СветТрамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродромиАмериканскиот претседател Доналд Трамп најави преземање извршни мерки за исплата на 50.000 работници на аеродромите откога во Конгресот закочи договорот за решавање на недостигот од персонал што го парализира внатрешниот авиосообраќај во САД.Трамп соопшти дека му наложил на Министерството за татковинска безбедност (ДХС) „веднаш да ги исплати агентите на Управата за безбедност во транспортот (ТСА)“ со цел да се реши вонредната состојба и, како што рече, „бргу да се запре хаосот предизвикан од демократите на аеродромите“. - Тоа не е лесно да се изведе, но јас ќе го направам - порача претседателот. Засега останува нејасно колку долго ќе трае ова финансирање и дали Трамп ќе ги користи средствата на ДХС одобрени минатата година во рамките на законот за даноци и потрошувачка. Според податоците на Министерството, речиси 500 службеници за аеродромска безбедност дале отказ од почетокот на делумната блокада на владата во февруари. Спорот во Конгресот за финансирањето на овој ресор ги принуди службениците на ТСА да работат без плата. Демократите во Конгресот го блокираа финансирањето на ДХС барајќи промена на правилата за имиграциските операции по инцидентот во Минеаполис, каде што агенти ги застрелаа американските државјани Рене Гуд и Алекс Прети. Од друга страна, републиканците ги одбија предлозите за посебно финансирање само на ТСА додека траат преговорите за реформите во имиграциската служба. Од ТСА во средата повторија дека агенцијата би можела да биде принудена да ги затвори помалите аеродроми доколку се влошат проблемите со кадарот. Повеќе од 11 проценти од службениците (3.120 агенти) не се појавиле на работа во средата, а на аеродромите во Њујорк (ЈФК), Хјустон, Балтимор, Њу Орлеанс и Атланта стапката на отсуства надминува 30 проценти. Крис Сунуну, извршен директор на групацијата Airlines for America, апелира до Конгресот за брзо решение предупредувајќи дека дури и при евентуален договор во Сенатот до денеска патниците ги очекува „многу тежок викенд“ бидејќи процесот нема веднаш да се финализира. Трамп додаде дека како опција за справување со безбедносните потреби ја разгледува и можноста за распоредување трупи на Националната гарда на аеродромите. ТСА моментно се соочува со зголемен обем на патувања за време на пролетниот распуст, кој е за пет проценти поголем од лани. Зголемените отсуства во последните денови доведоа до повеќечасовни доцнења на безбедносните пунктови. Како привремена помош, од понеделникот на 14 американски аеродроми се распоредени стотици имиграциски агенти и службеници за внатрешна безбедност, кои помагаат во проверките на личните карти, логистиката и контролата на метежот. Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДрама на германски аеродром: Откриена дупка во оградата – некои летови откажаниБезбедносната ограда е пробиена на аеродромот во Лајпциг преку ноќ, а полицијата верува дека непознат автомобил влегол на аеродромскиот терен покрај руските товарни авиони „Антонов“ паркирани таму.Дупката во оградата е откриена околу 23 часот во саботата, соопшти полицијата, а портпаролката на полицијата Тереза Леверенц изјави дека летовите на северната страна од аеродромот се откажани по инцидентот, објави „Билд“, забележувајќи дека бројни товарни авиони на „Амазон“ морале да слетаат на јужната писта на аеродромот во Лајпциг. „Многу е веројатно дека возило ја пробило оградата. Сепак, за време на пребарувањето на областа преку ноќ, ниту возилото ниту неовластени лица не се пронајдени во аеродромскиот простор. Пребарувањето ќе продолжи денес, а северната писта останува затворена за воздушен сообраќај“, рече Леверенц. Во август, истражителите открија дрон натоварен со експлозив во близина на аеродромската писта, настан за кој германските власти подоцна ја обвинија Русија, објави „Ројтерс“. Русија ги негираше обвинувањата. Фото: ВИТагови: аеродром Германија драма Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода 18 годишен кумановец, при претрес во дом пронајдено оружје, следува пријаваНа 17.10.2026 во 19:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Р.Д. (18) од Куманово. При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба биле пронајдени автоматска пушка, рамки од автоматска пушка со 44 куршуми, испукана чаура, рачно изработена направа поврзана со тајмер и батерија. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.Тагови: оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветГолем пожар во канадска воена база: Има загинати (ВИДЕО)Голем пожар во воена база во канадскиот град Вејнрајт уби непознат број луѓе, објави денес локалната општинска власт во тој град.Беше објавено дека пожарот е предизвикан од „сериозен инцидент“, а надлежните служби сè уште работат на локализирање на пожарот, објавува „CNN“. Пожарот започнал во базата во Вејнрајт, град во источниот дел на покраината Алберта, и брзо се проширил поради силните ветрови, соопшти општината во објава на Фејсбук. Повикот за помош дошол околу 16:00 часот, соопшти Кралската канадска коњичка полиција во Вејнрајт, а канадскиот министер за одбрана Дејвид Мекгинти потврди дека има и смртни случаи и повредени, без да даде детали. NOW - Live firing incident hit gas line at CFB Wainwright in Alberta, Canada causing explosion that killed at least 7 military members and injured dozens more, igniting large fire on base. Hospitals overwhelmed with patients and under code orange. https://t.co/xuQ0lz8H1Z — Confidential Post (@C_Post_News) October 18, 2026 „Пожарот на терен сè уште не е изгаснат и наскоро ќе биде покрената истрага“, додаде тој. Канадската воена база Вејнрајт, која се наоѓа околу 210 километри југоисточно од главниот град на покраината Едмонтон, е една од најпрометните воени бази во земјата, наведено е на веб-страницата на владата. Болниците преполни Лекар во болница во градот Едмонтон, кој се наоѓа 180 километри северозападно од Вејнрајт, изјави за канадскиот национален јавен сервис дека пациентите се носат во болниците низ градот бидејќи здравствените установи во градот се „целосно преоптоварени“ со бројот на луѓе на кои им е потребна нега, објави Скај њуз. 🔥At least seven people died and dozens more were injured in an explosion and fire at the Wainwright military base in Canada. The incident occurred during a live-fire exercise, in the course of which a gas pipeline at the base was damaged. This triggered an explosion. https://t.co/JUC1bcjm8V — Abraracursix abdala (@Abraracurs64713) October 18, 2026 „Овој број на пациенти би го преоптоварил градот Едмонтон“, изјави за „CBC News“ д-р Ворен Тирск, лекар од итна помош во болницата Ројал Александра. „Ова е повеќе пациенти отколку што би сакал да изброи кој било од нас во овој момент. Тоа е катастрофа. Ова е катастрофа што се случува еднаш на секои 15 до 25 години.“Тагови: канада пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42