Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
1Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
3Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување
СветТрамп: Ќе го земеме збогатениот ураниум од ИранАмериканскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека САД ќе соработуваат со Иран за да го соберат збогатениот ураниум и да го вратат во Соединетите Држави, пишува Ројтерс.„Ќе го решиме тоа заедно. Ќе влеземе со Иран, лесно и опуштено, ќе одиме таму и ќе почнеме да копаме со големи машини... Ќе го вратиме во Соединетите Држави“, рече Трамп за време на телефонско интервју, според Ројтерс. Трамп за „нуклеарната прашина“ Тој исто така спомена „нуклеарна прашина“ и додаде дека таа ќе биде собрана „многу брзо“. Терминот на Трамп се однесува на она што тој го смета за остатоци откако Соединетите Држави и Израел ги бомбардираа нуклеарните постројки на Иран минатиот јуни. Да потсетиме дека американскиот претседател Доналд Трамп претходно го нападна НАТО, отфрлајќи ја понудата на сојузникот за помош во Ормутскиот теснец. Во објавите на социјалната мрежа Truth Social, тој рече дека не му е потребна помош и ги нарече сојузниците „хартиени тигри“, нагласувајќи дека тие се „бескорисни кога е важно“. Во исто време, тој ги изнесе и деталите од наводниот договор со Иран, тврдејќи дека Техеран се обврзал повеќе да не го затвора Ормутскиот теснец, додека САД ќе ја задржат контролата врз иранскиот нуклеарен материјал. Трамп нагласи дека парите не се дел од договорот и им се заблагодари на регионалните партнери како што се Саудиска Арабија, ОАЕ, Катар и Пакистан. Тој додаде и дека договорот не се однесува на Либан, но потврди дека САД одделно ќе ја решат ситуацијата со Хезболах и дека на Израел му е забрането понатамошно бомбардирање на земјата.Тагови: Доналд Трамп збогатен ураниум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДржавниот секретар Петрушевски учествуваше на 27. состанок на Советот на СЕЛЕК во БукурештНа 21 октомври 2026 година, во Букурешт, Романија, се одржа 27. состанок на Советот на СЕЛЕК – Центарот за спроведување на законот на Југоисточна Европа. На состанокот учествуваше државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сашо Петрушевски, во својство на постојан член на Советот, предводејќи ја македонската делегација. Во рамки на состанокот беа презентирани резултатите од оперативната работа на СЕЛЕК за 2025 и 2026 година, при што беше разгледан придонесот на Центарот во унапредувањето на регионалната соработка и координацијата меѓу надлежните институции во справувањето со прекуграничниот и организираниот криминал. Во продолжение, се одржа гласање за избор на нов генерален директор на СЕЛЕК. За функцијата беа номинирани кандидати од Албанија, Романија и Србија. По спроведената изборна постапка, за генерален директор беше избрана кандидатката на Романија, Мадалина Сорина Влангар. Состанокот претставуваше можност за размена на информации и искуства меѓу земјите членки, како и за унапредување на регионалната соработка во спречувањето и сузбивањето на прекуграничниот и организираниот криминал. Република Македонија, преку своето учество во работата на Советот на СЕЛЕК, продолжува да придонесува кон зајакнување на соработката меѓу надлежните институции и унапредување на безбедноста во Југоисточна Европа.Тагови: Сашо Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Го вративме вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска МакедонијаГо враќаме спомен-обележјето, го чуваме споменот на едно одземено детство!Го вративме вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска Македонија, во чест на нивните судбини, прекинатото детство и незгаснатата љубов кон родниот дом. Истовремено, во тек се градежните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена-Борец“. Го обновуваме просторот кој ја чува нашата колективна меморија и му го враќаме достоинството што го заслужува. Градиме за иднината. Со почит кон минатото!, објави на ФБ градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМП: Силна поддршка од Грција за европската интеграција и реформите во правосудствотоГрција дава силна поддршка на нашата држава на патот кон членство во Европската Унија. Ова беше потврдено на средбата меѓу министерот за правда, Јетон Шасивари, и новиот амбасадор на Грција, Јоанис Малукос, на која беше нагласена важноста на европската перспектива и натамошното продлабочување на билатералната соработка. На средбата, грчката страна изрази подготвеност за безрезервна поддршка на реформите во правосудството, преку споделување искуства, обезбедување експертска помош и зајакнување на соработката меѓу надлежните институции. Министерот Шасивари изрази благодарност за силната и континуирана поддршка од Грција, истакнувајќи дека реформите во правосудството, зајакнувањето на владеењето на правото и усогласувањето со европските стандарди остануваат меѓу клучните приоритети на Министерството за правда. Двајцата соговорници ја потврдија заедничката заложба за унапредување на соработката и за конкретна поддршка на реформските процеси што се од суштинско значење за европската иднина на нашата држава. Министерство за правдаТагови: Министерство за правда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter