Герасимовски: Осум нови практиканти започнаа платена пракса во Општина Центар со месечен надоместок од 15.000 денари
СДСМ: „Твоја држава, твоја шанса“: Човекот пред профитот, мерки за повисоки плати, 50% повисоки пензи и достоинствен живот
1Герасимовски: Осум нови практиканти започнаа платена пракса во Општина Центар со месечен надоместок од 15.000 денари
2СДСМ: „Твоја држава, твоја шанса“: Човекот пред профитот, мерки за повисоки плати, 50% повисоки пензи и достоинствен живот
3ВМРО-ДПМНЕ испорачува, отпочнува процесот за приклучување на Македонија кон европскиот роаминг-простор
СветТрамп најави прекршување на протокол стар 47 години. -Ќе разговара со претседателот на Тајван Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе разговара со тајванскиот претседател Лаи Чинг-тео за можна продажба на оружје на Тајван, што е големо отстапување од долгогодишната дипломатска пракса. Министерството за надворешни работи на Тајван потврди дека Лаи е „подготвен да разговара“ со Трамп и дека тој ќе нагласи дека Кина го нарушува мирот во Тајванскиот теснец, додека тајванските власти се обидуваат да го зачуваат статус кво. Тајван изјави дека претседателот останува посветен на одржување на стабилен статус кво во регионот, но е отворен и за размена на мислења со САД. Лидерите на САД и Тајван не разговарале директно од 1979 година, кога Вашингтон ги прекина официјалните односи со Тајван за да ја признае владата во Пекинг. Трамп: -Ќе разговарам со него. Разговарам со сите, порачува Трамп. Пекинг го смета Тајван за своја територија и не ја исклучи можноста да го земе со сила. Лаи, кој ја презеде функцијата во 2024 година, стои зад еден од најенергичните обиди во последните години за зајакнување на одбраната на островот. САД долго време го поддржуваат Тајван и се законски обврзани да му обезбедат средства за да се одбрани, но мора да ја избалансираат таа поддршка со одржување на дипломатски односи со Кина. На прашањето дали планира да разговара со Лаи пред да донесе одлука за продажба на оружје на САД, Трамп рече: „Ќе разговарам со него. Ќе разговарам со сите... Ќе работиме на тоа, на прашањето за Тајван.“ Трамп го опиша својот однос со кинескиот претседател Си Џинпинг како „неверојатен“ по дводневниот самит во Пекинг минатата недела.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваЛепа Брена ја продава куќата во Мајами? Имот на брегот на океанот вреден речиси 18 милиони долариБалканската музичка ѕвезда Лепа Брена и нејзиниот сопруг, славниот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ наводно ја продаваат луксузна вила во Мајами. Имотот на брегот има шест спални соби, седум бањи и е проценет на речиси 18 милиони долари. Брена и Боба наводно решиле да го продадат својот луксузен имот во Мајами, кој се проценува на речиси 18 милиони долари. Иако нивниот дом се наоѓа во елитен дел од градот опкружен со скапи вили, изворите тврдат дека со години брачната двојка уживала во имот уреден во типичен американски стил, далеку од гламурот што ги придружува на Балканот. „Брена оди таму да се одмори, ги извршува и сите домашни работи бидејќи нема слугинки или готвачки. Кога го напушта Балканот, Брена е сосема обична. Не е оптоварена од фактот дека во светот најмногу ја препознаваат луѓе од нашите простори“, вели извор запознаен со нивниот живот во САД. Според истиот извор, Мајами е омилена дестинација на семејството Живојиновиќ, но тие сепак одлучиле да го стават имотот на пазарот. Вилата се наоѓа веднаш на брегот на океанот, а е дизајнирана така што сопствениците можат да влезат во својот дом директно од јахтата. Се простира на неколку стотици квадратни метри и содржи шест спални соби, седум бањи, две кујни, како и отворен бар достапен со лифт. Посебно внимание привлекува пространиот базен, тревникот на покривот и бројните тераси со поглед на океанот, кој се протега од повеќето соби во куќата.Тагови: Лепа Брена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Осум нови практиканти започнаа платена пракса во Општина Центар со месечен надоместок од 15.000 денариГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со осумте практиканти кои ја поминаа селекцијата и започнаа практична работа во локалната самоуправа.Во наредните шест месеци тие ќе бидат ангажирани во различни сектори, 20 часа неделно, согласно своите студиски програми, со месечен надоместок од 15.000 денари. „Ме радува што оваа година сите практиканти се од различни струки и се распоредени во соодветните сектори. Тие ќе имаат можност да стекнат искуство во доменот на својата идна професија, да видат како функционира локалната администрација и како се носат одлуки што влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните. Воедно, секторите ќе добијат дополнителна поддршка и нова енергија“, истакна Герасимовски. Тој додаде дека ваквите програми претставуваат значаен поттик за младите кои го започнуваат својот кариерен пат. „Верувам во потенцијалот на младите. Дел од нив ќе имаат можност да го продолжат својот ангажман во Општина Центар. Уверен сум дека практичната работа многу ќе им помогне да се формираат како професионалци , да го развијат тимскиот дух и комуникациските способности “, порача Герасимовски. Општина Центар втора година по ред успешно ја реализира програмата за практикантство, за која е предвиден буџет од 1,5 милиони денари. Програмата им овозможува на младите да стекнат практично работно искуство, да ги надградат своите вештини и полесно да се вклучат на пазарот на трудот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на учебната 2025/202608:23Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00
Шоу бизЏејсон Момоа изненадувачки се повлече од снимање на филмХоливудскиот актер Џејсон Момоа нема да ја игра главната улога во филмот „Helldivers“, филмска адаптација на популарната видео игра.Според американските медиуми, Момоа го напуштил проектот режиран од Џастин Лин, познат по својата работа на франшизата „Helldivers“. Причината за неговото заминување сè уште не е објавена. „Сони“ веќе започна со потрага по нов главен актер, како и за други членови на екипата. Филмот е базиран на успешната франшиза од „Arrowhead Game Studios“ и следи елитна воена единица чии членови се борат против вонземски закани што ја загрозуваат измислената планета Супер Земја. Иако деталите за заплетот сè уште не се познати, станува збор за научно-фантастичен акционен спектакл чија премиера е закажана за 10 ноември 2027 година. Вклученоста на Момоа во проектот беше објавена уште во февруари оваа година, па неговото заминување беше изненадување за фановите на видео играта. Во меѓувреме, Момоа останува еден од најбараните актери во Холивуд. Во наредниот период, публиката ќе го види во продолжението на филмот „Мајнкрафт“, проектот „Пријатели на животни“, како и делата „Fast Forever“ и “Protecting Jared”.Тагови: мамоа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на учебната 2025/202608:23Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00