3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
СветТрамп: Нема можност за избори во Венецуела во следните 30 дена, мора да ја вратиме земјата во добра состојбаНе може да има избори во Венецуела сè додека не се поправат работите во земјата, изјави американскиот претседател Доналд Трамп за „Ен-би-си њуз“. Тој не очекува одржување на избори во наредните 30 дена, што според венецуелскиот устав е и крајниот рок за нивнo одржување во случај на отсуство на претседателот. Американската операција во Венецуела синоќа предизвика жестоко соочување на итниот состанок на Советот за безбедност на ОН. Каракас потегот на САД го оцени како нелегален напад и грубо кршење на меѓународното право . со барање за ослободување на Николас Мадуро се приклучија и Русија и Кина, додека американскиот амбасадор Мајк Волц апсењето го опиша како легитимна операција за спроведување на законот и борба против наркотероризмот. -Венецуела е жртва на овие напади како резултат на нејзиното природно богатство. Нафтата, енергијата, стратешките ресурси и геополитичката позиција на нашата земја историски се фактори на алчност и надворешен притисок. Се соочуваме со логика што се однесува на најлошите практики на колонијализмот и неоколонијализмот. Самуел Монкада – амбасадор на Венецуела во ОН. - Мадуро не е само обвинет трговец со дрога. Тој беше нелегитимен таканаречен претседател. Тој не беше шеф на држава. САД нема да отстапи во своите акции за заштита на Американците од неволјата на наркотероризмот и се стремиме кон мир, слобода и правда за големиот народ на Венецуела. Мајк Волц – амбасадор на САД во ОН. Мадуро, вчера пред федералниот суд во САД изјави дека не се чувствува виновен и дека сè уште се смета за претседател на својата држава. Неколку часа подоцна се огласи и венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо, која изрази благодарност за акцијата на Трамп. Добитничката на Нобеловата награда за мир апсењето на Мадуро го нарече „огромен чекор за човештвото“. -Во име на венецуелскиот народ, сакам да изразам благодарност за неговата (на Трамп) храбра визија, историските акции што ги презеде против овој наркотерористички режим. Паралелно, растат и стравувањата во Гренланд, откако Трамп најави дека и други земји би можеле да станат цел на американска интервенција. Граѓаните велат дека по случувањата во Венецуела, изјавите на Трамп за неговите аспирации кон Гренланд ги сфаќаат многу посериозно. Марија Корина Мачадо – опозициска лидерка на Венецуела. Мора да се зборува малку по сериозно. Ова и нас не става во мисла, што може да смисли сега, кога го направи тоа што го направи во Венецуела.. Ме шокираше, бидејки се надевав дека заборавил на нас, но очигледно тој го мисли тоа сосема сериозно, што не е баш кул.. -Можам да ја разберам загиженоста кај дел од граѓаните, но ние во моментов соработуваме и сакаме да ја создадеме или повторно да ја започнеме добрата соработка што претходно ја имавме со САД.. Јенс-Фредерик Нилсен – премиер на Гренланд. Данската премиерка Фредериксон оцени дека евентуален напад на САД врз друга земја-членка на НАТО би значел крај на самата алијанса. Со слично предупредување вчера излезе и Европската комисија, нагласувајќи дека безбедносните интереси не смеат да се користат како изговор за анексија на Гренланд. Ваквата идеја Трамп веќе повеќепати ја изнесуваше во јавноста, нудејќи дури и откуп на територијата, без целосно исклучување на можноста за употреба на воена сила..Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаСДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот. Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи. Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања. Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски? СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте. Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП. Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканАвтобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата. Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари. Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата. „Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook