Министерство за здравство: Случајот ќе биде темелно испитан, јавноста ќе биде навремено информирана за сите наоди
2Министерство за здравство: Случајот ќе биде темелно испитан, јавноста ќе биде навремено информирана за сите наоди
ТехнологијаТрамп одобри извоз на чипови на „Енвидиа“ за Кина, дел од прометот оди кај САДТрамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“ напиша дека „Енвидиа“ на американската држава ќе ѝ префрли 25 отсто од прометот од продажбата на овие графички процесори (GPU), кои се многу барани за развој на вештачка интелигенција (ВИ). Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека, под одредени услови, го одобрил извозот на некои чипови од компанијата „Енвидиа“ (Nvidia) за Кина, откако разговарал со кинескиот претседател Си Џинпинг, кој исто така го одобрил чекорот. Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“ напиша дека „Енвидиа“ на американската држава ќе ѝ префрли 25 отсто од прометот од продажбата на овие графички процесори (GPU), кои се многу барани за развој на вештачка интелигенција (ВИ). Станува збор за чиповите H200 од серијата „Хопер“ (Hopper), додека „Енвидиа“ кон крајот на минатата година лансираше нова, поефикасна серија, наречена „Блеквел“ (Blackwell). Според тоа, не станува збор за најнапредните производи на американската компанија. Извозот на американски чипови за Кина е предмет на тензии веќе неколку години, при што поранешниот претседател Џо Бајден, а по него и неговиот наследник Доналд Трамп, стравуваа дека тие може да се користат за воени цели. Од 2022 година, администрацијата на Бајден наметна ограничувања за извозот. „Енвидиа“ се справи со тоа со дизајнирање помалку моќен графички процесор, H20, за да одговори на ограничувањата наметнати од САД, и со тоа да добие пристап до кинескиот пазар. Во април, Владата на Трамп го забрани извозот на чиповите H20, пред да склучи договор со „Енвидиа“ и повторно да ја дозволи продажбата на овие чипови на Кина, наспроти плаќање провизија од 15 отсто на американската држава. Кинеските власти, сепак, им наложија на компаниите во земјата да не ги купуваат овие чипови, претпочитајќи да дадат предност на развојот и употребата на кинески еквиваленти. „Енвидиа“ реализираше само 50 милиони долари промет во Кина во третиот квартал годинава и досега не планираше никакви приходи од тој пазар за тековниот квартал. Согласно договорите објавени денеска од Трамп, компанијата сега ќе може да ги нуди своите графички процесори на „овластени клиенти“ во Кина. Од „Енвидиа“ ја поздравија одлуката на американската Влада како наоѓање разумен баланс. Тагови: Доналд Трамп Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисЈаник Синер и понатаму водечки на АТП листата на најдобрите тенисери на светотПобедникот на Вимблдон, Италијанецот Јаник Синер и понтаму е лидер на АТП листата на најдобрите тенисери на светот со 13.450 бода.Неговиот противник од финалето Саша Зверев загуби 360 бода – кои ги освои во Канада минатата сезона – и сега повторно е трет со 8.120 бода, со само 40 бода помалку од Карлос Алкараз, кој се подготвува за враќање на теренот по неколкумесечна пауза. Феликс Оже-Алијасим е четврти со 4.740 бода, Новак Ѓоковиќ е петти, Данил Медведев напредуваше за едно место и сега е шести со 3.620 бода. Алекс де Минор падна за едно место на 3.560, Флавио Коболи се искачи за едно место на осмото со 3.330, додека Тејлор Фриц е деветти со 3.230. Бен Шелтон ја заокружува листата на најдобрите десет со 2.680 бода.Тагови: Јаник Синер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизШто се случува со Аријана Гранде?Нејзиното видно слабо тело поттикна дискусија на социјалните мрежи, сите се загрижени Младата музичка ѕвезда Аријана Гранде предизвика бројни реакции на социјалните мрежи откако го објави спотот за песната „Petal“. Таа го привлече вниманието на јавноста со својот изглед. Аријана Гранде неодамна објави спот за песната „Petal“, а бројни реакции во јавноста предизвика не со својот уметнички израз во самата песна, туку со својот физички изглед. За снимањето на спотот, Аријана носеше црни хеланки, црна блуза што ги открива рамената и марама околу вратот. Сепак, повеќето корисници на интернет останаа вџашени кога ја видоа нејзината видно слаба фигура. „Таа е многу слаба и тоа е загрижувачки“, напиша еден, додека друг додаде: „Мислам дека луѓето имаат право да се грижат за нејзиното здравје“.Тагови: Аријана Гранде Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСензационален трансфер на „Максимир“ – од европскиот шампион во Динамо Загреб Младиот француски фудбалер Ноа Нсоки (18) наскоро ќе го засили Динамо Загреб.Левиот бек може да игра и како офанзивен играч за врска, а доаѓа од редовите на европскиот шампион Пари Сен Жермен. Нсоки ќе пристигне во Загреб во среда или четврток за да ги изврши лекарските прегледи и да потпише петгодишен договор. Динамо нема да плати за Нсоки, но од следниот трансфер заработката ќе ја делат „пола-пола“ со популарните „Светците“ од Париз. Минатата сезона тој неколку пати тренираше со првиот тим на Париз, но конкуренцијата е преголема. Сепак, тој одигра вкупно 36 минути, влегувајќи во игра од клупата на два натпревари минатата сезона. Одигра 39 натпревари за младинскиот тим на Париз Сен Жермен, при што забележа 10 гола и шест асистенции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter