СветТрамп: Мислам дека Русија сака крај на војната, но можно е да одолговлекуваМожно е Русија и Путин да одолговлекуваат со мировниот договор – вели американскиот претседател Доналд Трамп прашан за тридневната шатл дипломатија во Саудиска Арабија и договорот за примирје во Црното Море меѓу САД, Русија и Украина. Постигнатиот договор предвидува сигурна пловидба на трговски бродови кои не смеат да се користат за воени цели, како и воздржување од употреба на сила. Белата Куќа исто така објави и дека по преговорите САД ќе помогне да се врати рускиот пристап до светскиот пазар за земјоделски производи и ѓубрива. Сепак, и покрај умерениот скептицизам, Трамп изрази надеж дека и Русија и Украина би сакале да стават крај на војната. -Mислам дека Русија сака да го види крајот (на војната) но, можно е да одолговлекува. Сум го правел и јас тоа низ годините, не сум сакал да потпишам договор, знаете сакам да останам во играта, но можеби не сакам да го направам тоа, не сум сигурен. Но, мислам дека Русија би сакал да се стави крај (на војната) и мислам дека Зеленски би сакал да заврши во овој момент. - Доналд Трамп – Претседател на САД Сепак, Русија останува скептична, а министерот за надворешни работи Сергеј Лавров инсистира дека само директна наредба од Вашингтон може да гарантира усогласеност на Киев. Во меѓувреме, украинскиот претседател Зеленски ја потврди посветеноста на Киев, но предупреди дека ако има нови воени активности во Црното море, тогаш неговата земја ќе преземе дополнителни мерки. -Како Русија ќе се однесува во наредните денови ќе открие многу, ако не и сè. Ако повторно има предупредувања за воздушен напад, ако има обновени воени активности во Црното Море, ако продолжат руските манипулации и закани - тогаш ќе треба да се преземат нови мерки, особено против Москва.- Володимир Зеленски – Претседател на Украина -Ќе ни бидат потребни јасни гаранции, и можеби ќе има гаранции, земајќи ги предвид тажните искуства од договорите со Киев. Гаранциите би можеле да се остварат само со директна наредба од Вашингтон кон Зеленски и неговиот тим да го направат тоа и тоа и никако поинаку. И мислам дека нашите американски партнери го примија тој наш сигнал. - Сергеј Лавров – Министер за надворешни работи Во меѓувреме, Зеленски вечерва ќе се сретне со неговиот француски колега Макрон во Париз, во пресрет на самитот посветен за Украина.Тагови: Доналд Трамп русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
КултураВечерва на сцената на Македонската филхармонија два оркестра, два града „Профундис“ од Скопје и „Камерата“ од Нови Сад вечерва за првпат заедно на сцената на Македонската филхармонија, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица ДашиќСКОПЈЕ, 19.11.2026: Вечерва, во 20:00 часот, во Големата сала на Македонската филхармонија, Камерниот оркестар „Профундис“ од Скопје и оркестарот „Камерата“ од Нови Сад ќе настапат како еден голем музички состав, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ. Музичарите од двата града ја споделуваат сцената во изведба во која оркестарот е вистинскиот главен актер. Наместо два ансамбли што настапуваат еден покрај друг, публиката ќе слушне една музичка целина, изградена од искуствата, изведувачките сензибилитети и уметничката енергија на двата оркестри. „За мене, посебната вредност на овој концерт е во тоа што на сцената нема да имаме два оркестри кои само настапуваат еден покрај друг, туку два ансамбли кои преку заедничката работа создаваат една музичка целина. Соработката со Камерата ни овозможува да го прошириме музичкиот простор, да ја почувствуваме силата на поголемиот ансамбл и да создадеме изведба во која оркестарот е вистинскиот главен актер. Верувам дека публиката ќе ја препознае енергијата, посветеноста и музичката комуникација што стојат зад овој проект“, вели маестра Ѓурѓица Дашиќ, основач и диригент на „Профундис“. Вечерната програма обединува четири дела од различни епохи и стилови. Публиката ќе ја доживее возвишената и полифонична звучност на „Фантазија на тема од Томас Талис“ од Ралф Вон Вилијамс, ритмичката динамика и современиот израз на „Последен круг“ од Освалдо Голијов и „Свита за гудачки оркестар“ од македонскиот композитор Стојан Стојков, а вечерта ќе ја заокружи темпераментната и виртуозна „Свита Кармен“ од Жорж Бизе, во оркестарска обработка на Родион Шчедрин. Од суптилноста на музичките линии до ритмичката енергија и драматичните контрасти, секое дело носи поинаков предизвик и ја покажува ширината на изразните можности на заедничкиот ансамбл. Со ваквите проекти, „Профундис“ продолжува да ја развива својата уметничка мисија, да воспоставува меѓународни соработки и да ја збогатува концертната сцена со внимателно осмислени музички продукции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЕК предлага нов заем за Украина од 45 милијарди евраПретседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, предложи нов заем од 45 милијарди евра за Украина за 2027 година, обезбеден преку заедничко задолжување на ЕУ со гаранција од европскиот буџет. Од пакетот, 25 милијарди евра би биле наменети за воени потреби, а 20 милијарди за буџетска поддршка. Средствата треба да покријат приближно две третини од очекуваниот финансиски недостиг на Киев од 70 милијарди евра следната година. Според предлогот, Украина би го враќала заемот откако Русија ќе плати воени репарации. За одобрување е потребна едногласна поддршка од сите 27 членки, а противењето на Унгарија, Словачка, Чешка и Бугарија може да го забави договорот пред европскиот самит следната недела.Тагови: ЕУ украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаКривични пријави за два слуачи поврзани со силување децаПолицијата поднесе кривични пријави за два случаи во кои биле силувани деца.. Едниот случај се случил во февруари 2026 година, а другиот во јули 2025 година.„СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.Н.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување на дете кое не наполнило 15 години. Во февруари 2026 година, пријавениот извршил полови дејствија врз малолетник“, соопшти полицијата. Втората пријава е поднесена протов двајца сторители. „СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.Н.(47) и А.Т.(62) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување на дете кое не наполнило 15 години. Во јули 2025 година, пријавените извршиле полови дејствија врз малолетник“, соопшти полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45