Трамп најави проширување на историскиот договор: Тоа ќе смени сѐ - Канал 5

Трамп најави проширување на историскиот договор: Тоа ќе смени сѐ

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на социјалната мрежа Truth Social дека преговорите меѓу САД и Иран „добро напредуваат“, велејќи дека договор ќе биде можен само ако е „добар за сите страни“. 

Трамп најави проширување на историскиот договор: Тоа ќе смени сѐ

Во спротивно, предупреди тој, може да има нов бран конфликти на Блискиот Исток. „Ако нема договор, враќањето на бојното поле и пукањето ќе бидат поголеми и посилни од кога било досега - а никој не го сака тоа“, напиша Трамп.

Тој ги повика земјите од регионот да ги потпишат Абрахамските договори

Трамп изјави дека во саботата разговарал со голем број регионални лидери, вклучувајќи го саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, претседателот на Обединетите Арапски Емирати Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, египетскиот претседател Абдел Фатах Ел-Сиси, јорданскиот крал Абдула Втори и пакистанскиот воен лидер Асим Мунир.

Тој рече дека, покрај можниот договор со Иран, земјите од Блискиот Исток треба да се приклучат на Абрахамските договори - дипломатска иницијатива започната за време на неговиот прв мандат во кој некои арапски држави ги нормализираа односите со Израел. „Повеќето земји треба да бидат подготвени да го направат ова историски настан“, напиша Трамп.

„Договорот со Иран би можел да го промени Блискиот Исток“

Трамп тврди дека Абрахамските договори донеле економски и социјален напредок на сегашните членки и потврди дека проширувањето на договорот би можело да донесе „сила, стабилност и мир на Блискиот Исток за прв пат по 5.000 години“.

Тој додаде дека Саудиска Арабија и Катар треба да бидат меѓу првите што ќе се приклучат кон договорот и рече дека би бил почестен ако еден ден Иран му се придружи. „Доколку Иран потпише договор со Соединетите Американски Држави, би било чест да го имаат како дел од оваа коалиција“, напиша Трамп.

На крајот од објавата, тој им рече на своите претставници да го започнат процесот на вклучување на нови земји во Абрахамските договори, што го опиша како еден од најважните дипломатски проекти за иднината на регионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со повремени сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. 

Утре променливо облачно со повремени сончеви периоди

По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи

Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!

Превентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи

Денеска (15.11.2026), во временскиот период од 11:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Петровец, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП поради одбележување на ,,Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиʼʼ беше реализирана превентивно-едукативна активност насочена кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста на возачите под мотото "Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртвиʼʼ!

Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!

Исто така, на возачите им беше укажано дека од денеска 15-ти ноември стапува на сила законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината и начинот на возење на условите на патот, заради нивната лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Земјотрес со магнитуда од 5,5 степени по Рихтер денес го погоди крајбрежјето на Филипините, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS).

Силен земјотрес ги погоди Филипините

„Магнитуда од 5,5 - девет километри источно од Јунион, Филипини“, се вели во соопштението на агенцијата.

Земјотресот е регистриран во 21:41 часот по локално време, а епицентарот на земјотресот бил на длабочина од приближно десет километри.

Засега нема информации за можни жртви или штети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер