Николоски: Од денеска Аустриан Ерлајнс лета Виена – Охрид, голем чекор за развој на охридскиот аеродром
1Николоски: Од денеска Аустриан Ерлајнс лета Виена – Охрид, голем чекор за развој на охридскиот аеродром
СветТрамп: Наскоро доаѓаат добри вести за завршување на војната во Украина Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека неговата администрација наскоро би можела да има добри вести за своите напори за завршување на речиси четиригодишната војна во Украина.„Мислам дека се справуваме многу добро со Украина и Русија. Ова е прв пат да го кажам тоа. Мислам дека можеби имаме добри вести“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба на Белата куќа. Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф ќе присуствува на разговорите со руските и украинските делегации во Абу Даби, соопшти вчера Белата куќа. Зеленски претходно објави дека следната рунда трилатерални разговори меѓу Украина, САД и Русија за завршување на војната во Украина ќе се одржи на 4 и 5 февруари во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека одложувањето на втората рунда мировни преговори за Украина во Абу Даби е резултат на несогласувања во распоредот на делегациите и дека нови разговори ќе се одржат на 4 и 5 февруари. На претходната средба во Абу Даби од 23 до 24 јануари, фокусот на разговорите беше на прекин на војната и продолжување на мировниот процес. Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Од денеска Аустриан Ерлајнс лета Виена – Охрид, голем чекор за развој на охридскиот аеродромНа Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утрово слета првиот авион на „Аустриа Ерлајнс“, со што и официјално започна да функционира новата редовна авиолинија Виена – Охрид.Линијата ќе се реализира двапати неделно, секој четврток и недела, со што Охрид и охридското крајбрежје добиваат директна поврзаност со уште една европска дестинација. Воведувањето на оваа линија има огромно значење за развој на охридскиот аеродром, бидејќи аеродромот во Виена е еден од најголемите европски хабови и еден од најважните воздушни центри во Централна и Источна Европа, со преку 200 конектинг летови во 66 држави низ Европа, Северна Америка, Азија и Африка, што подразбира поврзување на Охрид со преку шеесетина земји низ светот. Дополнителено значење има фактот што оваа линија ја оперира Аустријан Ерлајнс, една од топ десетте најголеми авиокомпании во Европа, што ја потврдува сериозноста на инвестицијата и квалитетот на услугите што се нудат кон патниците. Со ова, од охридскиот аеродром се реализираат вкупно 16 авиолинии, од кои 13 се редовни и 3 чартер линии, што претставува значително проширување на мрежата на дестинации достапни за граѓаните и посетителите. Новата линија кон Виена, како и претходно воспставените ќе придонесат за привлекување на поголем број странски туристи, нови инвестиции, како и за економски раст и развој на Охрид и охридскиот регион. Македонија денеска е препознаена на мапата на бројни тур-оператори и авиокомпании. Со активните мерки за поддршка го развиваме авиосообраќајот, го зголемуваме туристичкиот потенцијал на државата и обезбедуваме поквалитетни и подостапни услуги за граѓаните. Како резултат на владините политики, директно се отворени 28 нови авиодестинации. Стратешка определба на Владата е целосно да ги искористи капацитетите на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид, преку проширување на мрежата на дестинации, привлекување нови авиокомпании и обезбедување поквалитетни услуги за патниците. Паралелно, во тек е целосна реконструкција на охридскиот аеродром со цел унапредување на неговите капацитети, подобрување на инфраструктурата и создавање услови за понатамошен раст на авиосообраќајот и бројот на патници. Целта е годинава преку двата македонски аеродроми да се опслужат повеќе од 3,5 милиони патници, а во наредните години таа бројка да надмине 4 милиони патници. Со реализација на мерките за финансиска поддршка за привлекување на нови компании, на граѓаните им овозможуваме полесно и побрзо патување до европските метрополи, што директно придонесува за развојот на економијата, образованието, културата, здравството и туризмот. Министерство за транспорт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖежок прв летен ден- температурите до 37 степени 08:39До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07Мицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48Мицкоски од Карпош: Започна изградбата на нова детска градинка „Пролет“11:59ИЈЗ: Потврден прв случај на зика вирусот во земјава, пациентот се заразил на Малдивите08:20
До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
Мицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48
БалканТешка сообраќајка во близина на Бања Лука: Загинаа три лица, настрада и тричлено руско семејство Амбасадата на Руската Федерација во Босна и Херцеговина издаде соопштение на својот Телеграм канал во врска со тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера на автопатот Приједор-Бања Лука.Амбасадата на Руската Федерација во Босна и Херцеговина издаде соопштение на својот Телеграм канал во врска со тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера на автопатот Приједор-Бања Лука, потврдувајќи дека во несреќата е повредено тричлено семејство руски државјани. Меѓу повредените кои се итно хоспитализирани е и малолетно дете. Соопштение од Руската амбасада Како што официјално беше објавено на Телеграм каналот на Руската амбасада во Босна и Херцеговина, еден брачен пар и нивното мало дете, сите државјани на Руската Федерација, кои биле во патнички автомобил, се повредени во страшната несреќа што се случи во Република Српска. „Руските државјани се пренесени во Универзитетскиот клинички центар на Република Српска во Бања Лука, каде што моментално добиваат итна медицинска помош. Руската амбасада е во контакт со надлежните институции на Република Српска во врска со ова прашање и внимателно ја следи состојбата со состојбата на повредените, обезбедувајќи ја целата потребна помош“, се наведува во соопштението на амбасадата. Детали за страшната несреќа во Пријаковци Да потсетиме дека, според официјалните информации од Здравствениот дом во Бања Лука, во несреќата животот го загубија три лица - две жени и еден маж, чиј идентитет првично беше непознат, објави порталот Радио Сараево. Итна медицинска помош добила пријава за несреќата вчера во 14:39 часот, по што комплетен медицински тим со брза помош веднаш бил испратен на местото на настанот. Набрзо, на барање на полицаец од терен, бил испратен друг медицински тим за да им помогне на повредените. За жал, по пристигнувањето, лекарите пронашле три лица без знаци на живот. Три лица повредени, меѓу кои и осумгодишно дете Три лица се повредени во оваа тешка несреќа, за кои сега е потврдено дека се руски државјани: маж, жена и осумгодишно дете. Откако им била укажана прва помош на местото на несреќата, тие биле итно пренесени со брза помош во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Република Српска за понатамошно лекување. Во големата операција за спасување и расчистување учествувале цели екипи на брза помош, полицајци и противпожарни и спасувачки служби. Сообраќајот на овој дел од автопатот беше целосно запрен, а беше нормализиран дури по завршувањето на деталната полициска истрага, соопшти Асоцијацијата на автомобили и мотоциклисти на РС.Тагови: Бања Лука Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВучиќ најави избори во октомви или ноември Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека изборите ќе се одржат во Србија во октомври или ноември, но не прецизираше дали ќе бидат парламентарни или претседателски. Повеќе детали, како и дали ќе се кандидира за премиер, ќе бидат откриени на состанокот на Српската напредна партија на 27 јуни во Белград, рече тој за време на интервју за три провладини телевизиски станици. Притисок од опозицијата и студентите Функционерите на владејачката СНС претходно во неколку наврати изјавија дека сакаат Вучиќ да биде нивен кандидат за премиер на следните избори. Во исто време, дел од опозицијата и студентите кои протестираат во блокадата долго време бараат распишување вонредни парламентарни избори. Досега Вучиќ не даде прецизни одговори на овие барања, а неговите изјави беа нејасни.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖежок прв летен ден- температурите до 37 степени 08:39До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07Мицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48Мицкоски од Карпош: Започна изградбата на нова детска градинка „Пролет“11:59ИЈЗ: Потврден прв случај на зика вирусот во земјава, пациентот се заразил на Малдивите08:20
До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
Мицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48