ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани своите истомисленици Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил во Бугарија
2ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани своите истомисленици Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил во Бугарија
3Уапсени се две Србинки, кои шпионирале во корист на Албанија- едната е фатена додека ужива во кафуле (ВИДЕО)
Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
Со куршум во главата е убиен бугарски милионер и претседател на фудбалскиот клуб „Ботев“ – Пловдив (ВИДЕО)
1Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
2Со куршум во главата е убиен бугарски милионер и претседател на фудбалскиот клуб „Ботев“ – Пловдив (ВИДЕО)
СветТрамп ја смени гувернерката на ФЕД поради наводна хипотекарна измама, Кук одбива да се повлечеАмериканскиот претседател Доналд Трамп објави дека ја отстранил од функцијата Лиса Кук, гувернерката на Федералните резерви (ФЕД), обвинувајќи ја дека сторила хипотекарна измама. Во писмо до Кук, Трамп наведува дека постојат „доволно докази“ дека Кук давала лажни изјави во договорите за хипотеки, а Федералната агенција за финансирање на домувањето поднесе барање до Министерството за правда за отстранување на гувернерката. „Во најмала рака, спорното однесување покажува еден вид небрежност во финансиските трансакции што ја доведува во прашање вашата компетентност и сигурност како финансиски регулатор“, се наведува во писмото. Трамп додаде дека отстранувањето на Кук, првата афроамериканка на оваа позиција, било неопходно за да се спроведе законот, објавува Еј-Би-Си. Кук возврати дека Трамп „нема овластување“ да ја отпушти и дека таа ќе продолжи да ги извршува своите должности, а нејзиниот адвокат, исто така, забележа дека се во тек правни дејствија, велејќи дека ќе преземат „сите потребни чекори“ за да го блокираат „обидот за нелегално дејствување“ на Трамп. Минатата недела, Трамп ја повика Кук да поднесе оставка, истиот ден кога Бил Пулт, директорот на Федералната агенција за финансирање на домувањето, објави дел од писмото од 15 август до американската обвинителка Пам Бонди, обвинувајќи ја Кук за фалсификување на банкарски документи и евиденција за недвижности за да добие подобри услови за кредит, „потенцијално иницирајќи хипотекарна измама“, се наведува во писмото. Во минатонеделната изјава дадена на Еј-Би-Си Њуз (ABC News) Кук рече дека дознала од медиумите за писмото на Пулт, во кое се бара кривична постапка за хипотекарни барања што датираат од пред нејзината работа во Федералните резерви. Кук за членка на Управниот одбор на ФЕД беше номинирана во 2022 година од поранешниот американски претседател Џо Бајден, а нејзиниот мандат трае до јануари 2028 година.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисНевиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)Крајно необичното однесување на францускиот тенисер Теренс Атман беше видено на Челинџер во Џингшан, каде што одеднаш реши да му го предаде мечот на Елијас Имер .Крајно необичното однесување на францускиот тенисер Теренс Атман беше видено на Челинџер во Џингшан, каде што одеднаш реши да му го предаде мечот на Елијас Имер и да го пропушти во осминафиналето, без никаков физички проблем. Атман сервираше за мечот против шведскиот претставник во третиот сет, кога сè гореше, а кога не успеа да го доведе мечот до крај, отиде до мрежата да му подаде рака. Имер отпрвин не разбра што се случува, но потоа истрча до јажето и се збогува со противникот. Ова не е прв пат Французинот да прави неразумни потези, неговите непрофесионални моменти беа чести во месеците зад нас, па ја прекина соработката со тренерот, кој изјави дека повеќе не може да го толерира недостатокот на посветеност на работата. Се зборуваше и за мешањето на неговиот татко во неговата работа, но ова е нешто што никој навистина не го очекуваше, особено со активниот резултат 5:5 во третиот сет. Атман е меѓу првите 100. Тој сè уште не освоил АТП титула во кариерата, а интересно е што и покрај тоа што е рангиран на 41-то место во светот, не стигнал до второто коло на Гренд слем.Тагови: противник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаОсудени се шестмина по трагедијата во Ламанш, кога пред пет години загинаа 30 мигрантиСудот во Париз прогласи шест мажи за виновни за убиство без умисла поради давење на повеќе од 30 лица во Ламанш пред пет години. Тоа беше најлошата регистрирана несреќа со мигранти во морскиот премин меѓу Франција и Велика Британија. Уште седум мажи беа прогласени за виновни за помали кривични дела поврзани со шверц со различен степен на сериозност, вклучително и помагање и поттикнување на нелегален влез во земјата како дел од организирана група и криминално здружение, објави Ројтерс. Мигрантите починаа откако нивниот преполн чамец се издуваше додека преминуваше еден од најпрометните водни патишта во светот. Француски рибарски брод ги извести службите за итни случаи откако забележа тела како пловат покрај францускиот брег во близина на Кале во ноември 2021 година. Пронајдени се 27 жртви, додека најмалку четири лица никогаш не беа пронајдени. Само двајца мажи преживеаја. Шестмината мажи прогласени за виновни за убиство без умисла беа осудени на шест до десет години затвор. Другите добија казни од шест месеци условна до четири години затвор. Еден маж беше ослободен. Повеќето од жртвите беа ирачки Курди Жртвите беа претежно ирачки Курди, но меѓу нив имаше и Авганистанци, Етиопјани, еден Египќанец, еден Сомалиец, еден Иранец и еден Виетнамец. За време на судењето, роднините на некои од жртвите го опишаа страдањето што им го предизвика трагедијата. „Живеам со неизвесноста дали некогаш ќе дознаам нешто за неговото исчезнување, дали ќе најдам тело или гроб“, изјави пред судот Зана Маманд Мухамед, чиј брат Твана, тогаш 18-годишен, никогаш не беше пронајден по несреќата. „Живеам со оваа постојана болка“, рече тој низ солзи, држејќи фотографија од својот брат.Тагови: Ламанш мигранти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани своите истомисленици Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил во БугаријаВо однос на поканата на Каракачанов до лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Мицкоски за присуство на пренесување на моштите, би посочиле дека посоодветно е поканата да ја испрати до неговите истомисленици Зоран Заев и Венко Филипче. Впрочем да не заборавиме дека Заев беше тој кој велеше дека Бугарите биле ослободители а не фашисти, дека биле администратори, дека македонскиот јазик е после 44та итн. А Венко Филипче и денес има идентичен став со бугарската политика, прво Бугари во Устав, а после се друго. Тоа се мотивите на една срамна и предавничка политика, јавно етаблирана во Преспанскиот договор и Бугарскиот договор за добрососедство кои се една иста страна од паричката. Во однос на удирањето во гради со пренесување на моштите на Цар Самоил во Бугарија, ќе потсетиме дека англискиот крал Ричард I е во Франција, иако тоа не го прави французин. Притоа ќе потсетиме и на мудриот потег на Бугарија во минатото кога моштите на Гоце Делчев ги предаваат на Македонија. Добро е да објасни тогаш што е Гоце Делчев за нив и бугарските гласноговорници? За нас, за разлика од Заев, Филипче или Каракачанов вистината е едноставна, а тоа е дека е еден од најсветлите ликови во македонската историја. За жал, таа мудрост ја нема официјална Софија, но истовремено ја поздравуваме возбудата со која Бугарија го почитува делото на Цар Самоил кој има неизбришива трага за Македонија, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter