Климатските промени го избришаа земјоделскиот календар: Итни мерки на терен за спас на македонскиот домат
1Климатските промени го избришаа земјоделскиот календар: Итни мерки на терен за спас на македонскиот домат
3Пренџов: Каде е велелепниот економист на социјалдемократскиот сојуз Фатмир Битиќи, каде се Ковачевски, Оливер?
СветТрамп ноќеска ѝ воведува царини на Кина од 104% Белата куќа потврди дека од полноќ по локално време ќе бидат воведени царини од 104 отсто за кинеските производи, што ќе ја ескалира трговската војна меѓу САД и Кина.Портпаролката на Белата куќа Каролин Левит потврди дека дополнителните царини од 50 отсто за кинеските производи ќе стапат на сила вечерва во 12:01 часот по EST или во 6 часот по наше време. „Тарифите стапуваат на сила вечерва во 12:01 часот. Така, всушност, утре“, рече Левит, на прашањето дали ќе се изврши заканата на претседателот Доналд Трамп за Кина. Пораката на Трамп до Кина На дополнително прашање за евентуален договор со кинескиот претседател Си Џинпинг, Левит рече: „Претседателот верува дека Кина сака договор со САД. Кина мора да постигне договор со САД“. „Не беше погрешно да возвратат. Кога Америка ќе биде погодена, таа возвраќа посилно“, рече таа. Ескалација на трговската војна Минатата среда, Трамп објави дополнителна царина од 34 отсто за целиот кинески увоз, со што вкупните царини се над 54 отсто. Кина тогаш одговори со воведување контратарифи од 34 отсто за американските стоки. Трамп потоа предупреди дека ќе додаде уште 50 отсто од тарифите доколку Кина не ги повлече контрамерките до денес. Кина не го стори тоа, така што вкупната царинска стапка за кинески увоз во САД сега ќе биде 104 проценти. Кина денеска соопшти дека нема да попушти пред ултиматумот на Трамп да се откаже од реципрочните мерки за првичните дополнителни царини на Трамп од 34 отсто.Тагови: Доналд Трамп Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПартиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34
МакедонијаКлиматските промени го избришаа земјоделскиот календар: Итни мерки на терен за спас на македонскиот доматКлиматските промени нема треба да бидат причина да ги снема доматите, крставиците и другите култури кои се белег на македонскиот пазар и да се заменат со нови, објаснува професторот од Земјоделскиот факултет Ордан Чукалиев експерт за климатски промеЗа да се зачува земјоделството, но и да има добар принос мора да има вложување во нови технологии и нови сорти што ќе бидат многу поскапи. Затоа се потребни мерки и акција на терен не на хартија, бидејќи земјоделците се мали со ниска економска моќ, потенцира професорот. „Во исто време тие треба да вложат во опрема која ќе ги заштити од високите температири опрема што ќе ги оросува, ќе треба да инвестираат и во опрема за мраз. „Не верувам дека имаме време, затоа мислам дека мораме да дејстуваме што е можно со техничките мерки, бидејќи ако се скапи ќе бидат најбрзи. Она што е важно земјоделците да ги научат новите лекции, да добијат ново знаење, некогашниот земјоделски календар го сменија климатските промени, повеќе не важи и затоа има и големи штети. „Порано се знаело на крај на април се сее пченка, сите тие работи кои што ги врзуваме со дати сега има друга состојба со темпратурите. Значи календарот на важи и на земјодлеците треба да им се дадат нови знаење“, вели Чукалиев. Јунските високи температури донеса голем удар на европската економија во делот на работната сила и потрошувачката на енергија. Европа во иднина мора да направи инвестиции во делот на адаптацијата и инфрастурктурата со цел да се намалат загубите, велат економистите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИнтерконекторот со Грција готов до пролет – се гради со сопствени пари без кредитиВладата очекува во првиот квартал следната година гасниот интерконекрот со соседна Грција да биде готов. Премиерот Христијан Мицкоски задоволен од динамиката, вели се што се реализира се прави со сопствени средства без заеми и кредити, а дополнително како што рече започната е и постапката за израдба на интреконекторот со соседна Србија, односно од страна на НОМАГас вели распишан е тендер за избор на изведувач. Мицкоски вели парлаелно со ова работат и на рестартирање на три нови прокети – и тоа гасоводот кој треба да ги поврзе Велес со Штип, оној од Гостивар до Кичево и една отсечка ќе биде извлечена пред Тетово која ќе оди до Косово. „Во првиот квартал од следната година очекувам да се синхронизира целосно нашиот национален со грчкиот национален гасоводен систем, веќе е објавен од страна на НОМАГАс интерконекторот со Србија така што сето тоа кое ние го зброуваме се реалзизира и сето тоа го правиме со сопствени средства. “ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада. За интерконекторот со Грција, вчера министерката за енергетика Сања Божновска оствари средба со НОМАГАС и претставници од грчкиот оператор на гасниот преносен систем, на која се разговарало за следните чекори во реализацијата. Од ресорното министерство велат гасоводниот интерконектор претставува клучна инвестиција во енергетската иднина на Македонија. Според надлежните со негова реализација, државата ќе обезбеди пристап до нови извори на природен гас, ќе ја зајакне сопствената енергетска сигурност и ќе го унапреди своето позиционирање во регионалната и европската енергетска инфраструктура. Тагови: гас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПренџов: Каде е велелепниот економист на социјалдемократскиот сојуз Фатмир Битиќи, каде се Ковачевски, Оливер? Каде е велелепниот економист на социјалдемократскиот сојуз Фатмир Битиќи, каде се Ковачевски, Оливер? Оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ е 3,5 пати поуспешна од минатата влада на СДС.На денешната седница на Комисијата за финасирање и Буџет се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов кој што истакна дека пратениците на СДС ги нема на седницата, ги нема Фатмир Битиќи, Ковачевски и Оливер. „Почитувана колешке, најпрво го почитувам фактот што излеговте да зборувате на тема ребаланс на Буџет и сметам дека не е срамота тоа што кажувате 7,000, 26 милијарди, 1057 милијарди. Срамота е на тие што разбираат бројки и не се тука. Срамот не оди на вас, оди на нив. Колку можевте се обидовте од тоа што сте го слушале да кажете некоја флоскула реченица. Тие се шверцерски, душмански, тие се зборовите, ги знаеме. Но клучно прашање е каде е велепниот економист на социјалдемократскиот сојуз и вашата пратеничка група Фатмир Битиќи“ кажа Пренџов и додаде: „Главата ни ја однесе овдека. Каде е Гордана? Каде е министерката? Зошто се крие? Зошто бега? Еве ја министеркава е тука, него го нема. Лани исто беше. Каде е министерката? Зошто се крие? Зошто бега? Дојде на буџет она стаса, тој во Тајван отиде. Тој треба да дојде да каже и да го нападне буџетот ако има аргументи. Затоа ви кажувам почитувам тоа што сте излегле, но тоа не ја отсликува реалноста на макроекономијата и на финансиските текови во рамки на Буџетот на Република Македонија.“ нагласи Пренџов. Пренџов упати прашање каде се Ковачевски, Оливер, Битиќи и останатите „економисти“ на СДС. ''Каде е Таче да каже нешто? Ковачевски беше премиер, беше министер за финансии, заменик министер за финансии го нема. Каде е Оливер? Учествуваше во изработката на 12 буџети. Го нема нешто да каже, молчи. Секогаш тоа ви го зборувам просечниот раст на економијата на БДП то, тоа е основна бројка во Буџетот и од таа бројка потоа се прави се во државата и приходи и расходи и проекции се од БДП-то бруто домашен производ. Вашиот просек е 1,1% по просек сте растеле секоја година тие 7 години 2017, до 24 односно 18та 23,1%“ нагласи Пренџов. Пренџов истакна дека оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е три пати поуспешна од минатата влада на СДС. „Да немало влада само да била економијава повеќе растела. Денес расте 35, 36, 37, 34 или 3 и пол пати повеќе. Дали е малку тоа што оваа Влада е три ипол пати поуспешна од вашата? Можеби и малку, бидејќи за овој пустош треба и повеќе и се надевам дека ќе биде во иднина и повеќе. И тука тоа да го расчистиме со деминутивот трета економија во свет. Никој не вика дека ние сме појаки од Германија, од Италија. Тоа е нормално. Правиме муабет колку расте БДПто. БДП-то ви покажува на колку добар пат сте и ние сме на добар пат. Вака да сме растеле по 3 и кусур цело време уште од 2015 од кога почнаа политичките процеси во Република Македонија на сметка на економските сега ќе сме имале БДП 30 милијарди. Затоа почитувана колешке еве се обидувам помалку бројки да зборувам повеќе да биде политички бидејќи така вие настапивте. Сублимирам, почитувам тоа што излеговте. Не се тие бројките, не е таа состојбата. Тие се флоскулите за напад. Тоа е ваше, но состојбата е сосема различна“ заклучи Пренџов. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter