Трамп: Наскоро ќе испраќаме податоци и ќе има договор за минерали со Украина (ВИДЕО) - Канал 5

Трамп: Наскоро ќе испраќаме податоци и ќе има договор за минерали со Украина (ВИДЕО)

Соединетите Држави наскоро треба да продолжат со размената на разузнавачки информации со Киев, им потврди на новинарите американскиот претседател Доналд Трамп во авионот Air Force One.

Трамп: Наскоро ќе испраќаме податоци и ќе има договор за минерали со Украина (ВИДЕО)

Директорот на ЦИА Џон Ретклиф во средата објави дека Соединетите Држави го прекинале споделувањето разузнавачки информации со Украина. Овој потег уследи по одлуката на Вашингтон веднаш да ја замрзне сета воена помош за Украина.

Според Ројтерс, на прашањето дали ќе стави крај на суспензијата на споделување разузнавачки информации, Трамп им рече на новинарите: „Само што не сме го направиле тоа, Само што не сме“.

Трамп, исто така, рече дека е оптимист за претстојните разговори меѓу американските и украинските претставници во Саудиска Арабија. Делегациите ќе се сретнат утре во градот Џеда за да разговараат за рамката за потенцијалниот мировен договор меѓу Украина и Русија.

Паузата во размената на разузнавачки информации ги направи украинските цивили поранливи на смртоносните руски воздушни напади. Њујорк Тајмс (NYT) објави дека замрзнувањето може да влијае на клучните предупредувања за влезните руски беспилотни летала и ракети.

Во деновите по стапувањето во сила на замрзнувањето, Русија изврши ракетни напади врз градовите Кривји Рих и Добропил, при што загинаа 15 луѓе, а беа повредени повеќе од 80. Според Зеленски, Русија лансирала речиси 1.200 воздушни бомби, речиси 870 нападни беспилотни летала и повеќе од 80 проектили во Украина во текот на минатата недела.

Трамп вчера изјави дека верува оти Украина ќе потпише договор за критичните минерали со САД, нагласувајќи дека тој исто така сака да види индиции дека Киев е подготвен за мир. „Тие ќе потпишат договор за минерални суровини, но јас сакам да сакаат мир... Тоа не го покажаа онолку колку што треба“, предупреди тој.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдена поддршката на Полска за европскиот пат на Македонија

Денеска во Собранието, Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Полска одржа средба со потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовња и делегацијата.

Потврдена поддршката на Полска за европскиот пат на Македонија

На средбата покрај претседателката на Групата, Даниела Николова, присуствуваа и членовите: Оливер Спасовски, Весна Бендевска, Жан Дрвошанов и Драгана Бојковска.

Претседателката на Групата, Николова, им посака добредојде на потпретседателот Холовња и на членовите на полската делегација, изразувајќи задоволство од можноста за средба и размена на мислења. Таа ги истакна добрите и пријателски односи меѓу Република Македонија и Република Полска, нагласувајќи ја потребата од нивно натамошно продлабочување и унапредување.

Потпретседателот на полскиот Сејм, Холовња, се заблагодари за топлото добредојде потврдувајќи ја полската поддршката на патот кон ЕУ. Тој истакна дека земјата има значајно искуство во надминувањето на предизвиците и изнаоѓањето решенија за сложени прашања, изразувајќи надеж дека во блиска иднина ќе се надминат и отворените прашања со Република Бугарија.

Соговорниците ја истакнаа досегашната соработка помеѓу двете земји во областа на економијата, туризмот и образованието, исто така, беше нагласена и потребата од нејзино проширување и продлабочување во повеќе сектори и тоа не само на ниво на билатерална соработка туку и на ниво на работни тела/комисии бидејќи тие се сржта на парламентаризмот.

Томаш Глоговски, претседателот на Пратеничката група за соработка Полска – Балкан во полскиот Парламент, ја потврди поддршката за европските интеграции на Република Македонија. Тој истакна дека ги разбира предизвиците со кои се соочува земјата во моментот на евроинтегративниот пат, изразувајќи надеж дека во блиска иднина ќе се најде заемно прифатливо решение.

На крајот на средбата, соговорниците изразија подготвеност за продолжување на соработката преку интензивирање на меѓусебните контакти и размена на искуства, со цел зајакнување на билатералните односи и продлабочување на пријателските врски меѓу двете земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Приказни што оживуваат“: Децата го истражуваат надреалистичкиот свет на Салвадор Дали

Креативниот центар „Сончогледи“ продолжува со реализација на циклусот креативни работилници „Приказни што оживуваат – уметност, литература и пантомима за деца“, поддржан од Град Скопје. 

„Приказни што оживуваат“: Децата го истражуваат надреалистичкиот свет на Салвадор Дали

Второто издание од циклусот ќе биде посветено на Салвадор Дали, еден од највпечатливите претставници на надреализмот, чие творештво ја истражува границата меѓу реалноста, соништата и фантазијата.

Работилницата наменета за деца и млади над 6 години ќе се одржи во четврток, 29 октомври, со почеток во 18 часот, во просториите на креативниот центар „Сончогледи“, во Т.Ц. Олимпико, Тафталиџе.

Преку раскажување, набљудување и анализа на уметнички дела, децата и младите ќе се запознаат со животот и творештвото на Дали, неговиот необичен уметнички израз и светот на надреалистичката имагинација. Дел од неговата лична приказна ќе биде претставен преку глума и пантомима, со што литературата, ликовната уметност и сценскиот израз ќе се поврзат во едно интерактивно креативно искуство.

Практичниот дел од работилницата ќе биде посветен на сликањето со акрилни бои. Инспирирани од надреалистичките визии на Дали, учесниците ќе создаваат сопствени дела, експериментирајќи со формите, боите и неочекуваните комбинации. На тој начин, преку непосредно искуство и слободно творештво, ќе имаат можност да ја развиваат својата визуелна перцепција, креативно размислување и личен уметнички израз.

Циклусот „Приказни што оживуваат“ има за цел да им овозможи на децата и младите да ја доживеат уметноста како простор за истражување, прашања, имагинација и сопствено творештво, поврзувајќи ги литературата, ликовната уметност и пантомимата на пристапен и инспиративен начин.

Работилницата ќе ја водат Марина Туфекчиевска, комуниколог и дипломиран филолог по општа и компаративна книжевност; Кристина Таневска, визуелен уметник, ликовен педагог – вајар и магистер по сликарство; и Метo Јанакиевски, историчар на уметност и пантомимичар.

Учеството на работилницата е бесплатно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полициските службеници изминатите три дена констатираа 2720 сообраќајни прекршоци

Лишени од слобода 67 лица за безобѕирно управување на возило.

Полициските службеници изминатите три дена констатираа 2720 сообраќајни прекршоци

Во текот на изминатите три дена (23/24/25.10.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 2720 издадени платни налози, 1360 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 67 лица, од кои седум за возење под дејство на алкохол, 21 за возење без возачка дозвола, осум поради претходно изречена забрана за управување со возило, три поради возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, а едно лице поради возење со брзина поголема од дозволената надвор во населено место.

Во истиот период одземени се 27 возила по член 300-б од Кривичниот законик.

Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите три дена евидентирани се 328 прекршоци за неправилно паркирање, како и 57 санкции за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 33 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем. Исто така санкционирани се 239 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 23 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а четири заради техничка неисправност. Санкционирани се и осум возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер