СветТрамп: Ќе продолжам да се борам за мир во УкраинаВчера Трамп најави дека во наредните денови планира да учествува во разговори за војната, по неуспешната средба со Путин во Алјаска.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе продолжи да се залага за постигнување мирно решение меѓу Москва и Киев, и покрај зголемените сомнежи за можноста за директни преговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Володимир Зеленски во блиска иднина. „Нешто ќе се случи, но тие (Путин и Зеленски) сè уште не се подготвени за тоа. Но, нешто дефинитивно ќе се случи. Ние имаме намера да го овозможиме тоа , рече Трамп во интервју за телевизијата „Си-Би-Ес Њуз“. Вчера Трамп најави дека во наредните денови планира да учествува во разговори за војната, по неуспешната средба со Путин во Алјаска. Според официјален претставник на Белата куќа, се очекува Трамп денеска телефонски да разговара со Зеленски. Од друга страна, Путин вчера изјави дека е подготвен да се сретне со Зеленски доколку украинскиот лидер дојде во Москва, но нагласи дека таква средба мора да биде внимателно подготвена и да донесе конкретни резултати. Украинскиот министер за надворешни работи ја отфрли можноста за преговори во руската престолнина. Трамп во интервјуто за Си-Би-Ес изрази жалење за „масакрот“ меѓу Русија и Украина, додавајќи дека ќе продолжи да се бори за мирно решение. - Мислам дека ќе успееме да ги надминеме сите разлики. Искрено, мислев дека ќе биде полесно да се договорам со руската страна отколку со другите, но работите со нив се покажаа малку покомплицирани, рече тој. Американскиот претседател изрази незадоволство што не може да ги запре борбите во Украина, кои започнаа со руската инвазија во февруари 2022 година. Првично, тој предвидуваше дека ќе ја прекине војната веднаш по стапувањето на функцијата во јануари. Коментирајќи ги вчерашните снимки од заедничкото присуство на Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на парада во Пекинг, Трамп истакна дека има „добри односи“ со секој од нив. - Разбирам зошто го направија тоа. Сакаа да видам, и јас видов. Односите со сите нив mi се многу добри. Во следните две недели ќе видиме до кој степен се навистина добри, додаде тој. Трамп нагласи дека не се стреми кон Нобелова награда за мир, туку само сака да стави крај на крвопролитијата во светот. - Не се борам за награди, туку за да престанат конфликтите, заклучи американскиот претседател. Тагови: Доналд Трамп САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
СветГолема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинатиБројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП. Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица. „Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса. Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка. Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата. Извор: Б92Тагови: Кенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПосебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратонМВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија. Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.Тагови: Скопски маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДрама: Авион исчезна над океанотСпоред неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него. Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс. Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“. Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа. Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата. BREAKING: Gulfstream G100 with 6 persons on board has reportedly crashed into the Atlantic while flying from Bermuda to Boston pic.twitter.com/gHZI5Sq2vc — Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) October 3, 2026 Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter