3ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
СветТрамп: На американските бродови треба бесплатно да патуваат низ Панамскиот и Суецкиот каналАмериканскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека на американските воени и комерцијални бродови треба да им биде дозволено бесплатно да патуваат низ Панамскиот и Суецкиот канал.„На американските бродови, воени и комерцијални, треба да им биде дозволено бесплатно да патуваат низ Панамскиот и Суецкиот канал. Тие канали не би постоеле без Соединетите Американски Држави“, напиша Трамп на социјалната мрежа Трут сошл. Тој додаде дека побарал од американскиот државен секретар Марко Рубио „веднаш да се погрижи за оваа ситуација“. Панамскиот канал е најкратката морска рута помеѓу Тихиот и Атлантскиот океан. Ископан на Панамскиот мост помеѓу Северна и Јужна Америка, околу 40 проценти од американската трговија минува низ него. Соединетите Американски Држави со децении имаат ексклузивна контрола врз Панамскиот канал, поради нивната водечка улога во неговата изградба. Сепак, по потпишувањето на договорот Торихос-Картер во 1977 година, Вашингтон ѝ го отстапи суверенитетот над каналот на Панама, што жителите на таа земја го нарекуваат историска „пресвртница“. Тагови: Доналд Трамп американски бродови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео: Поплави во Кина, евакуирани 54000 жителиВо Кина, околу 54.000 луѓе се евакуирани поради поплави, вклучително и 8.000 преместени во привремени прифатилишта, што е последица на обилните врнежи предизвикани од тајфунот Нара.Поплавите особено го погодија регионот Гуангси, а метеоролозите предупредуваат на нови обилни врнежи во наредните денови, јавува CCTV. Водостоите на 15 реки го надминаа прагот за издавање предупредувања. 8月23日,网友发布视频显示,广西崇左宁明县洪水过境导致县城被淹没。 网友表示:我家被淹了,一夜之间被淹了😭大家注意安全! 有网友发布汽车被洪水冲走的视频,竟然还被举报!是害怕境外势力知道中国又淹水了吗? https://t.co/TDcI6l13ky pic.twitter.com/7iA2DADabD — YiFeng Su (@sam51824016070) August 23, 2026 Снимките емитувани на кинеската телевизија прикажаа поплавени патишта и спасувачи кои газат низ вода длабока до колена, користејќи гумени чамци за да ги евакуираат жителите од поплавените населби. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДрама во Романија, веднаш подигнати два авиона Ф-16 Радарскиот систем за надзор на Министерството за национална одбрана на Романија регистрираше повремени сигнали во воздушниот простор на Република Молдавија, во областа Кахул, утрово околу 6 часот, поради што беа испратени борбени авиони.Како што беше наведено, еден од тие сигнали подоцна се појавил во областа Таргу Бујор, во округот Галац. Според соопштението на Министерството за национална одбрана, два авиони Ф-16 на романското воено воздухопловство и еден хеликоптер биле подигнати за да ја следат ситуацијата, пренесува Аџерпрес. Како што беше наведено, Националниот центар за воена команда го извести Генералниот инспекторат за вонредни ситуации за воспоставувањето мерки за предупредување на населението во зафатеното подрачје. Ова не е првпат Романија да крева борбени авиони поради војната во Украина, бидејќи беспилотните летала, поради попречување на сигналот, често завршуваат во земјите што граничат со Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.08.2026 до 21.08.2026 зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook