Трамп најави зголемена царините за автомобили од ЕУ на 25 проценти - Канал 5

Трамп најави зголемена царините за автомобили од ЕУ на 25 проценти

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска соопшти дека ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од Европската Унија на 25 отсто

Трамп најави зголемена царините за автомобили од ЕУ на 25 проценти

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска соопшти дека ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од Европската Унија на 25 отсто, тврдејќи дека европскиот блок не го испочитувал во целост трговскиот договор постигнат со САД.

„Со задоволство објавувам дека, со оглед на тоа што Европската Унија не го почитува нашиот целосно договорен трговски договор, следната недела ги зголемувам царините за автомобилите и камионите што доаѓаат во Соединетите Американски Држави“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.

Тој наведе дека царината ќе биде зголемена на 25 отсто. Како што истакна, новите мерки нема да се однесуваат на возилата произведени во фабриките во САД.

„Јасно е договорено дека, ако произведуваат автомобили и камиони во фабрики во САД, нема да има царини“, додаде американскиот претседател.

Според претходниот договор, ЕУ се согласи да ги укине царините за американската индустриска стока во замена за ограничување од 15 отсто на повеќето европски производи.

Меѓутоа, имплементацијата на договорот наиде на препреки, а европските законодавци сè уште не го ратификуваа договорот во целост.

Како дополнителна точка на спорење се наведуваат и царините за метали, кои САД ги проширија на голем број производи, што предизвика обвинувања дека Вашингтон не ги почитува договорените обврски.

Европската Унија поради тоа повеќепати ја одложуваше ратификацијата на договорот, додека двете страни во последно време искажаа подготвеност конечно да го спроведат во дело. јт/ .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромна заплена на кокаин во Шпанија, уапсен Хрват

Шпанската полиција заплени околу 1,5 тони кокаин во градот А Побра до Карамињал, на брегот на северната покраина Галиција, а меѓу тројцата уапсени е и хрватски државјанин, објави локалниот весник „Ла Воз де Галиција“.

Огромна заплена на кокаин во Шпанија, уапсен Хрват

Кокаинот е пронајден во објект на имот недалеку од морето, каде што, според резултатите од досегашната истрага, бил привремено складиран.

Галиција е важна рута за шверц на кокаин

Галицискиот брег, познат по своите карпести заливи, е една од важните области за влез на кокаин во Шпанија преку Атлантскиот Океан од Јужна Америка.

Во последниве години, истражителите ја забележаа и соработката на локалните криминални групи со лица од земјите од поранешна Југославија, вклучувајќи ја Црна Гора, Србија и Хрватска, и сега се обидуваат да откријат дали некоја од групите од таа област е вклучена во случајот.

Полицијата со часови го претресуваше имотот и пловилата

Полицијата со часови го претресуваше имотот во саботата, а за време на операцијата провери и неколку пловила.

Меѓу уапсените е и Р. Р. Г., член од втора генерација на криминалниот клан Ос Фанчос, кој е присутен во областа А Побре со децении, објави весникот.

На Хрватот му се припишува улогата на надгледувач

Истражителите ја припишуваат улогата на надгледувач на неименуван хрватски државјанин.

Станува збор за лице испратено од една од криминалните организации вклучени во шверцот за да ја надгледува операцијата и да ги заштити своите интереси. Според полициските информации, неговата задача е, меѓу другото, да ја контролира испораката и количината на дрога и да провери дали се исполнети договорените услови.

Сè уште се бара бродот што се користел за транспорт на дрогата

Истражителите сè уште се обидуваат да утврдат кој брод го транспортирал кокаинот до брегот. Бродот што се користел за истоварување сè уште не е пронајден, додека се претпоставува дека дрогата пристигнала на локацијата непосредно пред полициската операција.

За време на претресот, полицијата отстранила бали што содржат кокаин од објектот. Истражителите проценуваат дека тежината е околу 1.500 килограми.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АА: Реакцијата на ВЛЕН за трагедијата во Тетово е уште еден доказ за нивното политичко лицемерие

ВЛЕН денес, наводно, откри дека трагедијата во Тетово бара институционална одговорност и дека на јавноста „ѝ се должи одговор“.

АА: Реакцијата на ВЛЕН за трагедијата во Тетово е уште еден доказ за нивното политичко лицемерие

Но, пред ВЛЕН да морализира за одговорноста и правдата, треба да им одговори на граѓаните: Каде бевте вие тогаш?

Двајца од денешните лидери на ВЛЕН, Изет Меџити и Биљал Касами, беа дел од власта за која денес се преправаат дека немале никаква поврзаност.

Покрај тоа, Изет Меџити во тоа време беше потпретседател на ДУИ. Затоа, денес да се излезе и да се користи оваа трагедија за напади врз другите, притоа заборавајќи ја улогата и политичката одговорност на луѓето што денес го предводат ВЛЕН, е најчист пример за политичко лицемерие.

Четиринаесет човечки животи не смеат да бидат средство за политичка пропаганда, ниту оружје во партиската пресметка. Семејствата на жртвите ги заслужуваат вистината и правдата. А правдата не може да се бара само за политичкиот противник, а да се заборава кога одговорноста ги засега луѓето што денес го предводат ВЛЕН.

Затоа, пред ВЛЕН да го впери прстот кон другите, нека им одговори на граѓаните:

Каде беа Изет Меџити и Биљал Касами?

Каква политичка одговорност презедоа тогаш?

Што побараа да се расветли во случајот?

И зошто денес се однесуваат како оваа историја да нема никаква поврзаност со нив?

Да се бара правда е обврска. Но, да се бара правда со бришење на сопствената политичка и институционална улога од историјата е невидено лицемерие.

АА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во септември се враќа процентуалното зголемување на пензиите

Согласно законот за пензинско и инвалидско осигурување, во септември е предвидено враќање на процентуланото усогласување на пензиите, прво по неколку линеарни зголемувања.

Во септември се враќа процентуалното зголемување на пензиите

Согласно со методологијата, пензиите се усогласуваат двапати годишно, на 1 март и на 1 септември, а во пресметката подеднакво учествуваат двата клучни економски показатели – порастот на просечно исплатената плата и порастот на трошоците на живот.

Според првичните пресметки врз основа на објавените податоци од државниот завод за статистика, пензиите би требало да пораснатт околу 3%. За пензија од 20.000 денари, покачувањето би било околу 600 денари, а за највисоките пензии од 50.000 денари, би било 1.500 денари. Конечниот процент треба официјално да биде утврден од надлежните институции.

Според последните податоци на фондот за ПИОМ за јуни, во земјава имало 350.671 корисник на пензија, а просечната пензија изнесувала 28.103 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер