Трамп ја започна „операцијата“ за постигување на мир во Украина

Трамп ветува брз крај на војната, европските сојузници стравуваат од постигнување едностран договор, во кој Украина и Европа ќе останат надвор од преговарачката маса.

Трамп ја започна „операцијата“ за постигување на мир во Украина

По вчерашните долги и како што самиот ги нарече, продуктивни телефонски разговори со Путин и Зеленски, Трамп вели дека најважно е што сите сакаат мир, без да открие колку тој ќе чини за Украина или за Русија.

-Мислам дека сме на пат да донесеме мир. Мислам дека претседателот Путин сака мир, претседателот Зеленски сака мир и јас сакам мир. Само сакам да видам да заврши убивањето луѓе. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Она што го откри во Овалната соба е дека стои зад ставот на Путин дека местото на Украина не и е во НАТО и дека планира директни средби со рускиот, но не и со украинскиот претседател.

-Очекуваме дека тој (Путин) ќе дојде овде, а јас да одам таму, но најверојатно ќе се сретнеме во Саудиска Арабија за прв пат. Дали се обврзaвте да одите во Украина? Не, не се обврзав да одам во Украина. , изјави Трамп.

Освен пораките од Кремљ дека Москва веќе ги подготвува преговарачките тимови, Путин засега јавно не се огласува. Украинскиот претседател Зеленски пак, се надева дека во посредство на Трамп ќе се обезбеди траен мир.

-Претседателот Трамп ме информираше за тоа што му кажал Путин. Веруваме дека силата на Америка, заедно со Украина и сите наши партнери, е доволна за да ја принуди Русија на мир. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Но, колкава цена ќе треба да плати Украина за мирот, која во моментов не контролира 20 проценти од територијата? Американскиот министер за одбрана јавно соопшти дека враќањето на Украина на границите од минатото се тешко возможни.

-И ние, како и вие сакаме суверена и просперитетна Украина, но мораме да признаеме дека враќањето на границите од 2014 година е нереална цел. , изјави Пит Хегсет, секретар за одбрана на САД.

Хегсет подоцна уверуваше дека зад обидите на САД за примирје не се крие предавство на Украина, но пораките од Вашинтон веќе ги разбрануваа европските земји, кои порачуваат дека Русија не смее да биде наградена за нејзината агресија.

-Администрацијата на Трамп веќе направи јавни отстапки во корист на Путин пред преговорите воопшто да почнат. Според мене, на преговарчка маса би било подобро да се зборува за можното членство на Украина во НАТО или за евентуалното губење територии. , изјави Борис Писториус, министер за одбрана на Германија.

Тајмингот на вчерашниот разговор на Трамп со Путин и Зеленски се совпадна и со деталите од наводниот план на Трамп, кој неодамна го објави украинскиот портал „Страна“, а чија автентичност не е потврдена. Во текстот се вели дека веќе во март се предвидени средби меѓу Трамп, Путин и Зеленски, на Велигден да биде прогласено примирје, а на 9 мај конечен крај на војната. Украина да остане надвор од НАТО, а да добие членство во ЕУ, но и да се откаже од враќање на окупираните територии, без да го признае рускиот суверенитет.

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо политизација на трагедијата на Кочани, следува правда

Зошто СДС молчи за фотографиите каде се гледа дека Фрчкоски се дрогира?

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо политизација на трагедијата на Кочани, следува правда

Жално е што напорот за докажување на правдата за СДС е политички процес и на тоа гледаат низ партиска призма. Уште пожално е што правдата не е циркус, туку процес.

Притвор се одредува со докази и правни основи, а не со притисоци од партиски штабови. А, кога сме кај тезата на СДС дека селективна била акцијата за виновниците за трагедијата во Кочани, во притвор има двајца градоначалници кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, има функционери и поддржувачи на СДС и ДУИ, но и луѓе кои не се членови на партии.

Ова е битка за промена на системот, а не за заштита на системот.

А, кога сме кај тезата селективна правда не е правда, СДС зошто молчи за синчето на Фрчкоски? Дали Јон Фрчкоски се дрогира во просториите на СДС или во просториите на Јавното претпријатие за стопанисување на станбен и деловен простор, каде Јон беше помошник директор?

Дали Јон Фрчкоски е подготвен да направи јавен нарко тест за утврдување на психотропни супстанци?

Кој е ставот на Венко Филипче кој го поставил Јон на ваква позиција?

ВМРО-ДПМНЕ

Нема допис од Владата со Советот на ЈО дека се стопира постапката за разрешување на Коцевски

До Советот на јавни обвинители не е стасан допис или известување од владата дека се стопира постапката за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски.

Нема допис од Владата со Советот на ЈО дека се стопира постапката за разрешување на Коцевски

За ова информираше престедателката на советот Душица Димитриевска, пред почетокот на денешната седница на која требаше да се разгледува предлогот на владата на неговоро разрешување, но која беше одложена поради немање кворум. Според Димитриевска роковите и понатаму течат и точката за разрешување на Коцевски ќе биде разгледана најдоцна на почетокот на идната недела.

Данска воведува задолжителен воен рок за жените, ќе трае 11 месеци

Данска ќе воведе задолжителен воен рок за жените една година порано од првично планираното - од 1 јули 2025 година, потврди министерот за одбрана Троелс Лунд Поулсен.

Данска воведува задолжителен воен рок за жените, ќе трае 11 месеци

Досега жените во данската армија можеа да учествуваат само на доброволна основа, додека мажите се обврзани да служат доколку се извлечени преку еден вид лотариски систем, што се користи во случај на недостиг на волонтери.

-Поради моменталната безбедносна ситуација, вооружените сили мора да привлечат повеќе регрути, рече Поулсен.

Воведувањето на обврската за жените е договорено во соработка со мнозинството парламентарни партии, а новиот правилник предвидува подолг стаж - наместо претходните четири месеци, ќе трае 11 месеци.

-Ова е важен чекор напред кон целосна рамноправност меѓу жените и мажите, рече данскиот министер, а пренесува „Дифенс пост“.

Годишната „лотарија“ сè уште ќе се применува, но само ако не се пријават доволно волонтери во дадена година.

Данска во февруари објави дека во периодот 2026-2027 година ќе инвестира дополнителни 6,8 милијарди евра во одбраната, откако претходната година веќе го зголеми буџетот за одбрана за 5,4 милијарди.

Со овој потег земјата и се приклучи на Норвешка, првата членка на НАТО која во 2015 година воведе задолжителен воен рок за жените, и Шведска, која го врати воениот рок во 2017 година, а исто така го прошири и на жените.

притисни ентер