Трамп ја завршува посетата на Кина и се враќа во САД - Си ќе му испрати кинески семиња од роза - Канал 5

Трамп ја завршува посетата на Кина и се враќа во САД - Си ќе му испрати кинески семиња од роза

Американскиот претседател Доналд Трамп го пофали кинескиот претседател Си Џинпинг по нивната средба, нарекувајќи го кинескиот народ одличен народ и најавувајќи ја посетата на Си на САД во септември. 

Трамп ја завршува посетата на Кина и се враќа во САД - Си ќе му испрати кинески семиња од роза

Доналд Трамп во завршните зборови по средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг американскиот претседател заблагодарувајќи му се порача дека имале „навистина одлични неколку дена“. Тој рече дека „станале пријатели со сите нив“. Тој објави дека кинескиот претседател ќе ги посети САД во септември и додаде дека се надева дека ќе си замине „многу импресиониран, исто како што сум многу импресиониран од Кина“.

Автомобилската поворка на американскиот претседател Доналд Трамп пристигна на Меѓународниот аеродром „Капитал“ во Пекинг, со што ја заврши неговата кратка посета на Кина. Тој беше придружуван на пистата од почесна гарда, а црвен тепих беше поставен до скалите на претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, кој Трамп го користи за враќање во Соединетите Држави.

Средба со кинескиот лидер Непосредно пред да оди на аеродромот, Трамп престојуваше во Џонгнанхаи, комплексот во кој се наоѓа седиштето на Комунистичката партија. Кинескиот лидер Си Џинпинг таму беше домаќин на билатерална средба со чај и работен ручек.

Доналд Трамп изјави дека го губи трпението со Иран откако разговараше за војната со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг.

Белата куќа соопшти дека Трамп и Си се согласиле дека Ормускиот Теснец треба да биде отворен, откако Иран го затвори за најголемиот број бродови по почетокот на американско-израелските напади на 28 февруари, што доведе до досега невидено глобално нарушување во снабдувањето со енергенси. Кина е најголемиот купувач на иранската нафта.

„Нема уште долго да бидам трпелив. Иран мора да склучи договор“, кажа Трамп за „Фокс њуз“, осврнувајќи се и на иранските залихи на збогатен ураниум.

„Би се чувствувал подобро ако ги добијам, но не е неопходно“, рече тој.

Трамп тврди дека Шји му ветил дека Кина нема да му праќа воена опрема на Иран.

„Тој рече дека нема да дава воена опрема и тоа е голема изјава. Си би сакал да се постигне договор и ми рече: ‘Ако можам да помогнам, би сакал да помогнам‘“.

Трамп сака да добие кинеска поддршка за да стави крај на војната што стана голема пречка пред меѓуизборите во САД во ноември. Но, аналитичарите се сомневаат дека Шји ќе биде подготвен силно да го притисне Иран или да ја прекине поддршката за неговата војска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Дигиталната трансформација, иновациите и ИКТ секторот треба да станат посилен дел од економската агенда со Грција

Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува уште еден важен чекор во градењето на ново поглавје на соработка меѓу двете земји, засновано не само на политички дијалог, туку и на економски раст, иновации и заедничка конкур

Муцунски: Дигиталната трансформација, иновациите и ИКТ секторот треба да станат посилен дел од економската агенда со Грција

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска присуствуваше и се обрати на Бизнис форумот на информатичко-комуникациски компании, во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Здружението на информатички компании на Грција (СЕТПЕ), што се одржа во Скопје.

Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува уште еден важен чекор во градењето на ново поглавје на соработка меѓу двете земји, засновано не само на политички дијалог, туку и на економски раст, иновации и заедничка конкурентност.

„Интегрирањето на надворешната трговија во портфолиото на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија не беше само административна промена. Тоа беше политичка порака. Порака дека нашата дипломатија мора да испорачува повеќе трговија, повеќе инвестиции, поголем пристап до пазари и повеќе конкретни можности за нашите компании“, истакна Муцунски.

Осврнувајќи се на потенцијалот на домашниот ИКТ сектор, министерот нагласи дека тој претставува еден од најдобрите примери за тоа што може да постигне државата кога талентот, претприемништвото и меѓународните пазари се обединети.

„Нашата земја располага со силен потенцијал во ИКТ секторот. Имаме високо квалификувани професионалци, динамични компании, конкурентни деловни услови и млада генерација која е амбициозна, креативна и глобално поврзана“, рече министерот.

Тој посочи дека со придонес од речиси 5 проценти во БДП и годишни приходи од приближно 1,65 милијарди евра, ИКТ секторот претставува еден од клучните столбови на македонската економија.

„Но, ние не го гледаме тоа само како економска статистика. Ние го гледаме како национална можност. Можност младите луѓе да останат дома. Можност да привлечеме сериозни инвестиции. Можност да ги поврземе нашите компании со европските и глобалните синџири на вредност.

Можност да ја позиционираме Македонија како регионален центар за дигитални услуги и иновации“, нагласи Муцунски.

Воедно, министерот истакна дека следната фаза од економската соработка меѓу Македонија и Грција треба да биде поамбициозна, поиновативна и повеќе насочена кон иднината.

„Енергетиката, инфраструктурата и трговијата ќе останат важни. Но, дигиталната трансформација, ИКТ, иновациите, вештачката интелигенција, сајбер-безбедноста, финтек решенијата и соработката меѓу стартапите треба да станат посилен дел од нашата билатерална економска агенда“, истакна тој.

Осврнувајќи се на европската перспектива на државата, Муцунски нагласи дека европската интеграција не е само политички процес, туку и економска трансформација што носи подобри стандарди, посилни институции, попредвидливи правила, поголема конкурентност и поширок пазар за компаниите.

На крајот од своето обраќање, министерот потенцираше дека токму бизнис-заедницата е двигател на економскиот развој.

„Владите можат да ја создадат рамката. Институциите можат да ги отворат вратите. Но компаниите, претприемачите, инженерите, иноваторите и инвеститорите се тие што создаваат вистинска економска вредност“, порача Муцунски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов дом за желките Sulcata во Скопје ЗОО: Инвестиција на Flex Credit за поубаво искуство на најмладите

Во согласност со својата општествено одговорна платформа „Повеќе од финансии – поддршка за заедницата“, Flex Credit продолжува да инвестира во проекти кои создаваат трајна вредност за локалната заедница.

Нов дом за желките Sulcata во Скопје ЗОО: Инвестиција на Flex Credit за поубаво искуство на најмладите

По повод големиот јубилеј „100 години Скопје ЗОО“, Зоолошката градина во Скопје доби ново катче – комплетно изградена и опремена куќичка за желки (Centrochelys sulcata). Проектот е реализиран на директно барање на Зоолошката градина, а финансиран и самостојно изграден од страна на финансиското друштво Flex Credit, како дел од нивната долгорочна стратегија за општествена одговорност.

Оваа нова инфраструктура, е дизајнирана да ги подобри условите за живот на животните, но и да стане составен дел од редовната едукативна и забавна програма на Скопје ЗОО. Со ова, посетителите – особено најмладите, ќе добијат можност одблиску да се запознаат со желките во средина која ги исполнува сите современи стандарди.

За менаџментот на Flex Credit, овој проект е потврда дека вистинската грижа за заедницата се мери преку видливи и одржливи дела.

„Овој значаен јубилеј на Зоолошката градина нè потсетува колку е важно да ги негуваме и поддржуваме местата што имаат непроценлива вредност за сите генерации скопјани. Токму затоа, со огромно задоволство одговоривме на барањето на ЗОО Скопје. Нашата цел со оваа инвестиција е директно да придонесеме во подобрување на условите, да го поддржиме развојот на институцијата и да создадеме поубаво и поедукативно искуство за сите посетители – особено за децата. Затоа што за Flex Credit, општествената одговорност никогаш не била само зборови, туку конкретна акција на терен,“ изјави Тина Трпковска, Маркетинг директор на Flex Credit.

Новата куќичка за желки од денеска е официјално отворена за сите посетители, збогатувајќи ја содржината на Скопје ЗОО во годината на нејзиниот голем јубилеј.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ракопис за кралот Артур и волшебникот Мерлин ќе биде понуден на аукција

Средновековен ракопис што претставува рана верзија на приказните за кралот Артур и волшебникот Мерлин, кој е во приватни колекции околу 700 години, ќе биде понуден на аукција ова лето, објави CNN.

Ракопис за кралот Артур и волшебникот Мерлин ќе биде понуден на аукција

Што го прави посебен? Еден од најраните ракописи за Артур напишан на старофранцуски, украсен со златни листови и илустрации. Беше во приватни колекции.

Илуминарниот ракопис, кој датира од 13-ти или 14-ти век, е еден од најраните документи што ја опишуваат легендата за кралот Артур и потрагата по Светиот Грал, и се очекува да достигне цена од 2,7 милиони долари.

Напишан помеѓу 1290 и 1310 година, ракописот, наречен Грал Клермон-Тонер, е најважниот дел од претстојната јулска аукција на вредни книги и ракописи на Кристи.

Томот содржи текст на старофранцуски јазик од серија позната како циклус Ланселот-Грал и се проценува дека ќе достигне цена помеѓу 2 и 2,7 милиони долари. Еугенио Донадони, директор на средновековни и ренесансни ракописи во Кристи, рече дека ракописот е напишан на пергамент и украсен со златни листови.

Ракописот содржи 126 раскошни илустрации на легендата што предизвика безброј книги, филмови и академски дебати, објавува Euronews.

YouTube video

Меѓу цртежите има некои што го прикажуваат волшебникот Мерлин како менува облици, додека други прикажуваат приказни за кралот Артур и неговите витези. Ракописот никогаш не бил јавно изложен или проучен детално.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер