Трамп на социјалните мрежи ги „обои“ Канада и Гренланд во американски бои - Канал 5

Трамп на социјалните мрежи ги „обои“ Канада и Гренланд во американски бои

На една од фотографиите, Трамп е прикажан во Овалната соба со европски лидери, покрај табла со мапа на Западната хемисфера, на која САД, Венецуела, Гренланд и Канада се прикажани во црвено-бело-сини бои.

Трамп на социјалните мрежи ги „обои“ Канада и Гренланд во американски бои

Американскиот претседател Доналд Трамп ја заостри реториката за територијално проширување, споделувајќи манипулирани фотографии на социјалните мрежи кои сугерираат проширување на американската контрола врз Канада и обновувајќи ги повиците САД да го преземат Гренланд.

На една од фотографиите, Трамп е прикажан во Овалната соба со европски лидери, покрај табла со мапа на Западната хемисфера, на која САД, Венецуела, Гренланд и Канада се прикажани во црвено-бело-сини бои.

Трамп во повеќе наврати ја изнесе идејата Канада да биде ставена под американска контрола, па дури и да стане „51-та сојузна држава“, што предизвика бурни реакции во Отава.

Оригиналната фотографија е од август, кога Трамп се сретна со европски лидери за разговори за војната во Украина, меѓу кои беа Урсула фон дер Лајен, Кир Стармер и Џорџа Мелони.

На друга фотографија, споделена денеска, Трамп е прикажан како поставува американско знаме на Гренланд, заедно со потпретседателот Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио. На натписот стои: „Гренланд – територија на САД, основана 2026“.

Во серијата објави на „Трут соушал“, Трамп повтори дека преземањето на Гренланд е „императив“ за глобалната безбедност.

„Нема враќање назад – за тоа сите се согласуваат“, напиша тој.

Трамп ја нарекува својата визија за зголемена контрола врз Западната хемисфера „Доктрина Донро“, комбинација од неговото име и името на поранешниот американски претседател Џејмс Монро.

Тој тврди дека САД сега ја „контролираат“ Венецуела по воените удари во Каракас на 3 јануари и приведувањето на претседателот Николас Мадуро, додавајќи дека Вашингтон ќе ја контролира продажбата на венецуелската нафта на неопределено време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американските авиони-танкери се повлекоа од Бугарија

Два американски авиони-цистерни ја напуштиле бугарската воздухопловна база Безмер, речиси еден месец откако нивното распоредување во Бугарија предизвика остри реакции од Иран.

Американските авиони-танкери се повлекоа од Бугарија

Информацијата ја потврдил бугарскиот министер за одбрана Атанас Стојанов. Американските авиони биле привремено распоредени во Бугарија на барање на САД, врз основа на договорот со кој се регулира заедничкото користење на воените објекти.

Распоредувањето на авионите предизвика реакција од Техеран. Иран тогаш предупреди дека нивното присуство во Бугарија би можело да претставува учество во, како што го нарече, „агресија и воени злосторства“. По информациите дека Иран разгледувал можни напади врз американски воени цели во југоисточна Европа, Бугарија ги засили безбедносните мерки во базата Безмер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Насилник газеше луѓе со кола по ливада во Херцеговина, тројца се повредени (ВИДЕО)

Тежок инцидент се случи вчера кај градот Билеќа во Босна и Херцеговина, каде по настан со коњички трки, насилник со автомобил бркаше луѓе на отворен простор и успеа да прегази тројца, кои се во болница.

Насилник газеше луѓе со кола по ливада во Херцеговина, тројца се повредени (ВИДЕО)

Снимка од шокантниот настан се појави на социјалните мрежи, а според локалните меидуми, полицијата трага по Жељко Вујовиќ, осомничен за обид за тешко убиство, како и по едно лице што побегнало со него. Во меѓувреме уапсени се маж и жена за кои се верува дека му помогнале на сторителот по извешувањето на кривичното дело.

Во инцидентот на коњските трки биле повредени три лица. 32 годишен маж бил примен на интензивна нега со повреди на рамото и потколеницата, додека другите двајца имале полесни повреди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп повторно објави мапа: „Нова територија на САД“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави мапа на Ормутскиот теснец на својата социјална мрежа „Truth social“ и го прогласи за територија на САД.

Трамп повторно објави мапа: „Нова територија на САД“

Објавената слика покажува мапа на која е заокружен делот што го вклучува ормутскиот теснец, иранскиот остров Кешм, делови од територијата на Оман, па дури и градот Дубаи. Над тоа е коментарот: „нова територија на САД“.

Само еден ден претходно, Трамп изјави дека САД имаат „целосна контрола“ врз целиот регион што има врска со Ормутскиот теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер