ВМРО-ДПМНЕ: Како што му пукна меурот од сапуница „мигранти за пари“, така на талогот на СДС му пука и најновата хистерија - прифаќање на француски предлог
1ВМРО-ДПМНЕ: Како што му пукна меурот од сапуница „мигранти за пари“, така на талогот на СДС му пука и најновата хистерија - прифаќање на француски предлог
3Петрушевски: СДС се плаши од функционален систем затоа се талогот на дното, „Безбеден град“ е доказ дека институциите функционираат
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
2Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
3Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
СветТрамп објави прекин на огнот, Израел се согласи под услов Иран да ги прекине нападитеАмериканскиот претседател Доналд Трамп објави прекин на огнот меѓу Иран и Израел. Иранските и израелските медиуми подоцна соопштија дека започнал прекин на огнот, но има конфузија околу прецизните детали. Утринава Израел соопшти дека идентификувал повеќе ракети лансирани од Иран при што една удрила во станбена зграда , при што загинале три лица. Иранските државни медиуми објавија дека Израел започнал нови напади врз главниот град на Иран, Техеран, во текот на ноќта. Можеби ќе ве интересира: Како се споредуваат Израел и Иран во воена сила? Според Си -Ен- Ен Катар помогна во постигнувањето на прекинот на огнот со посредување во разговорите со Иран. Израел се согласи на договорот за прекин на огнот под услов Иран да ги прекине нападите на нивната земја, Иран се согласи со тие услови изјави за Си-Ен-Ен висок функционер на Белата куќа. „Бог го благослови Израел и Иран“ Во објава на „Truth Social“, Трамп наведе дека примирјето ќе стапи на сила отприлика шест часа откако Израел и Иран ќе ги „отповикаат“ своите најнови напади. Трамп им честиташе на сите што учествувале во договорот и додаде дека војната наскоро ќе се смета за завршена. – Израел и Иран целосно се согласија дека ќе дојде до целосно и тотално примирје отприлика 6 часа од сега, кога ќе ги намалат своите тековни и последни мисии – напиша Трамп. Како што истакна Доналд Трамп, светот ќе го поздрави официјалниот крај на дванаесетдневната војна. – За време на примирјето, другата страна ќе остане мирна и почитувана. Под претпоставка дека сè ќе функционира како што треба – а ќе функционира – сакам да им честитам на двете земји, Израел и Иран, за издржливоста, храброста и интелигенцијата да го завршат она што треба да се нарече ‘Дванаесетдневна војна’ – наведе претседателот на Америка. Тој изјави дека ова била војна која можела да трае со години и да го уништи целиот Блиски Исток, но тоа не се случило, пренесуват светските медиуми. – Бог да го благослови Израел, Бог да го благослови Иран, Бог да го благослови Блискиот Исток, Бог да ги благослови САД и Бог да го благослови целиот свет – заклучи тој.Тагови: Доналд Трамп Израел Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Како што му пукна меурот од сапуница „мигранти за пари“, така на талогот на СДС му пука и најновата хистерија - прифаќање на француски предлогСо секој изминат ден СДС и нејзините челници се повеќе и појасно се препознаваат и кажуваат дека тие се талогот во општеството којшто го труе народот со песимизам, дефетизам, со тези дека ова држава нема да успее.И тоа го прават со единствена цел да се убие надежта кај народот, и таа малку што му останала по многубројните национални предавства и порази што му ги приредија токму тие, како Андреј Жерновски кои 20 години се во политика без ниту еден ден работен стаж во реален сектор. Жерновски упорно ја турка темата и шири хистерија дека се водат тајни преговори за евроинтегративниот пат на државата, иако беше демантиран од надлежните институции. Ама и таа тема, како и темата мигранти за пари ќе им пукне како меур од сапуница и ќе им остане само хистеријата и лагите. Како што лажеа државата само што не банкротира, ама еве ја две години власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија не само што не банротира туку таа економски се консолидира, инвестира во капитални проекти, зголемува плати и пензии. Така лажат и за се останато. Несудениот амбасадор и неуспешен градоначалник на Центар, можеби посакува, но ниту ќе биде прифатен францускиот предлог, којшто предавничката СДС слепо го прифати за ден повеќе да остане на власт, ниту ќе има отстапки од веќе утврдени позиции. На Македонија местото и е во Европската Унија како рамноправна членка и почитуван рамноправен партнер, со зачувано национално достоинство и национални идентитетски обележја. Така да, залудни им се обидите на талогот во СДС, кој го труе народот и сака да им ја убие надежта, да претстават дека сите се како нив и дека за власт и пари се спремни на секакви отстапки и предавства. Заедно со народот ваквите предавници во СДС, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи. Затоа што свежи се уште предавствата од СДС под раководство на Зоран Заев, кои се сега верни приврзаници на Филипче, како што е Жерновски, и тоа нема никогаш да се заборави. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаЖерновски: Владата тајно го прифаќа францускиот предлог што во опозиција го напаѓашеЖерновски потенцираше дека информациите на СДСМ не се шпекулации, туку се темелат на релевантни сознанија, а дополнително ги потврдуваат и јавните изјави на владини претставници.Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, во интервју за „Вести плус“ на Канал 5 посочи дека последните изјави на претставниците на Владата се доказ дека се водат тајни разговори за европскиот пат на државата и дека Владата се подготвува да го прифати францускиот предлог, кој две години го претставуваше како штетен за Македонија. Жерновски потенцираше дека информациите на СДСМ не се шпекулации, туку се темелат на релевантни сознанија, а дополнително ги потврдуваат и јавните изјави на владини претставници. „Вчера имавме можност да слушнеме демант кој не беше демант. Во него пишува дека СДСМ измислува дека се водат тајни преговори. Но токму министерот за надворешни работи рече дека се водат разговори „под радарот“. Не јас, не СДСМ, туку тој. Тоа го има кажано и претседателката Сиљановска“, рече Жерновски. Во интервјуто, Жерновски посочи дека Владата на ВМРО сега се обидува како успех да го претстави она што додека беше во опозиција го нарекуваше „предавство“ и токму затоа, јавноста денес е сведок на целосен пресврт во владината политика на тема евронтеграции. „Изјавите се контрадикторни. Значи, она што сега се случува, во Владата е стратегија како сега да се прикаже како победа она што до вчера беше голем пораз за Македонија, големо велепредавство од СДСМ, но сега треба да се прикаже сето тоа како победа. Нешто што е сосем спротивно од она што го зборуваа додека беа во опозиција, и со што дојдоа на власт и добија гласови“, рече Жерновски. Тој нагласи дека не станува збор за изолирани изјави, туку за низа потези кои, кои покажуваат дека Владата ја менува својата политика. „Зошто велам чекорите на Муцунски? Ова не е изолирана изјава. На оваа изјава, дека се водат преговори под радарот, следат две многу важни изјави кои што зборуваат за пресверт од 180 степени во политиката на Владата. Прв излзе Муцунски со изјава дека ние не сме северно-македонци, туку сме македонци и дека не зборуваме северно-македонски јазик, туку зборуваме македонски јазик, што е сосем спротивно тоа што зборува додека беа на опозиција. Потоа, чекор повеќе, излезе Муцунски и кажа дека протоколот не е дел од преговорачката рамка, нешто што сосема друго тврдаеа во опозиција и беше една од клучните теми врз основа на што дојдоа на власт. Сето тоа е подготвува на терен за ова што го најавивме“, рече Жерновски. Во интервјуто Жерновски нагласи дека СДСМ не внесува нервоза во процесот, туку дека Владата самата ја отвора темата со своите јавни настапи. „Ние само кажавме што се случува и дека граѓаните треба да бидат подготвени за тоа што следува.Тоа што следува е победа на политиката и визионерството на СДСМ, кое не беше лесно да се прави. Тоа беа тешки и непопуларни одлуки, меѓутоа одлуки кои што се за добробит на граѓаните, ние морваме младите да ги задржиме, тие ни бегаат надвор“, рече Жерновски.Тагови: Жерновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: СДС се плаши од функционален систем затоа се талогот на дното, „Безбеден град“ е доказ дека институциите функционираатВладеењето на правото се мери преку конкретни постапки. Секој доследно спроведен закон ја зајакнува довербата на граѓаните во институциите.Проектот „Безбеден град“ е доказ дека кога има политичка волја, професионална работа и примена на современа технологија, државата може да функционира. Кога законите важат еднакво за сите, резултатите не изостануваат. Затоа врхушката на СДС се спротивставува на сѐ што е успех. Нив ги плашат функционални институции. Тие впрочем ги градеа институциите за да можат ним да им бидат потчинети. Нив ги плаши Македонија и граѓаните да успеат. Затоа се талог и се наоѓаат на дното. На талогот во општеството не му одговараат победи, чесност, работа и систем на право и правда. Во таков систем никогаш нема да се вратат на власт, туку ќе завршат зад решетки. Затоа наместо политика и идеи, продаваат цинизам, песимизам, и недоверба кон иднината, бидејќи сакаат да го убијат духот на народот, на овој народ кој бил непокорен и кој се борел за слобода и своја држава. Нема да успеат! Македонија оди напред. Ќе победи работата. Ќе победи правдата. Бране ПетрушевскиТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter