Поп-Илиоски: Менторот Филипче и Горан Бетон Герасимовски, ветуваа затворање на Дебар Маало, а го прават животот на жителите уште потежок
1Поп-Илиоски: Менторот Филипче и Горан Бетон Герасимовски, ветуваа затворање на Дебар Маало, а го прават животот на жителите уште потежок
СветТрамп најави голема чистка во војската на САД: Тие плукаат, ние удираме!Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, на состанок со американски генерали во базата Квантико во Вирџинија, го поддржа крајот на културата „вок“ во американската војска.Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, на состанок со американски генерали во базата Квантико во Вирџинија, го поддржа крајот на културата „вок“ во американската војска, што претходно го прогласи министерот за одбрана Пит Хегсет и изјави дека сака Министерството за одбрана „да ги користи опасните градови како полигони за обука на Армијата и Националната гарда“. Трамп, на состанок со воени претставници кои ненадејно беа поканети во Вирџинија од целиот свет, рече дека Хегсет наскоро ќе објави големи реформи насочени кон поедноставување на набавките и забрзување на продажбата на воена опрема во странство. Трамп рече дека неговата администрација размислува да ја зголеми американската војска. „Размислуваме да ја зголемиме, бидејќи имаме многу луѓе. Убаво е да можеме да отпуштаме луѓе врз основа на заслуги, а оние кои не се навистина квалификувани од која било причина, физичка причина, ментална причина, повеќе не мора да ги вработуваме“, рече тој, пренесува CNN. Како што изјави, не е задоволен од претходните луѓе кои држеа високи позиции во војската. Трамп рече дека организирањето на денешниот митинг е трошок, иако не голем, но дека би сакал да ги потроши парите на куршуми и ракети. Трамп, исто така, рече дека видел медиумски извештаи за плукање врз американските војници, додавајќи дека новата политика треба да биде „тие плукаат, ние удираме“. „Луѓето стојат таму, со усти блиску до уста, плукаат врз нив и викаат по нив. И тој војник што стои таму, сака да го нокаутира тоа лице, но не му е дозволено да прави ништо. Јас велам, тие плукаат, ние удираме. Дали е тоа во ред? Мислам дека е, тие плукаат, тоа е нова работа. Тие плукаат, ние удираме“, рече Трамп. Претседателот на САД им рече на генералите дека ако воените или полициските возила се погодени со тули или други предмети, офицерите треба „да прават што сакаат“. Тој, исто така, рече дека некои воени бродови на американската морнарица се грди и дека нему, како естетски настроена личност, не му се допаѓа начинот на кој се изградени некои од бродовите. Хегсет претходно на собир во Квантико изјави дека и мажите и жените во американската војска ќе мора да го исполнат нивото на физичка подготвеност за мажите и дека повеќе не сака да гледа „дебели генерали и адмирали или дебели војници во борбени формации“. Тој исто така рече дека нема да има повеќе „токсично идеолошко ѓубре што го инфицирало Министерството за одбрана“. „Крај на идентитетските месечини, крај на канцелариите на Министерството за идентитет и безбедност, крај на момците во фустани. Крај на обожавањето на климатските промени, крај на поделбите, крај на одвлекувањата на вниманието или родовите заблуди“, рече Хегсет.Тагови: Доналд Трамп САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПоп-Илиоски: Менторот Филипче и Горан Бетон Герасимовски, ветуваа затворање на Дебар Маало, а го прават животот на жителите уште потежокДенес сме на улицата „Рузвелтова“, каде што се отвора сериозно прашање за безбедноста на граѓаните. Почитувани центарци, Почитувани претставници на медиумите, Денес сме на улицата „Рузвелтова“, каде што се отвора сериозно прашање за безбедноста на граѓаните. Влезот во објектот е предвиден од главната улица, наместо од задната страна, со што се отвора прашањето за безбедноста на пешаците и возилата. Во населба каде што паркирањето е огромен проблем, а зеленилото сè помалку, секое вакво решение дополнително го оптоварува просторот. Господине Горан Бетон Герасимовски, ветувавте дека ќе го затворате Дебар Маало за да го заштитите квалитетот на живот на жителите. А денес, наместо да им го олесните животот, дополнително им ги отежнувате секојдневието и движењето! Каде се ветените решенија за безбедноста, паркирањето и зеленилото? Герасимовски, граѓаните заслужуваат да знаат кој ги одобрил ваквите решенија и дали е направена соодветна процена на безбедноста. Не може да се ветува уредено и хумано Дебар Маало, а притоа да се носат одлуки што отвораат нови проблеми за луѓето што веќе живеат таму. Дебар Маало не е простор за експериментирање на сметка на граѓаните! Бараме Општина Центар да ја преиспита безбедноста на влезот од „Рузвелтова“ и јавно да објасни како ќе ги заштити пешаците, ќе го решава паркирањето и ќе го зачува зеленилото. Жителите заслужуваат решенија, а не уште едно неисполнето ветување! Сашо Поп-Илиоски, претседател на правна комисија на ОК Центар Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
МакедонијаХоџа: Пет дигитални модули за поголема транспарентност и поефикасна заштита на животната срединаМинистерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на денешната прес-конференција ги презентираше петте модули на иницијативата „Зелен пресврт низ дигитализација“, насочени кон поголема транспарентност.Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на денешната прес-конференција ги презентираше петте модули на иницијативата „Зелен пресврт низ дигитализација“, насочени кон поголема транспарентност, поефикасни административни постапки и подобро управување со податоците и процесите поврзани со животната средина. „Дигитализацијата за нас не е само софтвер. Таа е политичка алатка за правда. Таа е сурова транспарентност. Каде што има дигитален систем, нема простор за криење. Таму завршува неефикасноста на системот“, истакна Хоџа. Првиот модул, „ТЕМЕЛИ“, ќе овозможи граѓаните, медиумите и граѓанските организации да имаат увид во проектите што ги реализира Министерството, нивната вредност, роковите, локациите и изворите на финансирање. Модулот „ЈАДРО“ опфаќа дигитализација на архивата и просторно-информативниот систем. Дигиталната архива ќе овозможи електронско следење на предметите, увид во нивниот статус и информација за службеникот задолжен за нивното постапување. Овој процес се реализира во соработка со Министерството за дигитална трансформација. Дигитализацијата на просторно-информативниот систем е веќе завршена и овозможува подобро управување со геопросторните податоци за заштитените подрачја и поголема транспарентност во постапките поврзани со нив. Преку модулот „ВРЕМЕ“, Министерството учествува во реформите за поедноставување на административните постапки. Целта е граѓаните да се ослободат од сложени процедури. Од околу 30 чекори за поедноставување на постапките поврзани со Министерството, 15 се предвидени во првата фаза, која треба да заврши до крајот на годината. Модулот „ЗЕМЈА“ предвидува дигитално мапирање на дивите депонии во општините, со цел полесно планирање на средствата и ресурсите за нивно расчистување, како и подготовка за воспоставување на регионалните центри за управување со отпад. Функционалноста на платформата ќе биде предмет на консултации со граѓанските организации, ЗЕЛС и стручната јавност, а нејзината реализација е предвидена во буџетот за 2027 година. Паралелно, во неколку општини се спроведува пилот-проект за видео-надзор на дивите депонии. Петтиот модул, „ВОЗДУХ“, предвидува воспоставување дигитален регистар во кој 140 иматели на А-интегрирани еколошки дозволи ќе ги објавуваат податоците за емисиите согласно условите од издадените дозволи. Регистарот е поврзан со Законот за контрола на емисиите во воздухот, кој стапува во сила во септември 2027 година. Во наредниот период Министерството ќе ги презентира модулите поединечно, со детални информации за нивната функционалност и придобивките за граѓаните. „Ова не е само дигитализација. Ова е нов вредносен систем. Ова е нашиот зелен пресврт“, порача Хоџа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
ЗдравјеВакцинацијата против сезонски грип забрзува – вакцини има доволно за ситеОд почетокот на кампањата на 14 октомври, досега се пријавени вкупно 66.821 граѓанин, со просек од 4.455 пријави дневно. Најголем дел од пријавените се лица над 65 години, а следат хроничните болни. Најмногу пријави има во Скопје (19.767), Битола (4.845), Прилеп (3.844), Струмица (3.585) и Тетово (3.581). Досега се закажани 6.710 термини, а вакцинирани се 3.266 граѓани – во последните три работни дена по околу илјада дневно. Реализацијата на термините што веќе поминале изнесува 86,7%, а 503 граѓани (13,3%) не се појавиле на закажаниот термин. Ги повикуваме граѓаните што не можат да дојдат навреме да го откажат терминот, за тој да се додели на друг пријавен. Денес ќе започне нова група закажувања, со што бројот ќе се зголеми на околу 1.700 вакцинации дневно. Денес е склучен договор за дополнителни 26.000 вакцини, од производителот Санофи, кои ќе пристигнат до 15 ноември, или досега вкупно 56.000 вакцини, а најавени се уште 30.000 вакцини до крајот на ноември. Со тоа ќе бидат обезбедени вкупно 86.000 вакцини – најмногу досега, и околу 20.000 повеќе од бројот на моментално пријавени граѓани. „Сезоната на грип е најизразена во јануари и февруари. Вакцинацијата спроведена до првата недела од јануари обезбедува навремена заштита. Словенија и Хрватска ќе започнат со вакцинација во ноември – и тоа не е доцна. Вакцини има доволно за сите пријавени, затоа ги молам граѓаните за трпение – секој ќе биде повикан на термин. Исто така, од неделава тимови на здравствените домови вакцинираат во домови за стари лица, а од следната недела и во центрите за дијализа“, изјави министерот за здравство, Сашо Клековски.Тагови: вакцина грипот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook