Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар
1Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар
2Скопје станува европски центар на танцот: Официјално најавено „IDO European dance championship 2026“
СветТрамп објави ВИ снимка и ги разлути Канаѓаните- вооружени патки го чуваат езерото (ВИДЕО)Американскиот претседател Доналд Трамп објави видео генерирано од вештачка интелигенција на Truth Social на кое се гледаат патки вооружени со автоматски пушки како патролираат по брегот на езеро, со облакодери и стадион во позадина.Видеото прикажува јато птици кои изгледаат како канадски гуски, но со препознатливата фризура на Трамп и човечки раце кои држат автоматски пушки. Непосредно пред видеото, тој објави текстуална порака со игра на зборови на англиски: „Езерото Америка - заштитено од Пајо Паторот “. Trump posted an army of AI ducks (with his blonde hairstyle) marching around Lake America. pic.twitter.com/feAm7BL9Hg — Akayla Gardner (@gardnerakayla) August 29, 2026 Тој потпиша извршна наредба за преименување на езерото Онтарио Бизарната најава доаѓа кратко откако Трамп потпиша извршна наредба со која ѝ наложи на американската федерална администрација да го преименува езерото Онтарио во „Езеро Америка“ во сите официјални документи, мапи и комуникации. Според потпишаната наредба, американскиот секретар за внатрешни работи има 30 дена да ја спроведе промената во соработка со Одборот за географски имиња. Одлуката на Белата куќа се однесува исклучиво на американските федерални тела и не ја обврзува Канада или меѓународните институции. TRUMP: Reposts meme saying Lake America is protected by “Donald Ducks” pic.twitter.com/J8vonbL3EY — Trump Truths (@trumptruthsbot) August 29, 2026 Канадскиот премиер: Ќе се вика Онтарио - тогаш, сега и секогаш Канадскиот премиер Марк Карни реагираше на потегот на Трамп, кој јасно стави до знаење дека Канада нема намера да го промени историското име на водната област што ја дели со Соединетите Американски Држави. „Името е постаро од 400 години и датира од Канадската конфедерација и Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави“, рече Карни. Тој објасни дека името доаѓа од зборот „Онтарио“ од јазикот на народот Вендат, што се преведува како „прекрасно езеро, големо езеро“. „Знаеме дека Америка се менува. Нејзините трговски односи, нејзината надворешна политика, нејзините национални споменици, нејзините хидроними. Но, Канаѓаните исто така знаат дека работите треба да се нарекуваат со нивното вистинско име: Езеро Онтарио - тогаш, сега и секогаш“, рече канадскиот премиер. The name Lake Ontario comes from the Wendat word Ontari’io, which, appropriately, means “the lake is beautiful, the lake is big”. The name is more than 400 years old, predating both the Confederation of Canada and the Declaration of Independence of the United States of America.… — Mark Carney (@MarkJCarney) August 27, 2026 Езерото Онтарио е едно од петте Големи езера во Северна Америка и формира природна граница помеѓу канадската покраина Онтарио и американската држава Њујорк.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
НБАБраќата Томпсон испишаа историја во НБА – договори вредни 363 милиони долари Младите кошаркари, Аусар и Ајмен Томпсон испишаа историја во НБА, станувајќи првите браќа кои потпишале договори во вредност од најмалку 100 милиони долари.Вкупната вредност на нивните нови договори изнесува 363 милиони долари. Кошаркарот на „Детроит Пистонс“, Аусар Томпсон, се договори за продолжување на договорот на пет години во вредност од 155 милиони долари, при што договорот е целосно загарантиран, пренесува ESPN. Неговиот брат близнак, Амен, претходно овој месец потпиша петгодишен договор вреден 208 милиони долари со „Хјустон Рокетс“. Браќата Томпсон пристигнаа во НБА во 2023 година. „Хјустон“ му укажа доверба на Амен избирајќи го како четврти пик на драфтот, додека „Детроит“ веднаш потоа, од петтата позиција, го избра Аусар. Аусар беше избран во првата дефанзивна петорка на НБА минатата сезона, откако оствари просек од 9,9 поени, 5,7 скока, 3,1 асистенција и 2,0 украдени топки по натпревар – најмногу во лигата. Во гласањето за најдобар одбранбен играч во лигата, тој го зазеде третото место. Тој исто така одигра одлични натпревари во плејофот, каде што оствари просек од 2,0 украдени топки и 1,8 блокади по натпревар на вкупно 14 средби. Томпсон стана и првиот играч по Ентони Дејвис во 2020 година кој забележал најмалку 25 украдени топки и 25 блокади во една плејоф-серија. Ниту Ајмен не заостанува многу зад својот брат кога станува збор за одбраната. Минатата сезона, тој беше избран во првата дефанзивна петорка на НБА-лигата, додека во нападот ги оствари најдобрите бројки во својата кариера. Минатата сезона, тој имаше просек од 18,3 поени, 7,8 скока, 5,3 асистенции и 1,5 украдени топки по натпревар во дресот на Хјустон. Браќата Томпсон уште во раната фаза од своите кариери обезбедија договори што ги вбројуваат меѓу најплатените млади играчи во НБА.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаХаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина ЦентарНе стивнуваат реакциите во јавноста дека глувци и стаорци ја преплавија Општина Центар. Секојдневно сме сведоци на живи или угинати глодари пред нашите влезови, училишта, паркинзи, тротоари и пешачки патеки.Горан Герасимовски и неспособните кадри на СДС се на чекор да ја вратат општината во 15-ти век. Период засекогаш запомнет поради болестите кои ги пренесувале овие животни. Мене, како мајка, особено ме загрижува последниот пример со инфестацијата кај основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“. Вистински ризик за најранливите, ризик за здравјето на нашите најмили. Да не заборавиме дека во непосредна близина се наоѓа и градинката 13 ноември, со што во опасност се ставени и најмалите деца. Градоначалникот Герасимовски е должен да одговори како ние, родителите, да ги пуштиме своите деца надвор да си играат, а притоа да не се сомневаме дека нема да дојдат во контакт со површини на кои се движат глувци и стаорци? Должен е да одговори дали ја гарантира безбедноста и здравјето на учениците во „Песталоци“? Важно е да се потсетиме дека според член 15 од Закон за Град Скопје, дератизација е надлежност на општините, па прашање е дали градоначалникот и Општина Центар потфрлаат во надлежностите и обврските со кои се задолжени. Почитувани, Ова не е случајно. Ова е резултат на мрзеливоста и неспособноста на Горан Герасимовски и неговите сопартијци. Кадрите на СДС, по мерка на Зоран Заев и Венко Филипче, не знаат да се справат со глувци и стаорци, а камоли да водат општина. Овие луѓе успеаја да направат да се срамиме од она во што се претвора нашата општина. Некомпетентни лица, проследени со секојдневни скандали, не смеат да раководат со срцето на градот! Ана Хаџиевска, член на ОК Центар на ВМРО - ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБруцошите добија дополнително време за да аплицираат за место во студентски домМинистерството за образование и наука го продолжи рокот за аплицирање на бруцошите за сместување во студентските домови.Министерството за образование и наука го продолжи рокот за аплицирање на бруцошите за сместување во студентските домови, откако се покажа дека дел од студентите примени во вториот уписен рок немаат доволно време да го завршат уписот и да обезбедат потврда дека се редовни студенти. Проблемот се појави кај кандидатите од вториот уписен рок. На дел од факултетите при уким запишувањето на примените студенти е закажано за 21 септември, односно еден ден по првично утврдениот рок за студентските домови. Без завршен упис, тие не можат навреме да обезбедат потврда за редовен студент – еден од документите потребни при аплицирањето. Токму поради тоа мон го продолжи рокот, со цел и студентите кои ќе го завршат уписот во вториот уписен рок да можат да ја обезбедат потребната документација и рамноправно да конкурираат за сместување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter