Трамп му се нафрли на Брус Спрингстин: Изгледа како исушена модра слива - Канал 5

Трамп му се нафрли на Брус Спрингстин: Изгледа како исушена модра слива

Доналд Трамп повторно привлече внимание откако објави остра порака на социјалните мрежи упатена до Брус Спрингстин, во која го навреди и повика на бојкот на неговите концерти.

Трамп му се нафрли на Брус Спрингстин: Изгледа како исушена модра слива

Во објавата тој напиша: „Брус Спрингстин е преценет, лош и многу здодевен пејач. Никогаш не бил талентиран, само имал среќа. Изгледа како сува, збрчкана модра слива и се однесува како целосен губитник. Има неизлечив случај на синдром на Трампово растројство. MAGA треба да ги бојкотира неговите прескапи концерти и да ги задржи своите тешко заработени пари.“

Реакциите на социјалните медиуми беа мешани

Нивниот однос е затегнат со години, главно поради политички ставови. Спрингстин е познат како отворен критичар на Трамп и неговите политики, а особено се истакнуваше за време на претседателските кампањи, кога ги поддржуваше демократските кандидати и јавно зборуваше против Трамп на концерти и во медиумите.

Неговите појавувања и изјави честопати вклучуваа критики за социјалните поделби, политиките и реториката што ги промовираше Трамп, дополнително продлабочувајќи го конфликтот меѓу нив. Од друга страна, Трамп постојано одговараше на критиките од познати личности, вклучително и музичари, користејќи ги социјалните медиуми за да одговори.

Терминот „Синдром на Трампово растројство“ често се користи меѓу неговите поддржувачи за да се опишат луѓето кои силно го критикуваат, сугерирајќи дека нивните реакции се претерани или ирационални.

Реакциите на социјалните медиуми беа поделени, при што многумина го критикуваа тонот и содржината на објавата. Некои корисници го бранеа Спрингстин, истакнувајќи ја неговата долга кариера и влијание, додека други го поддржаа Трамп и неговиот повик за бојкот. Брус Спрингстин сè уште не коментираше јавно за изјавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: СДС го допре дното, со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, вистината е сосема спротивна

​До сега очекувавме и видовме се од талогот на СДС, но ова веќе ги преминува сите граници.

Петрушевски: СДС го допре дното, со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, вистината е сосема спротивна

Вакви пораки на социјалните мрежи биле праќани од страна на активисти на СДС кон граѓаните.

СДС го допре дното и со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, додека вистината е сосема спротивна.

Ова е смислено сценарио поради финансиско профитерство на фирми блиски до СДС кои работат со продажба на флаширана вода, намерно во договор со структури на СДС создаваат паника и хаос помеѓу граѓаните во Скопје, за да тие заработат денар повеќе, а СДС политички поени.

Граѓаните на главниот град пијат чиста и безбедна вода за пиење, а Филипче од Грција на гости кај Заев каде ги поминува годишните одмори, дал насока до неговите пајташи од СДС да создаваат недоверба кај граѓаните за безбедноста на водата.

До каде дојде некогаш големата СДС? Дојде до талогот, до дното.

Наместо да се извинат за Гостивар, но и за сите други населени места во кои изминатите години додека тие беа на власт, поради Филипче и СДС, граѓаните конзумирале небезбедна вода за пиење, а тогашните власти не ги известувале преку институциите, денес одат чекор повеќе и прават хаос во општеството затоа што не знаат како да дојдат до медиумско и граѓанско влијание.

Ова веќе ја помина секоја граница.

Го повикуваме МВР да ги најде поединците кои по насока на СДС шират дезинформации за водата во Скопје. Го повикуваме и ЈО да се разбуди од длабокиот сон и да почни да работи. Одговорност за тоа што граѓаните се труеле со години, а не дознавале, како и за ширење на лаги и манипулации како оваа денес во Скопје, мора да има.

YouTube video

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови“

Фестивалот е замислен како своевидно враќање на чалгијата во просторот на градот

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови“

Битола го добива својот прв фестивал посветен на чалгијата. На 14 и 15 август, градот ќе пулсира во ритамот на традиционалната чалгиска музика, низ настанот „Битолски чалгиски денови“, кој е дел од програмата на Битолското културно лето – БИТ ФЕСТ, во организација на Културно-информативниот центар - Битола.

Фестивалот е замислен како своевидно враќање на чалгијата во просторот на градот - таму каде што со децении се создавале и пренесувале музичките приказни, традициите и духот на некогашна Битола. Преку богата дводневна програма, чалгијата ќе биде претставена не само како музика, туку и како дел од културното наследство и препознатливиот градски идентитет.

Првиот фестивалски ден, 14 август, започнува во 11:00 часот во Офицерскиот дом, со семинарот „Канон - Чалгиска музика“, под менторство на Филип Михајловски. Едукативната содржина ќе биде можност за запознавање со традицијата, структурата и спецификите на чалгиската музика.

Фестивалската атмосфера продолжува во 18:00 часот на Широк Сокак, со пајтонско дефиле, кое низ препознатливиот битолски амбиент ќе го најави големиот музички дел од програмата.

Вечерта, центарот на случувањата се сели во Старата Чаршија кај Монмартр, каде од 20:30 часот ќе настапат Чапче и Тајфата. Во 21:30 часот следува настапот на Филип Шурбевски Езгија Квартет, а во 22:30 часот вечерта продолжува со „Мерак чалгии“, Димитар Андоновски и Бојан Стојков.

На 15 август, чалгиската приказна продолжува во Старата Чаршија. Од 20:30 часот повторно ќе настапат Чапче и Тајфата, додека за 22:00 часот настапуваат Љубојна и Битолскиот Чалгиски Оркестар.

Со својата премиерна фестивалска програма, „Битолски чалгиски денови“ отвора нов простор за афирмација на чалгијата и нејзино приближување до новите генерации, истовремено потсетувајќи на богатото музичко наследство на Битола.

Два дена чалгија. Два дена традиција. Една Битола.

Првиот фестивал на чалгијата во градот е покана за битолчани и гостите на Битола да ја почувствуваат музиката на чаршијата, да ја доживеат традицијата на поинаков начин и заедно да бидат дел од создавањето на една нова фестивалска традиција.

„Битолски чалгиски денови“ - 14 и 15 август, во рамките на БИТ ФЕСТ, во организација на Културно - информативниот центар - Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Политико“: Брисел подготвува нови правила за идното проширување на ЕУ

Европската унија подготвува измени во правилата за проширување поради се посилниот страв дека забрзаниот прием на нови членки може да доведе до парализа на носењето клучни одлуки во блокот, објави весникот „Политико“, повикувајќи се на дипломатски и

„Политико“: Брисел подготвува нови правила за идното проширување на ЕУ

Според информациите на медиумот, целта е да им се дадат гаранции на сегашните земји членки дека новиот бран на проширување нема да го парализира процесот на одлучување или дополнително да ја усложни распределбата на средствата од заедничкиот европски буџет.

Ова прашање ќе биде централна тема на стратешката расправа што европските лидери треба да ја водат на состанокот на Европскиот совет на 15 и 16 октомври. Советот уште во јуни најави дека на октомвриската сесија посебно ќе ја разгледува поврзаноста меѓу идното проширување и неопходната внатрешна реформа на самата еу.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер