Трамп: Некој од внатрешноста на Иран е подобар наследник на Хамнеи од Пахлави - Канал 5

Трамп: Некој од внатрешноста на Иран е подобар наследник на Хамнеи од Пахлави

Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли прогонетиот престолонаследник на последниот ирански шах Реза Пахлави како потенцијален наследник на неодамна елиминираниот врховен водач Али Хамнеи.

Трамп: Некој од внатрешноста на Иран е подобар наследник на Хамнеи од Пахлави

Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли прогонетиот престолонаследник на последниот ирански шах Реза Пахлави како потенцијален наследник на неодамна елиминираниот врховен водач Али Хамнеи, аргументирајќи дека „некој од внатрешноста“ на Иран би можел да биде подобар избор.

Во изјава за новинарите во Овалната соба, Трамп рече дека многу ирански официјални лица кои неговата администрација ги гледала како потенцијални нови лидери на земјата, биле убиени во американско-израелската кампања во која загинаа иранскиот врховен водач Али Хамнеи и многу други високи функционери.

Трамп јавно не идентификуваше никого кого го смета за веродостоен иден лидер на Иран. Нејасно е каков контакт, доколку воопшто го имало, остварила Белата куќа со иранските официјални лица откако почна војната, пренесе Тајмс оф Израел.

- Повеќето од луѓето што ги имавме на ум се мртви. Сега имаме друга група, можеби и тие се мртви, судејќи според извештаите. Така што, доаѓа трет бран. Набрзо нема да познаваме никого, рече Трамп во разговор со новинарите во Овалната соба.

Синот на убиениот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, Моџтаба Хамнеи е фаворит за наследник на својот татко како следен шеф на Исламската Република, според извештајот на Њујорк Тајмс, во кој се вели дека високите верски лидери задолжени за избор на следниот врховен водач би можеле да ја објават својата одлука веќе утрово.

Цитирајќи ирански официјални лица запознаени со дискусиите, извештајот наведува дека свештениците имаат одредени резерви околу прогласувањето на Моџтаба Хамнеи за врховен водач, стравувајќи дека тоа би можело да ја зголеми веројатноста тој да биде цел на САД и Израел.

Трамп изјави дека Реза Пахлави, синот на поранешниот шах, кој се обидува да се позиционира за враќање доколку падне иранската шиитска теократија, не е личност која неговата администрација длабински ја разгледувала за преземање на водството во Иран.

- Ми се чини дека некој од внатре, можеби, би бил посоодветен – рече Трамп, додавајќи дека би имало смисла да се појави „некој што е таму, кој во моментов е популарен, доколку постои таква личност“.

Коментарите на Трамп дојдоа додека тој беше домаќин на германскиот канцелар Фридрих Мерц, што е негов прв личен ангажман со странски лидер откако САД и Израел ја почнаа војната против Иран.

Трамп рече дека сака да го избегне „најлошото сценарио“ во кое „некој презема власт кој е подеднакво лош како претходната личност“.

- Тоа би можело да се случи. Не сакаме тоа да се случи. Минувате низ сето ова, и потоа по пет години сфаќате дека сте поставиле некој кој не бил ништо подобар – додаде американскиот претседател.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните.

Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот.

Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните.

-Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“.

Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан Дистрибуција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Реакција на прес-конференција на СДСМ

Добро е што Кузеска дава признание што од брусење шахти и казни на тие кои не употребуваат Северна, стигнавме денес и европските челници да употребуваат македонски идентитет и култура

ВМРО-ДПМНЕ: Реакција на прес-конференција на СДСМ

Прес-конференцијата на Богданка Кузеска каде посочува дека Урсула фон дер Лајен употребува македонски јазик, култура и идентитет, со оглед на фактот што доаѓа од партијата позната по тоа што кога беше на власт ги брусеше капаците од шахтите зошто имале сонце, ја разбираме единствено како големо признание на оваа Влада која од состојба каде Заев како премиер ги корегираше и казнуваше сите кои не употребуваат Северна дојдовме до ситуација европските челници да ја прифатат придавката македонски и да се јакне македонскиот идентитет.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер