1Скопјанец ја исфрли „цела дневна соба“ на улица во Кисела Вода – има ли „лек“ за несовесните граѓани
Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
2Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
СветТрамп најави укинување на санкциите кон Иран „во соодветен момент“ и нова воена помош за УкраинаАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би бил среќен да ги укине санкциите кон Иран „во соодветно време“, и дека САД ќе испратат нов пакет одбранбено оружје за Украина.„Сакам да го видам Иран како се обновува на мирен начин, наместо повторно да слушаме ‘Смрт за Америка’ и ‘Смрт за Израел’“, рече Трамп пред вечерата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој додаде дека е закажан нов круг преговори со Иран и изрази надеж дека нема повторно да мора да наредува воени напади врз таа земја. Во однос на војната во Газа, Трамп рече дека Хамас сака прекин на огнот и дека бара состанок. Специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, изјави дека гледа шанса за мировен договор за Газа, а дека преговорите со Иран може да продолжат веќе следната недела. Што се однесува до Украина, Трамп рече дека Русија ја напаѓа многу жестоко и дека Киев има право на самоодбрана. - Ќе им испратиме главно одбранбено оружје, изјави американскиот претседател. Тагови: Доналд Трамп Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСкопјанец ја исфрли „цела дневна соба“ на улица во Кисела Вода – има ли „лек“ за несовесните граѓаниОд Порше – со ѓубре директно во Лепенец, мебел и врати среде улица во Шуто Оризари, а синоќа скопјанец ја исфрли речиси цела дневна соба близу контејнер во Кисела Вода. Трите случаи за неполна недела, оправдано ги отвораат дилемите дали казнената политика е доволна. Несовесниот граѓанин бил затекнат како остава градежен шут и кабаст отпад, но инспекторите го фатиле на дело и го санкционирале. градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски за Канал 5 вели дека случаите не се изолирани и дека треба дополнително да се заострат санкциите, за што како што вели, веќе презел иницијатива.. „Вкупната казна којашто вчера затекнатиот сторител ја доби е 490 евра, но такви казни се изрекуваат цел изминат период на поединци или на групи кои девијантно се однесуваат во градот Скопје.“ – Орце Ѓорѓиевски. Во исто време траат подготовките за поставување на камерите, кои треба да ги регистрираат ваквите прекршоци. Ѓорѓиевски вели дека се прибира потребната документација, а планот е низ Скопје да бидат поставени 200 камери. ,,Станува збор за 200 камери коишто ќе бидат распоредени на најкритичните места во градот Скопје...Јас морам да истакнам дека камерите нема целосно да ја покријат територијата, но сериозно ќе влијаат во создавањето на диви депонии надвор од населени места“, – Орце Ѓорѓиевски. Реакциите во јавноста се интензивираа по случајот пред неколку дена кога жена паркираше покрај Лепенец и фрли ѓубре во реката, а плати повеќе за погрешно паркирање, отколку за загадување на животната средина, за кое е предвидена казна од 40, односно 20 евра ако се плати во рок од една недела. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЌе најде ли одек во Брисел предлогот на Мицкоски за вклучување на ЕУ во дијалогот со Софија? Европското посредување може да даде нов политички импулс за надминување на разликите со Бугарија и деблокирање на македонскиот евроинтегративен процес, оценуваат дел од експертите. Според нив, барањето на Владата идните разговори со Софија да се водат со поголема вклученост на Европската Унија е логичен чекор, особено во пресрет на посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Скопје. Последната изјава на премиерот Христијан Мицкоски од Вашингтон, според аналитичарите, покажува две паралелни линии во владината политика. Од една страна, нема откажување од постојните меѓународни договори и од разговорите со Софија, но од друга, Владата не сака нов чекор во процесот без поголема вклученост на ЕУ и гаранции дека патот напред ќе биде предвидлив. -Со оглед на сегашниот контекст, каде што бугарскта страна всушност тврди е европско прашање, дека протоколите се дел од рамката, дека целата преговарачка рамка всушност е нешто што ЕУ го побарала од земјава, апсолутно има смисла таквото барање да се поставува постојано и постојано. Дали ќе биде прифатено се сомневам, меѓутоа е начинот на кој што треба да се оди. На крај на краишта може да биде медијација на земји членки не мора да само преку ЕУ да оди – вели -Трошановски. -Повикот е добар, дури и механизмот е добар. Разговори со Бугарија во присуство на ЕУ. Тоа праќа една политичка порака дека Мицкоски е подготвен да разговара за пробив во евроатланските интеграции. Но, тука се разбира останува проблемот со тврдата позиција на Бугарија, која вели дека францускиот предлог е конечен. Став, на кој на повеќе пати се приклучи и ЕК и ЕУ кои велат дека тоа се условите,- – Петар Арсовски, аналитичар . Двајцата експерти посочуваат дека идејата за европско посредување не е нова, но токму посетата на Фон дер Лајен на Скопје ја гледаат како можност повторно да се отвори прашањето и да се потврдат македонските позиции. Во фокусот, покрај уставните измени, е и Акцискиот план за заштита на правата на заедниците, за кој Владата бара прифаќање и од бугарска страна. -Што се однесува до акцискиот план на малцинства, тој недвосмислено беше поддржан од сите авторитети од Советот на Европа, ЕК и од сите земји членки минус Бугарија. Дали посебен формат во коишто ќе се убедува Бугарија, истиот да го прифати а тоа е првиот чекор ние да отпочнеме со преговори не знам дали ќе вроди со плод – посочува Трошановски. -Посетата на Фон дер Лајен ќе биде политички поттик за побрза одблокада на евроинтеграциите. Било каков план, наш предлог или некаква идеја за тоа како овој процес може да се забрза, сигурен сум дека ќе биде добредојден од страна на ЕУ и ќе се соочи со понуда за помош – заклучува Арсовски. Но, уставните измени не се единствената обврска на патот кон отворање на првиот преговарачки кластер. Македонија треба да го финализира и Акцискиот план за заштита на правата на припадниците на малцинствата и заедниците, кој предвидува конкретни мерки против дискриминацијата и говорот на омраза, мерки во образованието, како и механизми за пријавување и институции задолжени за нивно спроведување. Планот е дел од условите поврзани со кластерот „Темели“, па и по евентуалното усвојување на уставните измени, земјава ќе треба да ги исполни и останатите почетни мерила за да може да го отвори првиот кластер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени Се обидел со голема брзина да ги претекне, ги удрил во задниот дел од возилото и ги исфрлил од патот во дол.Се обидел со голема брзина да ги претекне, ги удрил во задниот дел од возилото и ги исфрлил од патот во дол – две лица, 49 и 71 годишен, кои по судирот излетале од автомобилот опел корса, го загубија животот во фаталната собраќајна несреќа која синоќа се случила на автопатот кон Скопје, кај кумановското Агино Село. 65 годишниот скопјанец со Мерцедесот, кој ги удрил, завршил во банкината на неколку метри од местото на судирот. Токму над мене е автопатот каде што излетала опел корсата и се превртила на покрив, завршувајќи во овој двор, притоа рушејќи ограда за на крај да запре при удар во дрво. За страотната несреќа, покрај деловите од облеката и обувките на сопатниците во Корсата кои го загубија животот, сведочат и испокршените делови по коловозот и во дворот каде што автомобилот. кој екипата на Канал 5 го затекна додека службите ја отстрануваа од самото место. Ова е состојбата на Опел Корсата по фаталната несреќа, во која животот го загубија две лица. По судирот, бројни граѓани од Агино село и полициски службеници веднаш се впуштиле во помош и извлекување на остатите три лица кои ја преживеале несреќеата од автомобилот, а за кратко време дошла и итната медицинска помош. Меѓу повредените има и жена во деветиот месец од бременоста. Сите тројца се пренесени во комплексот клиники Мајка Тереза. Веднаш по сообраќајната несреќа, возачот на мерцедесот е приведен и во моментов е во притовор во Куманово. Допрва истрагата ќе треба да утврди како точно дошло до судирот. -Увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на ЈО, М.М. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава--СВР Куманово. Трагичната ноќ не заврши кај Агино Село. 17 годишна девојка загина, а четворица се повредени по сообраќајна несреќа која се случила на патот Битола – Прилеп, кај местото викано „Туланата“. Возилата ги управувале 28 годишник од прилепско Канатларци и 48 годишен жител од Могила. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило и седум годишно дете. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook