Трамп објави реципрочни царини за речиси цел свет, 33 отсто за македонскиот извоз - Канал 5

Трамп објави реципрочни царини за речиси цел свет, 33 отсто за македонскиот извоз

Американскиот претседател Доналд Трамп и Белата куќа ги објавија реципрочните царински стапки на САД што ќе ги почувствуваат повеќе од 180 земји и територии според неговата нова сеопфатна трговска политика.

Трамп објави реципрочни царини за речиси цел свет, 33 отсто за македонскиот извоз

Во графикони објавени на социјалните мрежи, Белата куќа ги прикажува ефективните царински стапки за кои тврдат дека другите земји ги наметнуваат на американските производи, вклучувајќи ги и оние преку „манипулација со валутите и трговски бариери“.

Во соседна колона се прикажани новите царински стапки што САД ќе ги наметнат на секоја земја или територија, вклучувајќи ја и Европската Унија. Реципрочните стапки не се нужно единствените царини на САД со кои ќе се соочат овие земји.

Од информациите на графиконот се гледа, дека според пресметките на администрацијата на Трамп, Македонија има 65 отсто царини за САД, а сега се воведуваат царини од 33 отсто за македонскиот извоз во САД.

Трамп го покажа графиконот кога ја претстави својата царинска политика од градината со рози на Белата куќа. Покрај сеопфатните царини по земји објавени денеска, Трамп воведе и основна царина од 10 отсто што ефективно значи царина за секоја земја што не е меѓу 180-те посочени.

- Сите производи увезени во царинската територија на Соединетите Држави, во согласност со законот, ќе бидат подложни на дополнителна ад валорем стапка од 10 отсто“, освен ако не е поинаку наведено, се вели во извршната наредба потпишана денеска.

Трамп, исто така, го задржува правото да ја зголеми оваа основна стапка „доколку производниот капацитет и производството на САД продолжат да се влошуваат“.

Фармацевтските производи се меѓу стоките што нема да бидат подложни на реципрочните царини објавени денеска, според информативниот билтен на Белата куќа. Но, Трамп не ги отфрли своите планови да воведе тарифи специфични за фармацевтските производи наскоро.

Други стоки што не се подложни на реципрочните царини вклучуваат бакар, полупроводници, дрвна граѓа, злато во шипки, енергија и одредени минерали што не се достапни во САД, се вели во билтенот. Тука спаѓаат и производите што веќе се подложни на неодамна објавените царини на Трамп, вклучувајќи челик, алуминиум, автомобили и автоделови.

Трамп . исто така, наметнува вкупна царинска стапка од 54 отсто на увозот од Кина, со важност од 9 април, изјави официјален претставник на Белата куќа.

Кинескиот увоз веќе беше подложен на царини од 20 отсто. Уште 34 отсто во реципрочни царини се додаваат на тоа, изјави официјалниот претставник.

Администрацијата на Трамп вчера објави дека Канада и Мексико засега ќе бидат ослободени од основната царинска стапка од 10 проценти, како и од реципрочните давачки за одредени земји. Царината од 10 отсто ќе стапи во сила само кога оригиналните царини од 25 отсто што Трамп ги наметна на канадскиот и мексиканскиот увоз ќе бидат укинати или суспендирани. Царината од 25% беше заснована на обвинувања дека соседните земји не успеваат да го спречат протокот на дрога и криминал во САД.

Инаку, Трамп го заврши 50-минутниот говор со потпишување на извршна наредба со која се наметнува неговиот сеопфатен план за реципрочни царини.

На почетокот на неговиот говор тој најави дека доаѓа „златно доба за Америка“.

- Ова ќе биде ден за кој се надевам дека во годините што доаѓаат ќе се осврнете назад и ќе кажете: ‘Знаете, тој беше во право. Навистина се покажа како еден од најважните денови во историјата на нашата земја’, рече Трамп.

- Реципрочни. Тоа значи дека тоа што тие ни го прават тоа нам, ќе им го правиме истото и ним. Многу едноставно. Не може да биде поедноставно од тоа, рече Трамп на почетокот на обраќањето за новите царини, нарекувајќи го „декларација за економска независност на Америка“.

Трамп изјави дека „работните места и фабриките ќе се вратат со полна пареа“ и дека реципрочните царини ќе воведат „златно доба“ за земјата.

- Ќе ја зајакнеме нашата домашна индустриска база, ќе ги отвориме странските пазари и ќе ги урнеме странските трговски бариери и на крајот повеќе производство дома ќе значи посилна конкуренција и пониски цени за потрошувачите, рече тој.

Трамп ветува она што го нарекува „Златното доба на Америка“, за кое верува дека ќе донесе повеќе работни места и домашно производство, воведувајќи ново доба на домашно благосостојба.

Сепак, подоцна во говорот појасни дека рецепрочните царини не се баш реципрочни. - Ќе им наплатиме приближно половина од она што тие ни го наплатуваат и ни го наплатувале нам, рече Трамп за неговиот план за реципрочни царини

Значи, царините нема да бидат целосно реципрочни, рече американскиот претседател. Но, таа преполовена бројка вклучува „комбинираната стапка на сите нивни царини, немонетарни бариери и други форми на измама“, појасни Трамп.

За Европската Унија Трамп воведе царини од 20 отсто, тврдејќи дека ЕУ наметнала царини од 39 отсто. Што се однесува на земјите од регионот, воведени се царини од 10 проценти за Турција, реципрочно на турските 10 отсто, за Србија се воведуваат 37 проценти на пресметаните српски царини од 74 отсто, за Косово 10 проценти (реципрочни 10 отсто), Црна Гора 10 отсто (реципрочни 10 отсто), БиХ 35 отсто (проценти 70 отсто царини за САД), Албанија 10 отсто (реципрочни 10).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се заплетка во сопствените лаги

Излажа за анкетите, а сега и дека поседува автомобил од 6.000 евра кој го нема во анкетниот лист, што уште крие Филипче од јавноста?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се заплетка во сопствените лаги

Венко Филипче стана препознатлив по спорните изјави, лагите и манипулациите во јавноста.

Во изминатиот период на виделина излегоа повеќе лаги. Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за анкетите, за златната виза, лажно си го вакцинираше внучето и еден куп други лаги.

На лагите на Филипче им нема крај.

Венко Филипче мора да одговори на јавноста, зошто зборува за автомобил од 6.000 евра, кога во анкетниот лист се наведени други возила?

Филипче зборува за автомобил од 6.000 евра, но во анкетниот лист, според достапните наводи, се пријавени две моторни возила, „мерцедес“ во вредност од околу 44.000 евра, како и мотор вреден околу 25.000 евра.

Тогаш, каде е автомобилот од 6.000 евра?

Дали станува збор за друго возило? Дали има разлика меѓу јавно кажаното и пријавениот имот? Има ли дополнителни информации што Филипче треба да ги соопшти за да се расчистат сите дилеми?

Кај Филипче и СДС нема транспарентност и одговорност има само лаги и манипулации.

Филипче треба јавно да објасни што точно поседува, дали целиот имот е уредно пријавен и на што се темелат неговите изјави за вредноста на возилото.

Ако се е чисто, документите и фактите треба да го потврдат тоа. Ако постојат разлики, јавноста заслужува јасно објаснување.

За хронични лажговци и манипулатори нема место во политиката. Граѓаните очекуваат работа, дела и конкретни резултати, а не политичари како Филипче кои на секој втор збор лажат.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уништени 470 килограми ќебапи, плескавици и внатрешни органи пронајдени во нерегистрирана комора во Општина Василево

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), минатата недела, спроведе вонреден инспекциски надзор кај правно лице – месарница во Општина Василево, при што на приватен имот беше откриена комора која не била регистрирана во АХВ.

Уништени  470 килограми ќебапи, плескавици и внатрешни органи пронајдени во нерегистрирана комора во Општина Василево

При спроведувањето на контролата, официјалните ветеринари на АХВ во комората пронајдоа и запленија 400 килограми замрзнати подготовки од месо, плескавици и ќебапи, како и 70 килограми внатрешни органи. Целокупната запленета количина подготиовки од месо и внатрешни органи нештетно се уништени на депонија, согласно пропишаните законски процедури.

Поради констатираните неправилности, изречена е мерка за времено затворање на комората, а на правното лице му се изречени и парични казни поради работа на нерегистриран објект и неозначување на производите.

Овој случај е уште една потврда за значењето на редовните и вонредните инспекциски контроли, со кои АХВ врши надзор врз работењето на операторите со храна, почитувањето на законските обврски и исполнувањето на условите за безбедност на храната што се произведува, складира и става во промет.

Во периодот од јануари до август 2026 година, инспекциските служби на АХВ спровеле вкупно 74.838 инспекциски надзори. Контролите опфаќаат различни сегменти од синџирот на храна на домашниот пазар и увозот, со цел навремено откривање и отстранување на неправилностите и спречување на пласманот на небезбедна храна на пазарот. Во овој период уништени се 69.776 килограми небезбедна храна од домашниот промет и од увоз, забранет е увоз на 21.105 килограми небезбедна храна од неживотинско потекло, а во земјите на потекло се вратени пратки со вкупно 122.602 килограми храна од животинско потекло.

Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со спроведување редовни и вонредни инспекциски контроли на целата територија на државава. Приоритет остануваат заштитата на здравјето на граѓаните, спречувањето на пласманот на небезбедна храна, почитувањето на законските прописи и заштитата на правата на потрошувачите.

Агенција за храна и ветеринарство

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Скопје безбедна за пиење

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

Водата во Скопје безбедна за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 19.10.2026 до 22.10.2026 зема 159 примероци за физичко-хемиска и 159 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер