, дидактички материјали, се што е неопходно за почетокот на учебната година, ќе се купува по намалена цена.

Пониски цени, јасно означени цени и конкретна поддршка за граѓаните.

Владата ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и да носи мерки кои даваат реални и видливи резултати кои прават значителни заштеди на семејните буџети.

YouTube video

Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер