ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со потсмев ја поздрави одлуката на Абази со која беше ослободен од одговорност за трагедијата со модуларната болница
2ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со потсмев ја поздрави одлуката на Абази со која беше ослободен од одговорност за трагедијата со модуларната болница
СветТрамп: Можна е воена акција во Нигерија ако не запре убиството на христијани Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека е можно испраќање војници во Нигерија или да се извршат воздушни напади за да го спречи убиство на големиот број христијани во западноафриканската земја.Тој одговарајќи на новинарско прашање дали предвидува војници на терен или воздушни напади врз Нигерија, Трамп истакна „Може да биде“. - Мислам, други работи. Замислувам многу работи. Тие убиваат рекорден број христијани во Нигерија. Тие убиваат христијани и ги убиваат во многу голем број. Нема да дозволиме тоа да се случи, посочи Трамп. Тој ден претходно се закани со воена акција против Нигерија, ако најнаселената земја во Африка, не запре со убивање христијани. Неговата закана уследи откако неговата администрација повторно ја додаде Нигерија на листата на „земји кои предизвикуваат особена загриженост“ односно држава која ги крши верските слободи. На таа листа се и Кина, Мјанмар, Северна Кореја, Русија и Пакистан. Нигерија, како одговор на заканите на Трамп, вчера соопшти дека ќе прифати помош од САД за борба против исламистичките бунтовници сè додека се почитува нејзиниот територијален интегритет. Ја поздравуваме помошта од САД сè додека таа го признава нашиот територијален интегритет, изјави Даниел Бвала, советникот на нигерискиот претседател Боле Тинубу. Во Нигерија живеат над 237 милиони луѓе поделени на околу 200 етнички групи. Северниот дел од земјата е претежно населен од муслимани, додека на југ живеат христијани. Исламистичките бунтовници како Боко Харам предизвикуваат хаос во земјата повеќе од 15 години, убивајќи илјадници, но нивните напади се во голема мера ограничени на претежно муслиманскиот североисток на земјата. Според анлитичарите, иако помеѓу жртвите на исламистичките милитанти се христијани, огромното мнозинство жртви се муслимани.Тагови: Доналд Трамп Нигерија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисНовак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес ОпенНајтрофејниот свтески тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе се соочат со Френсис Тиафо и Лејла Фернандез во осминафиналето на Грен слемот во Њујорк, УС Опен во конкуренција на мешани двојки.Ќе видиме како домашната публика ќе реагира на мечот против северноамериканскиот пар и кого ќе го поддржува, а според моменталната ситуација, натпреварот е закажан за утре, 25 август. Во евентуалното четвртфинале, ги очекуваат победниците од дуелот меѓу брачниот пар Гаел Монфис и Елина Свитолина, односно Алекс Ил и Феликс Оже-Алијасим. И Александра Круниќ би можела да се најде во главната ждрепка доколку таа и Мате Павиќ ги победат Пејтон Стернс и Кристијан Харисон. Меѓу поинтересните парови во главната ждрепка се Карлос Алкараз и Серена Вилијамс, кои ги очекуваат своите противници од квалификациите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВРЕДИ: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат…Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво значење: Артан Груби е пред правдата, а Бујар сè уште го чека моментот да направи чекор кон лидерската позиција во ДУИ.Со месеци Бујар молчи за Груби, иако некогаш двајцата беа на врвот на ДУИ. Денес се однесува како никогаш да немале заедничка политичка историја. Наместо мандатот како министер за надворешни работи да го користи во интерес на државата, Бујар го искористи и за своите внатрепартиски пресметки во ДУИ, „пеејќи“ де ваму де таму и правејќи сметки за преземање на раководството на ДУИ. Денес сценариото станува сè појасно: Груби пред судот, Али Ахмети под притисок, а Бујар ја чека фотелјата на претседателот на ДУИ. Но, прашањето е едноставно: зошто Бујар молчеше за Груби кога беа заедно на врвот на ДУИ? Што знае тој за оваа приказна и зошто денес се однесува како Груби никогаш да не постоел? Зашто во политиката, понекогаш не е важно само кој зборува, туку и зошто досега молчел. Ако „пеењето“ на Бујар било за правда, нека го каже тоа отворено. Ако било за власт и за фотелјата на Али Ахмети, тоа веќе сите го разбираат. Груби нека одговара пред правдата. Бујар нека им одговори на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео- Фото: Халанд со нова фризура во нови победи со СитиСветската фудбалска ѕвезда, норвешкиот стрелец Ерлинг Халанд со нов имиџ, кратка коса се појави на старот на новата сезона со Манчестер Сити во Премиер лигата. Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд (26), ја скрати долгата коса и ја започна сезоната во Премиер лигата со драстично поинаква фризура. На милиони негови фанови ќе им биде тешко да се навикнат на фактот дека норвешката машина за голови сега изгледа вака: Халанд се појави на натпреварот против Борнмут на стадионот „Етихад“ со кратка коса, а пред почетокот на мечот објави видео од својата нова фризура на својот профил на социјалната мрежа X. Поради новиот изглед на Халанд на социјалните мрежи се јавија и неговиот долгогодишен тренер, легендарниот Пеп Гвардиола и светската ѕвезда Златан Ибрахимовиќ. Во видеото во кое Халанд е со новиот имиџ може да се види и изненадената реакција на неговиот поранешен тренер Пеп Гвардиола, кој не можеше да поверува во она што го гледа. Шпанецот реагираше побурно, па дури и опцу за време на нивниот видео-повик. „Не е можно... Среќник си што воопшто имаш коса, и јас би сакал да имам“, рече Гвардиола со насмевка. Haaland Cut His Long Hair 🤫#ManCity #bournemouth #ManchesterCity #Haaland pic.twitter.com/qGw4D7l1AN — Starr-lyncy Ofori-Atta (@Starrlyncy) August 23, 2026 „Што по ѓаволите си направил? О Боже, што е ова? Да не изгуби во некој облог или слично? Блокирај ме, избриши ми го бројот“, му рече Златан Ибрахимовиќ. Секако реагираа и многу соиграчи на Халанд. Haaland FaceTiming Jack Grealish, Noel Gallagher & Zlatan Ibrahimović… 😂 📱 And then Zlatan notices the haircut: “What the f*** did you do?” 🤣🩵 pic.twitter.com/eQvvGHJ5E4 — Blueprint (@Cityblueprint_) August 23, 2026 Ерлинг Халанд со години носеше долга коса и беше препознатлив по неа. Последен пат настапи со косата врзана во опавче на Светското првенство во Америка, каде што испиша историја со националниот тим: го елиминираа Бразил и стигнаа до четвртфиналето, откако во нокаут-фазата ја совладаа Брегот на Слоновата Коска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:30