Трамп: ОН требаше да ги решат војните што јас ги решив - Канал 5

Трамп: ОН требаше да ги решат војните што јас ги решив

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повторно ги критикуваше Обединетите нации. Тој рече дека тие не го остваруваат својот потенцијал. 

Трамп: ОН требаше да ги решат војните што јас ги решив

„ОН едноставно не беа многу корисни“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа. „Јас сум голем обожавател на потенцијалот на ОН, но тој никогаш не беше реализиран“, додаде тој.

„Верувам дека мора да се дозволи ОН да продолжи бидејќи потенцијалот е толку голем“, рече тој кога го прашаа дали сака да ги замени ОН со својот Мировен комитет, формиран како дел од примирјето посредувано од САД меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

„ОН требаше да ги реши сите војни што ги решив. Никогаш не отидов кај нив. Никогаш дури и не помислив да одам кај нив. Тие треба да можат да ги решат тие војни. Тие не ги решаваат“, рече Трамп.

„Одборот на Трамп е нескриен предизвик за ОН“

Републиканскиот претседател постојано тврдеше дека неговата администрација завршила осум војни во првата година од неговиот втор мандат и дека заслужува Нобелова награда за мир за неговите напори.

Мировниот комитет првично беше формиран како дел од мировниот план за Појасот Газа, посредуван од САД, а телото треба да надгледува преодна влада. Дипломатите кои ја виделе повелбата на комитетот изјавија за ДПА дека тоа е отворен предизвик за ОН, која Трамп постојано ја критикуваше како нефункционална.

Сега постојат индикации дека САД сакаат значително да го прошират мандатот на комитетот за Газа за да промовираат стабилност и да решаваат конфликти низ целиот свет. Нацрт-повелбата предвидува дека Трамп ќе претседава со советот на комитетот и дека само шефови на држави и премиери што тој ги поканува можат да бидат членови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Подготовки за најлошото: Системите „Патриот“ пристигнуваат границата со Украина

Полска ќе распореди батерии од системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Лублинското војводство, веднаш на границата со Украина, објави денеска полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш.

Подготовки за најлошото: Системите „Патриот“ пристигнуваат границата со Украина

„Одлуката за распоредување на батеријата 'Патриот', донесена во соработка со воената команда, има за цел да го заштити Лублинското војводство. Планот е осмислен така што на луѓето ќе им пружи чувство на сигурност. Покрај тоа, важно е да се максимизира безбедноста на воздушниот сообраќај – кој се одвива овде, но често е прекинуван поради предупредувања – за летовите да можат да се одвиваат во најбезбедни можни услови секогаш кога тоа е дозволено“, изјави тој, а пренесе Полско радио.

Според Косињак-Камиш, системите за противвоздушна одбрана ќе бидат распоредени и во областа на аеродромот во Лублин.

Тој исто така најави формирање нови воени единици, вклучувајќи и единици за беспилотни летала, напоменувајќи дека тие првенствено ќе бидат стационирани во Билгорај, Лукув и Поњатова.

Медиумите претходно објавија дека Полска подготвува таканаречен „предвоен закон“ наменет за зголемување на подготвеноста на земјата за можен вооружен конфликт, вклучувајќи ги и „поуките извлечени од војната на Русија против Украина“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Чаир: На Бит пазар станува збор за замена на постојните продажни боксови

Во однос на актуелните активности на Бит Пазар, Општина Чаир информира дека станува збор за замена на постојните продажни боксови, кои со текот на годините се амортизирани, со нови и современи боксови.

Општина Чаир: На Бит пазар станува збор за замена на постојните продажни боксови

Целта е Бит Пазар да добие целосно уреден, модерен и унифициран изглед, како што веќе има поголемиот дел од пазарот. Со обновувањето на преостанатиот дел се создаваат подобри и похигиенски услови за работа за продавачите, но и поуредна, почиста и попријатна средина за сите граѓани кои секојдневно го посетуваат пазарот.

Важно е да се нагласи дека суштинската намена на просторот не се менува. Постојните продажни места остануваат, но добиваат нов и посовремен изглед, а продавачите продолжуваат да ја извршуваат својата дејност. Целта е процесот на модернизација да придонесе Бит Пазар да стане пофункционален, поуреден и попријатен простор и за оние кои работат таму и за граѓаните.

Воедно, станува збор за активности на приватен имот во сопственост на „Скопски пазар“.

Општина Чаир го поздравува секое уредување и подобрување кое придонесува за почиста, посовремена и поуредна средина за граѓаните. Нашата заедничка цел треба да биде Бит Пазар да го задржи своето значење и традиција, но истовремено да добие современ изглед и услови што одговараат на потребите на граѓаните и на времето во кое живееме, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода арачиновец во Липково, превезувал огревни дрва без документација (ВИДЕО)

Против него ќе следува соодветна пријава.

Лишен од слобода арачиновец во Липково, превезувал огревни дрва без документација (ВИДЕО)

На 05.10.2026 во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Џ.А.(65) од село Арачиново. Тој во село Липково управувал товарно возило во кое превезувало дрва без жиг и не застанал на даден знак стоп од полициски службеници и се обидел да побегне.

Џ.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер