Тинејџерот поминал две години градејќи реплика на реткиот Lamborghini Egoist, суперавтомобил со ограничено издание. Она што ја прави неговата верзија уште поневеројатна е тоа што всушност може да вози, благодарение на малиот мотор кој му овозможува да достигне брзина до 40 km/h.
Во неговите видеа на TikTok, Ахмад може да се види како вози низ улиците со неговото картонско Ламборџини, оставајќи ги минувачите во целосно неверување. Откако го сподели конечниот резултат со неговите 470.000 следбеници на TikTok, неговите објави брзо станаа вирални, собраа преку 30 милиони прегледи и илјадници коментари.
„Кажи што сакаш... Од ништо го направи ова... Почит“, „Братко, не застанувај додека тие надарени раце не те одведат на возење со твоето ново Ламборџини“ и „Сакам да го видам како минува низ автоперална“, се само дел од коментарите.
Во изјава за Supercar Blondie, Ахмад рече: „Верувам дека мојата способност да создавам реплики доаѓа од природниот талент што отсекогаш сум го имал, а не од нешто што конкретно го научив“.
„Ги наоѓам деловите за моите реплики со рециклирање отпадни материјали. Верувам во моќта на одржливоста и повторното користење на она што инаку би било отфрлено, претворајќи го во нешто вредно и функционално“.
Картонскиот автомобил е инспириран од едно од најскапите Lamborghini некогаш продадени - Lamborghini Egoist, кој беше купен од приватен колекционер во 2013 година за 117 милиони долари (90 милиони фунти).
