Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД, бронзените ремек-дела од Бубон повторно обединети
2Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД, бронзените ремек-дела од Бубон повторно обединети
СветТрамп нареди укинување на федералното финансирање на сите што бараат вакцинација против ковидТрамп нареди укинување на федералното финансирање на сите што бараат задолжителна вакцинација на учениците против Ковид-19.Училиштата, колеџите и сојузните американски држави кои бараат од учениците да се вакцинираат против Ковид -19 ризикуваат да го изгубат федералното финансирање според новата наредба на Белата куќа потпишана од претседателот Доналд Трамп. Наредбата не се очекува да има значително национално влијание, бидејќи задолжителните вакцини против Ковид-19 во голема мера се укинати во училиштата и колеџите низ САД, а многу сојузни држави донесоа закони за забрана. Регулативата му наложува на Министерството за образование и здравство да подготви план за суспендирање на задолжителната вакцинација против Ковид-19. Сите американски држави сè уште бараат од училишните деца да се вакцинираат против голем број заразни болести. Регулативата се однесува исклучиво на вакцините против Ковид-19. Целта на уредбата е да се испрати порака до гласачите на Трамп дека е исполнето ветувањето од претседателската кампања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМитева со згрозување и осуда за изјавите на Петар БогојескиСо згрозување и длабоко неверување ги проследив изјавите на Петар Богојески за жените и наводната потреба од „машки надзор“.Ова се понижувачки, ретроградни и опасни сфаќања кои го навредуваат достоинството и директно удираат врз вредностите на едно демократско општество. Да се зборува за жената како за личност на која ѝ е потребен надзор е недозволиво. Најстрашно, во неговите изјави се релативизира насилството во партнерските односи и тоа е опасно и заслужува најостра јавна осуда. Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, но пред сè како жена, најостро ги осудувам ваквите ставови. Нашата заложба за „За една повеќе“ е токму спротивното од сè што слушнавме. За една жена повеќе која ќе добие можност, која ќе биде почитувана, која ќе биде слободна да одлучува, да создава, да води и да успева. Ова е прашање на елементарни цивилизациски вредности. Нема место за вакви сфаќања и нема простор за молк, ниту за релативизирање. Слободата на говорот е темелна демократска вредност, но медиумската видливост не е право на секој што посегнува по навреда и понижување. Вреди да се размисли дали и во колкава мера на ваквите ставови треба да им се отстапува простор, особено кога со нив се поткопува достоинството. Линк од фб објава: https://www.facebook.com/share/1DnQsFuTjX/?mibextid=wwXIfr Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураМНТ го отвора 22. Меѓународен фестивал на актерот во НикшиќМакедонскиот народен театар на 5 ноември ќе го отвори 22. Меѓународен фестивал на актерот – Никшиќ 2026, кој ќе се одржи од 5 до 10 ноември под слоганот „Да играме со срце“.МНТ ќе гостува со претставата „Страв и надеж“, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат, со која ќе започне шестдневната фестивалска програма посветена на актерската уметност и современите театарски остварувања. Во претставата играат: Сашко Коцев, Сашка Димитровска, Александар Микиќ, Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Никола Ристановски, Тони Михајловски, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела Павловска. Покрај Македонскиот народен театар, на фестивалот ќе учествуваат и Центарот за култура -Тиват, Звездара театар и Народно позориште од Белград и Народно позориште на Република Српска од Бања Лука. Фестивалската програма ќе заврши на 10 ноември со доделување на наградите и изведба на претстава во чест на наградените. По изведбата на претставата на МНТ, ќе се одржи разговор со актерската екипа, каде што публиката и новинарите од Никшиќ ќе имаат можност за директна средба и дискусија со нив. Учеството на Македонскиот народен театар на фестивалот во Никшиќ е можност за меѓународна промоција на сопствената продукција и за непосредна средба со регионалната театарска публика.Тагови: МНТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Секси „чуварка на плажа“ во проѕирен фустанПроѕирните фустани се секогаш добра идеја, сексапилна „чуварка на плажа“ дефинитовно го обожава своето тело.Црвениот тепих на модната манифестација „CFDA Fashion Awards 2026“ во Њујорк уште еднаш послужи како сцена за модни изданија што ги поместуваат границите на гламурот, но меѓу гостите, посебно внимание привлече Брукс Нејдер. Американската манекенка и инфлуенсерка Брукс Нејдер повторно привлече внимание со модно издание кое не остава многу простор за рамнодушност. На доделувањето на модните награди CFDA за 2026 година во Њујорк, таа се појави во долг црн проѕирен фустан со капуљача, кој спојуваше гламур, провокација и доза сексапил. Ѕвездата од насловната страница на „Sports Illustrated Swimsuit“ се одлучи за модел изработен од целосно проѕирен материјал, покриен со безброј светкави пайети и мониста. Фустанот се протегаше од вратот до подот, додека откриените раменици и раце дополнително ја истакнуваа нејзината силуета. Веќе сме навикнати на чиста провокација од нејзина страна, па и овојпат таа не отстапи од проверениот начин за привлекување внимание. Сепак, она што го направи ова издание особено импресивно беше играта на транспарентност и раскошен сјај. Црната креација делуваше гламурозно и смело истовремено, а капуљачата ѝ даваше донекаде мистериозна нота.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter