СветТрамп издаде извршни наредби за забрзан развој на нуклеарни енергетски капацитетиАмериканскиот претседател Доналд Трамп ѝ нареди на својата администрација да ја забрза изградбата на нуклеарни реактори и да ја преиспита регулаторна рамка насочена кон „избегнување ризик“ како дел од планот за четирикратно зголемување .Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ нареди на својата администрација да ја забрза изградбата на нуклеарни реактори и да ја преиспита регулаторна рамка насочена кон „избегнување ризик“ како дел од планот за четирикратно зголемување на капацитетот за производство на нуклеарна енергија во земјата до 2050 година, објави „Фајненшл тајмс“. Претседателот потпиша четири извршни наредби со кои му наложи на Министерството за енергетика да го олесни почетокот на изградбата на 10 големи нуклеарни реактори до 2030 година и да обезбеди финансиска поддршка за надградби на постојните реактори. Во соопштението за наредбите на Трамп, Белата куќа наведува дека Комисијата за нуклеарна регулација има наложено пракса „на претерано избегнување ризик“ што бара од нуклеарните постројки да испуштаат што е можно помалку емисии, вклучително и под природните нивоа. Останатите мерки од наредбите вклучуваат рок од 18 месеци за одобрување нови реактори од страна на комисијата и зголемување на капацитетите на САД за рударство на ураниум и производство на нуклеарно гориво. Со наредбите, исто така, се повикуваат министерствата за енергетика и за одбрана да го олеснат развојот на реактори на федерално земјиште.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со грчкиот министер за надворешни работи Јоргос ГерапетритисДенеска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис.Денеска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, на маргините на министерскиот состанок на земјите од иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“, што се одржа во Атина. Министерот Муцунски се заблагодари за поканата за учество на состанокот, чиј домаќин беше министерот Герапетритис, како и за континуираните заложби на Грција за целосна интеграција на Западен Балкан во Европската Унија, што беше потврдено и во рамките на денешните дискусии. Потенцирајќи ја посветеноста на Владата на целосно спроведување на европската реформска агенда и подготовка на земјата за ЕУ-интегрирање, согласно со Копенхагенските критериуми, министерот Муцунски изрази очекување грчката поддршка да продолжи и во следниот период, како придонес кон европската интеграција и развојот на целиот регион. Двајцата министри го поздравија позитивниот развој на билатералните односи и изразија подготвеност за натамошно зајакнување на соработката преку засилен политички дијалог, приоритет на инфраструктурното и енергетското поврзување долж Коридорот 10, како и внесување нова динамика во економската соработка, културата и туризмот. Соговорниците разговараа и за изнаоѓање практично решение за предизвиците со кои се соочуваат професионалните возачи при влезот и престојот во Шенген-зоната. На средбата беше потврдена и важноста од почитувањето на меѓународното јавно право, како и определбата билатералните односи и натаму да се развиваат врз основа на меѓусебно разбирање, добрососедство и сојузништво во НАТО, соопштуваат од МНРи НТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачности температура до 12 степени Времето утре ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 5 Попова Шапка, 6 Лазарополе, 9 Крушево, Маврови Анови, 11 Крива Паланка, 12 Тетово, 13 Охрид, 14 Претор, Прилеп, 15 Берово, 16 Скопје-Зајчев Рид 17 Скопје-Петровец, Битола, Велес, Виница, 18 Штип, Демир Капија, 19 Струмица, 20 Кавадарци, 22 Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа до 16 часот во (l/m2) 18 Лазарополе, 11 Пожаране, 10 Охрид, 9 Попова Шапка, 7 Крушево, 6 Крива Паланка, 4 Тетово, Претор, 2 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Прилеп, 1 Велес, Штип, Виница, Демир Капија, Берово, Тополчани, Ѓуриште. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Претпладне времето беше променливо со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен, а наместа повремено засилен до силен ветер од западен и југозападен правец (во делови од Пелагонија со брзина од 65 до 85, во источните деелови од 55 до 65, а во североисточните од 60 km/h). Попладнево времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Поради продор на постуден воздух од север врнежите од дожд на некои од повисоките места во западните делови ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. До крајот на денот врнежливо ќе биде во западните делови, и во текот на ноќта таму ќе се задржи пооблачно. Во останатите делови ќе има постепено намалување на облачноста, и во текот на ноќта ќе преовладува ведро време. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено и силен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе продолжи и во текот на ноќта. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, сончево и постудено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во среда утрото ќе биде ведро и студено насекаде со негативни утрински температури. Преку денот облачноста постепено ќе се зголемува и од крајот на денот следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните (над 30 l/m²), а во петок во јужните и во источните делови (над 20 l/m²). Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
КултураИзложба на астрофотографии: Небесно платноИзложбата „Небесното Платно“ низ објективот на Скопско Астрономско Друштво претставува групна изложба на извонредни астрофотографски дела, претежно снимени под македонското небо. Централната цел на изложбата е да ја нагласи компетентноста на домашните астрофотографи, членови на Скопското астрономско друштво (САД) и нивната способност да ја истакнат својата уметничка и креативна страна преку врвни технички вештини. Астрофотографијата, која е централен елемент на оваа изложба, не е само техничка вештина, туку е длабока форма на уметнички израз. Таа ја премостува човечката визија со бесконечноста на универзумот. Преку привлечна визуелна естетика, овие дела служат како моќна алатка за популаризација на науката, охрабрувајќи ја публиката, особено младите, да го истражуваат универзумот и природните закони. Фотографиите ги трансформираат невидливите феномени на универзумот, како што се маглините, галаксиите, лунарните пејзажи и небесните појави во уметнички дела со силна визуелна естетика. Изложбата функционира како моќна едукативна алатка која го користи визуелното искуство за да ја доближи астрономијата до широката публика, инспирирајќи љубопитност и истражување. Авторите, ја демонстрираат својата експертиза со што создаваат услови за филозофско размислување за нашето место во Вселената. Изложените дела се директен доказ за високо ниво на техничка изработка и секоја фотографија е резултат на посветеност, на уметноста добиена од податоци снимени под автентичното македонско небо. Изложбата ќе се отвори на 25.11.2026. во Музеј на град Скопје во 19:30ч. Куратор на изложбата е мр.Станимир Неделковски. Изложбата и Каталогот се реализирани од Музеј на град Скопје, а финансирани од Град Скопје.Тагови: Изложба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook