Цветаноски: Македонија со највисока стапка на западнонилска треска во Европа– тотална неспособност на Клековски и Мицкоски
Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник
1Цветаноски: Македонија со највисока стапка на западнонилска треска во Европа– тотална неспособност на Клековски и Мицкоски
2Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник
3ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче фалејќи се со со тоа што нема пресуда за модуларните, признаваат дека нивните инсталации во правосудството се уште работат за нив
СветТрамп најави нови напади врз Иран доколку преговорите во Пакистан пропаднатАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војската на САД се подготвува за нови напади врз Иран доколку преговорите што започнуваат во Пакистан не доведат до конечен договор.Во интервју за „Њујорк пост“, Трамп нагласи дека воените подготовки се во тек и дека американските бродови се опремуваат со најмодерно вооружување. – Сè започнуваме од почеток. Ги полниме бродовите со најдобрата муниција и со најмоќното оружје некогаш направено. Ако нема договор, ќе ги употребиме многу ефикасно – се закани американскиот претседател. Претходно, Трамп на својата мрежа „Трут Соушл“ (Truth Social) најави „најмоќен рестарт на светот“. Неговиот потпретседател Џеј-Ди Венс веќе отпатува за Исламабад, каде што утре треба да го предводи американскиот тим на клучните преговори со иранската страна. Вашингтон и Техеран во вторникот објавија двонеделен прекин на огнот по четириесетдневната војна, во која Трамп претходно се закануваше со целосно уништување на иранската цивилизација. Секое обновување на непријателствата директно би ја загрозило безбедноста на меѓународната пловидба низ Ормуската Теснина. Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦветаноски: Македонија со највисока стапка на западнонилска треска во Европа– тотална неспособност на Клековски и МицкоскиДве здравствени кризи. Со водата во Гостивар, труењето на 5.000 луѓе и новата криза со епидемија од западно-нилската.Заедничко и за двете кризи е дека власта на Мицкоски задоцнето реагира. Нема капацитет да превенира и да го заштити здравјето на граѓаните, туку реагира дури откако кризата ќе ескалира. И наместо работа и Мицкоски и Клековски си заминаа на екскурзија, на одмор, среде кризи. За Гостивар се уште никој нема објавено документ, го нема целиот извештај за водата. Нема кој одобрил, кој потпишал. Нема ниту одговорен, никој од власта не одговара за пропустите, заедоцнетите реакции на здравствените институции. Кризата со западно нилската треска исто така. Повторно задоцнети реакции, пропусти, нема одговорност. Дури и со прскање на комарци закаснија. Резултатот е Македонија е земја во Европа со најмногу случаи по глава на жител. Според податоците од Европскиот центар за спречување и контрола на болести (ECDC) стапка на инциденца (случаи по глава на жител) од западнонилска треска е највисока во Македонија. Досега има пет жртви. Во моментов се хоспитализирани 21 лице. Во критична состојба се наоѓаат уште четири лица. Меѓу хоспитализираните има и едно помладо лице на 25-годишна возраст. Речиси секојдневно се примаат нови болни. Справување со епидемија не е прскање против комарци и прес-конференција. Мора да има силен системски одговор со сет на мерки и активности. Тоа досега не го видовме. Власта не успева да се справи со кризата. Видовме тотален распад, институционален колапс и неспособност. Клековски ги затвора базените кои Мицкоски ги отвораше, пред некој ден изјави дека вазните на гробиштата се проблем за комарците. Граѓаните се прашуваат знае ли Клековски што зборува, знае ли што прави? Тотален распад, неспособност. СДСМ бара повторно: Формирање Национален оперативен штаб со јасна одговорност, Национална GIS карта на епидемијата и ризикот. Интензивен ентомолошки надзор, тестирање на комарци за западно-нилски вирус. Мапирање и уништување на местата за размножување, интегрирана контрола на векторите, јавен дневен извештај за состојбата и проценка на ризикот во цела држава. Доста беа импровизации, за здравјето на луѓето се работи. Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на Извршниот одборТагови: Симона Цветаноски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетникВо текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, седум управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник, а еден освен без дозвола возел и под дејство на алкохол. Со брзина поголема од дозволената возел и еден странски државјанин. Тој е лишен на ГП Табановце бидејќи преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека управувал возило со брзина од 164 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 80 километри на час. Пет лица возеле под дејство на алкохол, од кои еден од нив учествувал во сообраќајна несреќа и се здобил со тешки телесни повреди. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно возење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче фалејќи се со со тоа што нема пресуда за модуларните, признаваат дека нивните инсталации во правосудството се уште работат за нивСДС никако да разбере дека се што прават оди на нивна штета. Сите лаги, манипулации во јавноста, ширењето на паника никако да разберат дека им штети ним.Зошто? Затоа што, за тоа што го говори ВМРО-ДПМНЕ има аргументи, има докази. СДС се фали со тоа што за Венко Филипче нема никаква пресуда за 19 модуларни болници. СДС со ова само признава дека нивните инсталации во правосудниот систем кои иако се на заминување уште одработуваат за нив. Да ги потсетиме во СДС, а да го потсетиме и Филипче кој треба да знае основни правни работи. Ако има нов доказ за него за модуларната во Тетово или било која од 19 поставени, процес за истото дело може да има повторно. Граѓаните гледаат што е факт, факт е дека во Тетово во модуларната гореа 14 пациенти, факт е дека Филипче ја зголемувал цената за модуларните, факт е дека тие се поставувани без исполнување на основни услови од Законот за градење. СДС и Филипче наместо да се фалат дека нема пресуда, подобро да молчат и да се засрамат. Сега власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за секој еден граѓанин. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10