СветТрамп најави нови царини за Канада- двојно повеќе за сите автомобили, камиони , автоделови...САД двојно ќе ги зголемат царините за канадските возила почнувајќи од 2027 година, објави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.Тој ја обвини Отава дека „ги краде САД со години“. Соопштението дојде откако пропаднаа разговорите за трговскиот договор, објави Euronews. „На 1 јануари 2027 година, царините за сите автомобили, камиони (големи и мали), автоделови и челик ќе бидат зголемени на 50 проценти“, напиша Трамп во објава на неговата мрежа Truth Social. Сегашната американска царина за автомобили е 25 проценти за делови што не се произведени во САД. „Не можеме да го прифатиме она што го понудија“ Заканите доаѓаат откако трговскиот спор меѓу САД и Канада ескалираше во петокот. Разговорите за договор за избегнување на царина од 50 проценти за одредени канадски стоки пропаднаа, при што двете страни се обвинуваат меѓусебно дека се обидуваат да направат промени во последен момент. Канадскиот премиер Марк Карни рече дека Канада е принудена да се откаже од „лошиот“ договор. „Не можеме да го прифатиме она што го понудија, ниту ќе го дадеме она што го побараа“, рече Карни. Новите царини, кои стапија на сила завчера, опфаќаат канадска стока во вредност од околу 20 милијарди долари. Карни предупреди дека Отава ќе возврати со царини од долар за долар за да ги заштити своите работници и бизниси. „Нашиот одговор ќе се фокусира на сектори како што се челик, млечни производи, домашни апарати, земјоделска опрема, пулпа и хартија и електроника“, додаде Карни. „Пропуштена можност за Канада“ Канцеларијата на американскиот трговски претставник ги опиша застојаните разговори како „пропуштена можност“ за Канада, за која вели дека спроведува „долготрајна одмазда“ против САД. „И покрај американската понуда до Канада да добие најдобар третман од сите главни извозници на нашиот пазар, новите барања и повлекувањето на претходните обврски од страна на Канада го нарушија внимателниот баланс постигнат во последните денови“, се вели во соопштението. Денес, Трамп се осврна и на она што го нарече „смешно високи царини“ на Канада за американските земјоделци. Тој рече дека повеќе нема да се однесува кон земјата „како кон федерална држава“. Американскиот претседател постојано алудираше дека Канада треба да стане „51-ва федерална држава“ на САД, а минатата недела рече дека Отава сака „придобивките од држава, но всушност не е“.Тагови: Доналд Трамп канада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПремиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежни активности во Општина Кисела ВодаПретседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во градежните активности на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во руралната населба Каменик, Општина Кисела Вода“.Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОдбележан 13 Ноември – Денот на ослободување на СкопјеГрад Скопје со свечена манифестација вчеравечер го одбележа „13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје“.По тој повод Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски свечено им ги додели признанијата на годинешните добитници на наградата „13 Ноември“, луѓе кои со своето знаење, творештво, труд и човечност го збогатуваат Скопје и го издигнуваат неговиот углед. - Денот што ја носи гордоста на нашиот град и споменот на хероите на кои вечно ќе им бидеме благодарни. Пред 82 години, на улиците на Скопје се решавало дали идните генерации ќе живеат со наведнати глави или ќе чекорат слободно. Нашите ослободители го дале својот одговор. Со храброст. Со непоколеблива решителност. Со сопствените животи. Затоа денес стоиме исправени. Затоа денес живееме слободни. Затоа нивното дело има вечно место во срцето на Скопје. Слободата што ја живееме била платена со најскапоценото. Со млади животи, со неостварени соништа, со празни места во домовите во кои некој никогаш не се вратил. Нашата благодарност кон нив е вечна обврска да паметиме, да ја чуваме вистината за нивната борба и да создаваме град достоен за нивната жртва. Ви благодарам што му давате толку многу на нашиот град и што со вашиот пример ги охрабрувате младите да веруваат во сопствените можности. Носете го ова признание со гордост – рече Ѓорѓиевски во своето обраќање. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека нашата борба денес е различна, но суштината е иста, да им оставиме подобра иднина на генерациите што доаѓаат, како и дека негова главна заложба како градоначалник е да изградиме уредно, зелено, безбедно и современо Скопје, град во кој децата ќе растат со можности, секое населено место ќе добива внимание, а секој човек заслужена почит. - Секоја генерација има своја одговорност пред Скопје. Затоа ги откочивме проектите што со децении стоеја како неми сведоци на неодговорноста. Ги презедовме најтешките обврски и работиме да го завршиме она што предолго било одложувано. Денес, големите капитални проекти се во завршна фаза. Она што со години било ветување, добива облик пред очите на скопјани. Ова е одговорноста што ја презедов. Ќе ја носам со целосна посветеност, за Скопје да оди напред, а граѓаните да ја чувствуваат промената во својот живот. На овој голем ден, ја наведнуваме главата пред жртвата на ослободителите, а ја креваме со решителност пред обврските што ни ги носи иднината. Нивната храброст нека нè води. Нивната љубов кон Скопје нека нè обединува. Нашите дела нека покажат дека сме достојни за слободата што ни ја оставија. Нека е честит 13 Ноември. Вечна слава на ослободителите. Да живее слободно Скопје – рече Ѓорѓиевски.Тагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоДенес променливо облачно со повремени врнежиВремето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и услови за појава на слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 13 степени. Во недела во попладневните часови наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во средината на седмицата кога ќе има пообилни врнежи од дожд особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook