СветТрамп очекува заложниците на Хамас да бидат ослободени в понеделникАмериканскиот претседател Доналд Трамп очекува заложниците што ги држи палестинското движење Хамас во Газа „да се вратат“ дома в понеделник.Американскиот претседател пред новинарите во Белата куќа посочи дека, покрај живите заробеници, на Израел ќе му бидат вратени и најмалку 28 тела на починати заложници. Трамп додаде дека планира да го посети Каиро, по што ќе се обрати пред израелскиот Кнесет (Парламентот), пред да се врати во САД во вторник.Тагови: Доналд Трамп Појасот Газа Хамас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАнима Мунди бара да се затвори зоолошката градинаАктивистите бараат независна истрага за бегството на волците.Итно да се затвори скопската зоолошка градина и да се направи независен инспекциски надзор, да се проверат сите живеалишта, огради, кафези и безбедносни системи, а наодите јавно да се објават, бараат од здружението за заштита на животните Анима Мунди, откако во јавноста излезе информацијата дека волци избегале од живеалиштата и усмрттиле четири кенгури и неколку птици. Активистите бараат независна истрага за бегството на волците, усмртувањето на животните и утврдување на одговорност за сите пропусти, како и мораториум на размножување и внесување нови животни додека не се обезбедат услови што ги исполнуваат стандардите. Тие го повторија и својата заложба да се затвори ЗОО Скопје и да се трансформира во спасувачки и рехабилитациски центар за животните. Од таму споделуваат снимка на која се гледа како волците пробуваат да излезат од живеалиштето на место кое е импровизирано со мрежа, каде што металната ограда е веројатно оштетена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРусија собори 660 украински дроновиНоќеска руската воздушна одбрана собори 660 украински дронови, објави министерството за одбрана во Москва. Според градоначалникот на Москва ова се едни од најбројните напади од почетокот на конфиликот. Во последните месеци, Украина ја засили кампањата на напади со беспилотни летала на долг дострел против Русија, со посебен фокус на енергетската инфраструктура, во обид да го лиши Кремљ од важен извор на приходи за финансирање на воените напори. Минатата недела, украински напад предизвика голем пожар во рафинерија за нафта југоисточно од Москва.Тагови: дронови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Вработените“ во пералната и без пари и без работаПред министерството за здравство денеска повторно протестираа вработените од пералната на Клиничкиот центар кој не ги добија 17 те плати, а сега останаа без работа. Тие бараат од министерот да не ги заборави и да им ги исполни основните права во правото на работни односи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter