СДСМ: До каде е истрагата за влезот на влезот на српската медиумска машинерија, да не биде лага од Мицкоски?
2СДСМ: До каде е истрагата за влезот на влезот на српската медиумска машинерија, да не биде лага од Мицкоски?
СветТрамп: НАТО не помага, иако зависи од Ормутскиот теснец- Јапонија нѐ поддржуваПретседателот Доналд Трамп денеска им изјави на новинарите во Белата куќа дека е задоволен од нивото на поддршка што го видел од Јапонија во врска со воената акција на САД во Иран.Тој го спореди ова со европските сојузници, кои беа помалку гласни во својата поддршка за време на ескалацијата на конфликтот, пишува CNN. „Имавме огромна поддршка и однос со Јапонија во сè“, рече Трамп за време на билатералната средба со јапонскиот премиер Санае Такаичи. „И верувам дека според изјавите што ни ги дадоа вчера и завчера, во врска со Јапонија, тие навистина преземаат одговорност, да“. Потоа додаде кратка забелешка: „За разлика од НАТО“. Јапонија и европските земји ги осудија иранските напади врз бродови Порано денес, група европски земји и Јапонија издадоа заедничка изјава во која ги осудуваат нападите на Иран врз трговски бродови во Заливот и виртуелното затворање на Ормутскиот теснец, додавајќи дека се подготвени да придонесат за „соодветни напори за обезбедување безбеден премин низ теснецот“. Трамп го критикуваше НАТО за тоа што не ги поддржува целосно напорите на неговата администрација во Иран, велејќи им на новинарите во вторникот дека мисли дека алијансата „прави многу голема грешка“. Подоцна, претседателот рече дека очекува Јапонија да „заземе поголема улога“, истакнувајќи ја зависноста на земјата од Ормутскиот теснец за увоз на нафта. „А во случајот со НАТО, тие не сакаат да ни помогнат да го одбраниме теснецот, иако тие се оние на кои им е потребен“, рече тој. „Но, сега се многу поприлагодливи бидејќи го гледаат мојот став. Но, што се однесува до мене, веќе е предоцна“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
МакедонијаНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.Секторот за санитарна контрола во периодот од 24.08.2026 до 27.08.2026 зема 164 примероци за физичко-хемиска и 164 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: До каде е истрагата за влезот на влезот на српската медиумска машинерија, да не биде лага од Мицкоски?До каде е истрагата за сомнителниот влез на српската медиумска машинерија во Македонија?Да не биде ова уште еден блеф и стандардна лага на Мицкоски за смирување на јавноста? По предупредувањата на македонските телевизии и реакциите на СДСМ беше соопштено дека Финансиската полиција отворила предмет, а АВМУ ја запрела постапката. Но, што се случува оттогаш? Дали институциите навистина истражуваат? До каде е предметот? Што е утврдено досега? Или Мицкоски само купува време додека јавноста заборави? СДСМ внимателно го следи случајот. Нема да дозволиме мачкање очи и затворање на предметот во фиока. Со месеци СДСМ предупредува дека Мицкоски, по рецептот на Вучиќ, се обидува да воспостави медиумска контрола и во Македонија. Преку Еуроњуз и Ало, српската медиумска машинерија влегува во земјата на начин за кој се отворија сериозни сомнежи дека се заобиколуваат македонските закони. Задолжените за пропаганда се веќе спремни, Началникот Латас и Ивона Талеска. Кога нема резултати, кога нема пари во Буџетот, нема подобар живот, а европската перспектива се блокира, на власта ѝ е потребна пропаганда. Да нема критика. Да нема незгодни прашања. Да нема одговорност. Да има само пропаганда и контрола. СДСМ отсекогаш се борел за демократско општество, слободни медиуми и слобода на говорот. Даваме целосна поддршка на независните медиуми и новинари во Македонија. Ние веќе еднаш се боревме против медиумскиот мрак, во 2015 година. Нема да дозволиме Македонија повторно да се врати во времето на Груевски. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
БалканТатко во Црна Гора го прегазил синот, сведочел дека детето паднало од покрив и починало22 годишен маж во Беране Црна Гора е уапсен од полицијата откако лажно сведочел дека неговото дете паднало од помошен монтажен објект и починало.Полицијата била известена дека детето било донесено во здравствена установа каде била констатирана само смрт. Докторите повикале полиција и за случајот бил известен јавен обвинител каде побарал обдукција на телото на детето. Инспекторите се посомневале во исказот на таткото каде детално го обработиле местото на несреќата, и бил даден автомобилот на 22 годишниот маж на вештачење. „Според собраните информации, утврдено е дека таткото на детето, како што се верува, додека излегувал од гаражата со својот автомобил, го удрил детето, поради што починало“, соопшти црногорската полиција..Тагови: Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44