Трамп на потсмев на социјалните мрежи: Знае ли да затвори чадор? (ВИДЕО) - Канал 5

Трамп на потсмев на социјалните мрежи: Знае ли да затвори чадор? (ВИДЕО)

Доналд Трамп повторно стана предмет на потсмев на социјалните мрежи откако се обиде да се качи во авион со - отворен чадор.

Трамп на потсмев на социјалните мрежи: Знае ли да затвори чадор? (ВИДЕО)

Додека се бореше со ветерот и дождот, американскиот претседател цврсто држеше голем црн чадор. Меѓутоа, кога се обидел да го внесе целосно отворениот чадор низ тесните врати на авионот, доживеал непријатен момент. Неговиот помошник му пришол на помош и го затворил, пренесе Ајриш Стар.

Коментарите не престануваат.

Социјалната мрежа Х е преплавена со потсмев кон него. Многумина се убедени дека тој не знае да затвори чадор. „Сега знам зошто одиме кон рецесија. Типот е идиот“, напиша некој. „Глупав е“, „Мислам дека никогаш не затворил чадор“, „Овој човек е потсмев на светот“, „Мрзлив е да го затвори“, „Човекот на чело на државата не знае да ракува со чадор“, се само дел од коментарите.

Слична ситуација во 2018 година.

Овој момент многумина ги потсети на слична ситуација од 2018 година, кога Трамп само го фрли чадорот на пистата затоа што не успеа да го затвори пред да влезе во авионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не помина интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Со 77 гласа против, 58 за и 17 воздржани во Собранието не беше изгласана интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица.

Не помина интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

На гласањето му претходеше жестока расправа во Собранието. Опозицијата обвинува за селективно постапување на полицијата, политички мотивирани акции, безбедносни пропусти...

Тошковски пак, во иницијативата гледа евтин политички обид да се закочи расчистувањето со криминалот и корупцијата..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)

Вработените во јавната установа Национален парк Пелистер спасија мала срна која била нападната од куче бездомник.

На Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)

Од установата на Фејсбук објавија дека малата срна ја спасил раководителот на помошно-техничкото одделение и ренџер во установата.

По спасувањето, вработените презеле дополнителни активности за срната повторно да биде вратена во својата природна средина. Со помош на емитирање на звуци малата срна повторно беше споена со својата мајка“ посочуваат од Националнот парк Пелистер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вели дека односите со САД мора да се вратат во нормала по јавната расправија што минатата недела ја имаше со американскиот претседател Доналд Трамп.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете држави остануваат добри. Во петокот Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа откако тој за италијанска телевизија изјави дека таа го молела да се фотографира со неа за време на неодамнешниот самит на Г-7 во Франција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер