Трамп мора да плати 355 милиони долари поради финансиска измама - Канал 5

Трамп мора да плати 355 милиони долари поради финансиска измама

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп мора да плати речиси 355 милиони долари во пресудата за измама.

Трамп мора да плати 355 милиони долари поради финансиска измама

Исто така, според пресудата, на Трамп му е забрането да работи во Њујорк во траење од три години, а на неговите синови Ерик и Доналд Џуниор им е забрането да работат во Њујорк во рок од две години, објави Њујорк Пост.

За потсетување дека Трамп и неговите двајца возрасни синови и Организацијата Трамп се обвинети за надувување на вредноста на имотот - кој исто така вклучува имоти како кулата Трамп и разни одморалишта за голф - до износ од 2 милијарди долари за да можат да добијат поповолни каматните стапки за заеми.

Судијата сега одлучи дека Трамп и неговата организација треба да платат 354.868.768 долари. Синовите на Трамп ќе треба да платат по 4 милиони долари.

Да потсетиме, граѓанскиот процес за овој случај заврши пред околу еден месец, но конечната одлука беше донесена денеска.

Судијата веќе откри дека Трамп, неговите двајца возрасни синови и директорите на Организацијата Трамп со измама ги „надувале“ финансиските извештаи дадени на банки и осигурителни компании за да добијат подобри зделки и заеми.

Поранешниот претседател, неговите двајца возрасни синови - Доналд Џуниор и Ерик - и пошироката организација Трамп се обвинети дека масовно ја зголемиле вредноста на нивните средства за повеќе од две милијарди долари, со цел да добијат поповолни заеми.

Судијата во случајот Артур Енгорон веќе во септември пресуди дека Трамп извршил деловна измама и постојано погрешно го прикажувал своето богатство во износ од милиони долари.

Трамп го лажирал богатството на финансиските извештаи кои потоа биле доставени до заемодавачите како што се банките и осигурителите за да затворат зделки и да обезбедат заеми. Неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида е преценет за 2.300% во еден финансиски извештај, а кулата Трамп во Њујорк била претставена како трипати повредна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова жртва во снежното невреме во Виена: Седумгодишно дете е тешко повредено додека стоело на автобуска станица

Седумгодишно момче е тешко повредено, а неговата мајка е полесно повредена кога лизгачка машина за чистење снег ги удрил во виенскиот округ Лисинг во четврток наутро, соопшти вчера австриската полиција.

Нова жртва во снежното невреме во Виена: Седумгодишно дете е тешко повредено додека стоело на автобуска станица

Несреќата се случила за време на обилни снежни врнежи додека мајката и синот стоеле на автобуска станица на Ендрештрасе во Виена, објави австрискиот весник „Кронен Цајтунг“.

Несреќата се случила кога возачот на машината за чистење снег се обидел да се оддалечи од автобуската станица, но возилото се лизнало напред и ги удрило мајката и детето, кои биле заробени помеѓу машината за чистење снег и настрешницата на автобуската станица.

Мајката се здобила со полесни повреди, вклучувајќи и исеченици, додека нејзиниот седумгодишен син е тешко повреден.

На момчето му била укажана прва помош на местото на несреќата, а потоа било однесено во болница со службата за брза помош на Виена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС живеат во филм на лаги и ширење паника меѓу граѓаните, Владата прави сѐ да нема никакви ценовни шокови

Венко Филипче и талогот на СДС никако да престанат да живеат во филм чија основна содржина се лагите и ширењето паника.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС живеат во филм на лаги и ширење паника меѓу граѓаните, Владата прави сѐ да нема никакви ценовни шокови

Ќе се обидеме, кратко да им ја објасниме ситуацијата во Македонија секако со желба да излезат во филмот во кој живеат.

Прво, Македонија не е изолирана од регионот, Европа и светот, затоа глобалните движења се дел и од македонската реалност. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема мерки за намалување на цена на дериватите. Тука секако се грижи и ако е потребно согласно светските движења цените да може да бидат што пониски.

И второ, ова се економските показатели во Македонија. Растот на БДП, поточно реалниот раст на бруто-домашниот производ изнесуваше 3,8% во 2024 и во 2025 година, а во вториот квартал од 2026 година достигна 4,3%. Инфлација во септември 2026 година беше 2,7%, а просечната во третиот квартал околу 2,5%.

Еве податоци и за платите и пензиите. Во ноември 2026 година, просечната нето-плата се зголеми од 41.252 денари во мај 2024 на 49.141 денар во септември 2026 година, а просечната пензија од 21.209 денари на 28.935 денари. Реалната нето-плата во септември 2026 година пораснала за 5,2%.

Дополнително, во следните две години треба да се вратат околу 5 милијарди евра стари долгови и камати.

Оттука, се што зборува Филипче и талогот од СДС е единствено ширење лаги и хистерија меѓу граѓаните, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД полека се опоравуваат од силното невреме на Денот на благодарноста- метеоролозите со лоши прогнози (ВИДЕО)

Обилните дождови што го погодија источниот брег на Соединетите Американски Држави (САД) почнаа да се намалуваат, додека снабдувањето со електрична енергија постепено се обновува денес за стотици илјади клиенти по силната бура.

САД полека се опоравуваат од силното невреме на Денот на благодарноста- метеоролозите со лоши прогнози (ВИДЕО)

Обилните дождови што го погодија источниот брег на Соединетите Американски Држави (САД) почнаа да се намалуваат, додека снабдувањето со електрична енергија постепено се обновува денес за стотици илјади клиенти по силната бура што го погоди регионот во петок, Денот на благодарноста, објави АП.

Националната метеоролошка служба предупреди дека ќе биде потребно повеќе време за бурата да ослабне, поради што се во сила предупредувања за крајбрежни поплави од Њу Џерси до Вирџинија.

YouTube video

Бурата го парализираше сообраќајот, собори дрвја и далноводи од Њујорк до Вирџинија, објавува CBS News.

Според услугата за следење на летови „FlightAware“, речиси 3.700 летови во САД беа одложени, додека повеќе од 160 беа откажани.

Бројот на клиенти без електрична енергија, кој надмина 900.000 во четврток, се намали на околу 300.000, според податоците од порталот „PowerOutage.us“.

Во Норфолк, Вирџинија, спасувачките екипи евакуираа 39 лица и две кучиња, додека покриви се урнаа во Оушн Сити и Роквил.

Поради дожд и силен ветер, традиционалната парада на Мејси во Њујорк беше одложена за прв пат во историјата.

Во Балтимор паднаа рекордни 7,7 сантиметри дожд, а плимата во Анаполис беше меѓу 10-те највисоки во историјата.

Додека условите се смируваат во источен Мисури откако наврнаа околу 38 сантиметри снег, а покривот на лизгалиштето се сруши под тежината, за западните и централните делови на земјата е најавен нов бран зима.

Метеоролозите предвидуваат до 45 сантиметри снег од Монтана до Колорадо за викендот, додека уште еден бран дожд и силен ветер се очекува на Источниот брег во недела навечер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер