Трамп: Не планирам да ја продолжам паузата од 90 дена за воведување на царините - Канал 5

Трамп: Не планирам да ја продолжам паузата од 90 дена за воведување на царините

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не планира да ја продолжи 90-дневната пауза на царините за повеќето земји по рокот за преговори на 9 јули.

Трамп: Не планирам да ја продолжам паузата од 90 дена за воведување на царините

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не планира да ја продолжи 90-дневната пауза на царините за повеќето земји по рокот за преговори на 9 јули и дека неговата администрација ќе ги извести земјите дека трговските санкции ќе стапат на сила доколку не се постигне договор.

Трамп вчера во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека известувањата за царини ќе почнат да се испраќаат до земјите со кои не е постигнат договор „прилично брзо“ како што се приближува рокот за преговори.

- Ќе видиме како земјата ќе се однесува кон нас, дали ќе се однесува добро кон нас или не толку добро. Не сме заинтересирани за некои земји, само ќе испратиме многу писма, рече Трамп.

Во писмата, рече Трамп, ќе пишува - „честитки, ви дозволуваме да купувате во Соединетите Држави, ќе плаќате 25 проценти, или 35 проценти, или 50 проценти, или 10 проценти царини“.

Трамп додаде дека преговорите за царините ќе продолжат, но дека „има 200 земји“ и дека „не можете да разговарате со сите“.

Зборувајќи за односот со Кина, Трамп го пофали неодамнешниот трговски договор постигнат со Пекинг за извоз на ретки земни метали од Кина и рече дека воспоставувањето порамноправен однос меѓу двете земји би барало значителни тарифи.

- Мислам дека доброто сложување со Кина е многу добра работа. Кина ќе плати многу тарифи, но имаме голем (трговски) дефицит, тие го разбираат тоа, рече Трамп.

Тој додаде дека би бил отворен за укинување на санкциите за испораките на иранска нафта во Кина доколку Иран покаже „дека може да биде мирен“ и доколку покаже, САД „нема да нанесат поголема штета“.

Трамп посочи и дека САД не се плашат од одмазда од Пекинг, а на коментарот на водителот на „Фокс њуз“ дека Кина се обидела да хакира американски системи и да украде интелектуална сопственост, Трамп одговори: „Зарем не мислите дека ние им го правиме тоа?“

Американскиот претседател повтори дека САД „уништиле“ ирански нуклеарни објекти во воздушни напади и додаде дека секој што е вклучен во протекувањето на прелиминарна разузнавачка проценка за таа акција до медиумите, која сугерираше дека нуклеарната програма на Техеран била вратена само неколку месеци назад, треба да биде гонет.

Трамп рече дека Иран бил „на неколку недели“ од стекнување нуклеарно оружје пред тој да нареди воздушни напади.

- Беше збришано како што никој досега не видел. И тоа значеше крај на нивните нуклеарни амбиции, барем засега, рече Трамп.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, денеска во објава на платформата „X“ изјави дека Трамп „претерува“ кога зборува за нуклеарната програма на Иран, „за да ја прикрие и скрие вистината“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитреиска -Кочоска во работна посета на САД, учество на состаноци на Светскиот економски форум во Њујорк

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е во работна посета на Соединетите Американски Држави (САД).

Димитреиска -Кочоска во работна посета на САД, учество на состаноци на Светскиот економски форум во Њујорк

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е во работна посета на Соединетите Американски Држави (САД), каде што ќе учествува на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“ (Sustainable Development Impact Meetings 2026), организирани од Светскиот економски форум.

Министерката ќе учествува на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“.

На сесијата ќе се дискутира за предизвиците и можностите за економски раст во новите глобални услови, со посебен фокус на енергетската сигурност, инвестициите, одржливоста и конкурентноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта

Македонската делегација на чело со премиерот Христијан Мицкоски, учествуваше на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше претседателот на Европскиот совет.

Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта

„Учество на седницата во рамки на Генералното собрание на Обединетите нации, со која претседаваше претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Момент на важни разговори и размена на ставови за прашања од глобално значење, во рамки на највисоката меѓународна платформа за дијалог и соработка“- објави Мицксоки на Фејсбук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска со младите добитници на „Инженерскиот прстен“: Вашите идеи се енергија за развојот на Македонија

 Божиновска и годинава се сретна со најдобрите млади инженери.

Божиновска со младите добитници на „Инженерскиот прстен“: Вашите идеи се енергија за развојот на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и годинава се сретна со најдобрите млади инженери – добитници на престижното признание „Инженерски прстен“, разговарајќи со нив за нивните идеи, интереси, проекти и визијата за професионалната иднина.

Младите инженери пред министерката ги претставија областите во кои се развиваат, проектите во кои се вклучени, темите што ги мотивираат, но и своите очекувања за професионалниот развој и можностите преку кои своето знаење и експертиза можат да ги стават во функција на развојот на земјата.

Божиновска ги охрабри младите инженери да не застануваат тука – да продолжат да учат, да создаваат, да иновираат и храбро да ги претвораат своите идеи во решенија што ќе придонесат за развојот на државата.

„Секоја држава има потреба од знаење, но уште повеќе има потреба од млади луѓе кои знаењето знаат да го претворат во идеи, а идеите во конкретни решенија. Вашиот успех не е само личен успех – тој е и потенцијал за напредок на Македонија. Затоа, никогаш не престанувајте да прашувате, да истражувате и да создавате. Вратите на Министерството се отворени за младите, за нивните идеи, иницијативи и проекти, порача министерката Божиновска.

На средбата се разговараше и за можностите за поголемо поврзување на младите инженери со институциите, за нивното учество во идни проекти и за создавање услови нивното знаење и иновативност да бидат дел од развојните процеси во земјата.

Министерката посочи дека токму ваквите средби се можност институциите директно да слушнат што размислуваат младите, со какви предизвици се соочуваат и какви можности очекуваат.

„Ни требаат млади инженери кои ќе останат храбри во своите идеи и упорни во нивната реализација. Државата мора да создава простор за нивниот развој, а институциите да бидат нивен партнер. Сакам младите да знаат дека имаат место, можност и соговорник во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.“

Како симболичен поттик за нивните досегашни достигнувања и идните професионални успеси, Божиновска на младите инженери им додели посебни признанија за инженерски потенцијал и развој, со порака да продолжат по патот на знаењето, иновациите и професионалниот успех.

Признанијата „Инженерски прстен“ годинава се доделуваат по 23. пат, а досега со ова престижно признание се закитиле вкупно 257 инженери.

Годинашни добитници се Марта Митева, Арбана Касами, Антонио Томески, Јане Коцески, Мила Саздова, Огнен Пендаровски, Марија Симоновска, Никола Петровски, Михаил Трајков, Мила Чолакоска, Стефана Димитриеска, Симеон Наловски, Стефан Спасов и Тамара Атанасова, од Архитектонскиот, Факултетот за применети науки при Универзитетот во Тетово, Градежниот, Машинскиот, Технолошко-металуршкиот, ФЕИТ, Факултетот за земјоделски науки и храна, ФИНКИ, ПМФ, Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Техничкиот факултет при УКЛО, Факултетот за информатички и компјутерски технологии при УКЛО и Факултетот за природни и технички науки и Факултетот за информатика при УГД.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува отворено за младите – за нивните знаења, идеи и енергија, како важен дел од создавањето на модерна, иновативна и развојна Македонија.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер