СветТрамп ја поздрави одлуката на МОК за забрана на трансродови жени во женска конкуренција на ОИ Американскиот претседател Доналд Трамп ја поздрави одлуката на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) за забрана на настап на трансродови жени во женска категорија на идните Олимписки игри.МОК во четвртокот соопшти дека одлуката е донесена со цел „заштита на фер-плејот, безбедноста и интегритетот во женската конкуренција“. Сите спортисти кои сакаат да настапат на Игрите, почнувајќи од Олимпијадата во Лос Анџелес во 2028 година, ќе треба да поминат еднократен тест за SRY-ген за да стекнат право на учество во женска категорија. Ова правило е во согласност со извршната уредба што Трамп ја донесе во февруари 2025 година во врска со учеството на трансродови лица во женските спортови. „Честитки до Меѓународниот олимписки комитет за одлуката да ги забрани мажите во женските спортови. Ова се случува благодарение на мојата силна извршна уредба, во одбрана на жените и девојчињата“, напиша Трамп на платформата „Трут Соушл“ (Truth Social). Одлуката на МОК следува по ревизијата на правилата за род, започната по Олимписките игри во Париз во 2024 година, кога боксерките Иман Келиф од Алжир и Лин Ју-Тинг од Тајван освоија златни медали. Тоа се случи една година по нивната дисквалификација од светските првенства поради наводно непоминување на тестовите за подобност. МОК тогаш соопшти дека Келиф и Лин можат да се натпреваруваат бидејќи се родени и се идентификуваат како жени. Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПопладнево мирен протест на докторите по ветеринарна медицина Ветеринарната комора на Македонија ги информира граѓаните дека во понеделник, 9 ноември 2026 година, ќе се одржи мирен протестен собир на вработените во ветеринарно-здравствениот сектор во нашата држава. Собирот е на иницијатива на докторите по ветеринарна медицина од ветеринарните амбуланти и клиники кои ги спроведуваат превентивните мерки за здравствена заштита на животните, со поддршка на Ветеринарната комора. * 13:00 часот – пред Агенцијата за храна и ветеринарство * 14:00 часот – пред Владата на Република Македонија Причина е крајно лошата состојба во секторот ,а непосреден повод е застојот во спроведувањето на превентивните мерки на терен .Со собирот, докторите по ветеринарна медицина сакаат да укажат и на недоволните буџетски средства предвидени за здравствена заштита на животните , особено потенцирано во последните две години, како и на несоодветниот институционален третман на ветеринарната професија. Последиците од ваквата состојба го засегаат целото општество. Кога превентивните мерки доцнат, се отежнува навременото откривање и сузбивање на болестите кај животните. Тоа има последици за сточарите и за прометот со животни, а создава и ризици за безбедноста на храната и јавното здравје. Комората во изминатиот период, преку средби и дописи, континуирано им укажуваше на надлежните институции на проблемите во секторот и на потребата од соодветно финансирање и услови за работа. Комората им дава безрезервна поддршка на колегите. Сите барања изнесени на мирниот протест ќе ги достави до надлежните институции, стои меѓудругото во соопштението од Ветеринарната комора на Македонија. Потребни се итни чекори за продолжување на работата на терен и системски решенија што ќе обезбедат соодветно финансирање и редовно, непречено спроведување на превентивните мерки.Тагови: ветеринарите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
БалканСудир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во БелградВо тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар. Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна. Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.Тагови: сообраќајна несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветАјзенкот доби мандат за формирање нова влада во ИзраелПоранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври. Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху. Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху. Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан. Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44