Трамп објави дека ги укинува сите документи на Бајден, потпишани со „аутопен“ - Канал 5

Трамп објави дека ги укинува сите документи на Бајден, потпишани со „аутопен“

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ги поништува сите документи потпишани од сегашниот претседател Џо Бајден со помош на Autopen - уред за автоматско потпишување. 

Трамп објави дека ги укинува сите документи на Бајден, потпишани со „аутопен“

Трамп вели дека ова се дури 92 проценти од ваквите документи, а својот проглас го објави на социјалната мрежа Truth Social, објави WSJ.

Обвинувања за нелегална употреба на Autopen

Во својата карактеристично директна порака, Трамп ги обвини соработниците на сегашниот претседател за нелегални дејствија и му се закани на Бајден со обвиненија за лажно сведочење. Го пренесуваме целото соопштение во целост:

„Секој документ потпишан од Поспаниот Џо Бајден со Автопен, што беше приближно 92% од нив, со ова се поништува и повеќе нема никаква сила или ефект. Автопенот не може да се користи освен ако не е посебно овластен од претседателот на Соединетите Американски Држави. Радикално левичарските луди луѓе што го опкружуваат Бајден околу прекрасната Резолут Биро во Овалната соба го лишија од претседателство. Со ова ги поништувам сите извршни наредби и сè друго што не е директно потпишано од скапаниот Џо Бајден, бидејќи луѓето што го водеа Автопен го направија тоа нелегално. Џо Бајден не беше вклучен во процесот на Автопен, а ако каже дека бил, ќе биде обвинет за лажно сведочење. Ви благодариме за вашето внимание на ова прашање!“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче дебело профитираа за време на кризите

Денес Владата на ВМРО ДПМНЕ е со конкретни мерки за горивата и заштита на стандардот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче дебело профитираа за време на кризите

Кога СДС нема што да понуди им останува само политичката критика но веќе им е познато на граѓаните дека на СДС се им смета па дури и конкретни мерки за заштита на стандардот како мерките кои ги превзема Владата на ВМРО ДПМНЕ за горивата.

СДС 7 години го крадеа народот, ја распродаваа и омаловажуваа државата и ги понижуваа граѓаните. СДС и Филипче во време на криза профитираа за денес да се луксузираат на јахтите со Заев по Егејот.

За разлика од СДС и ДУИ денес нема фудбалчиња по канцелаарии, нема банди по улиците, нема марихуана економија, нема распродавање на државните интереси.

Денес Владата се грижи за животниот стандард на граѓаните и превзема конкретни мерки. Во однос на горивата мерки веќе има, намелени акцизи, и ќе се донесат и нови мерки со што наместо зголемување ќе има намалување на цената на горивото.

Владата на ВМРО ДПМНЕ продолжува да го штити стандардот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Савески: Повлекувањето на сексуалното образование не значи намалување на последиците

Невладината организација „Хера“ објаснува дека не треба да се избрзува со повлекувањето на предметот секуслано образование, бидејќи тоа е повеќе од важно во ера кога младите избираат да учат од интернет каде има многу непроверни инфомрации. 

Савески: Повлекувањето на сексуалното образование не значи намалување на последиците

Претседателот на Хера Велимир Савески објаснува дека се подготвени за разговри и со преставници од црквата и министерството за образовние за важноста на едукацијата кај младите, по примерот на речиси сите развиени земји.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

60-годишен скопјанец ја раскажа двенеделната сага со западнонилската треска по каснување од комарец

60 годишен маж од скопско Кадино, ја раскажа две неделната сага преживеана со нилската треска.

60-годишен скопјанец ја раскажа двенеделната сага со западнонилската треска по каснување од комарец

Маката започнала три дена по големото невреме во јули во Скопје. Тој расчистувал паданти дрва, кровови и верува дека тогаш бил каснат од комарец. Почнало со треска и силна главоболка, чувство на нервоза и страв, по два дена лекување дома одма отишол на инфективната клиника.

Десет дена се лекувал во болница, но излегувањето од болница значи надминување на треската, но не и на уморот. Бара редовни контроли и одмор.

Во инфективната клиника има шест пациенти, двајца се критични. Нови приеми нема. Диреркторот на клиниката Фадил Цана во вести плус на канал 5 посочи дека за да се спречат потешки последици е едукација на населението за зашитата но и навремено прскање на каналите и нивно чистење.

60 годишниот скопјанец објасни дека последен пати на клиниката бил пациент со ковид, но овој пат вирусот на нилска треска бил многу потежок. Тој со апел заштита со средства против комарци, но општините да ги одржуваат водните површини и редовно да прскаат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер