Трамп: Исус да се спуштеше на Земјата и да ги преброеше гласовите, ќе победев во Калифорнија - Канал 5

Трамп: Исус да се спуштеше на Земјата и да ги преброеше гласовите, ќе победев во Калифорнија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес даде изјава за FOX во која се осврна на резултатите од претседателските избори. Тој ги критикуваше, како што вели, наместените гласови во државата Калифорнија.

Трамп: Исус да се спуштеше на Земјата и да ги преброеше гласовите, ќе победев во Калифорнија

„Тешко е да се победи затоа што изборите се нефер. Да можеше Исус да слезе на Земјата и да ги изброел гласовите, ќе победев во Калифорнија затоа што одлично се сложувам со Хиспанците“, изјави тој.

Тој, исто така, одлучи да се осврне на своите шанси да стане премиер на Израел.

„Моментално имам 99 проценти поддршка во Израел. Би можел да се кандидирам за премиер, па можеби по ова ќе одам во Израел и ќе се кандидирам за премиер“, рече тој, повикувајќи се на анкета за која рече дека ја видел утрово како свој извор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Невреме погоди делови од Австрија синоќа, одрон однесе автобус

Во долината Штанцертал во Австрија, порој од кал однесе автобусот од патот синоќа - во кој се наоѓаа возачот и тројца патници .

Невреме погоди делови од Австрија синоќа, одрон однесе автобус

Сите четири лица се спасени од пожарникари, а возачот бил однесен во болница, објави heute.at.

По обилните дождови, во понеделник околу 20:20 часот се случија неколку лизгања на земјиштето. Карпи и кал ги покрија, меѓу другото, државните патишта Б171 и Л68. На патот помеѓу селата Шнан и Флирш, порој од земја и вода го погоди автобусот што сообраќаше низ долината.

Водата и калта од потокот Хое Рифе достигнала висина од околу 80 сантиметри на патот и навлегла во автобусот, принудувајќи ги членовите на Доброволната противпожарна служба да го спасат 49-годишниот возач и тројца патници.

Патниците - 31-годишен маж од Иран, 39-годишна жена и 14-годишно девојче од Австрија - не се повредени во инцидентот.

Возачот на автобусот е однесен со брза помош во болницата во Замс со повреди од непозната сериозност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВРЕДИ: Требаше Али Ахмети да замине во опозиција за Зајас да дознае зошто остана без канализација

Има една иронија што не може да се сокрие.

ВРЕДИ: Требаше Али Ахмети да замине во опозиција за Зајас да дознае зошто остана без канализација

Во 24 години власт, Али Ахмети не успеа да обезбеди канализација ниту за своето родно место, Зајас. Имаше власт, министри, директори, општини и милиони евра на располагање. Канализација немаше.

Денес, кога документите излегуваат на виделина, станува појасно и зошто.

Секој нов факт што излегува во јавноста сè повеќе ја руши маската на ДУИ. На Албанците им продаваа „каузи“, а зад затворени врати се договарале шеми, се вклучувале домашни компании и се вртеа милиони евра од европските фондови. Жителите чекаа канализација, а некој друг си ги чекал исплатите.

Колку повеќе се одмотува клопчето, толку повеќе се отвораат прашањата. Кој ќарил? Кој ги внел компаниите во проектот? Кој молчел? И дали истрагата ќе стигне до секоја алка во овој синџир?

Албанците заслужуваат да ја знаат вистината. Заслужуваат да знаат каде завршиле милионите, кој профитирал од проектот и зошто Зајас цели 24 години остана со септички јами наместо со канализациски систем.

Зајас повеќе нема да биде заложник на ветувањата на ДУИ. Она што тие го оставија заглавено во кал 24 години, сега конечно се става на вистинскиот пат.

ВРЕДИ нема да дозволи ова прашање да се затрупа со прашина. Бараме истрагата да оди до крај. Да се отвори секој договор, секоја исплата, секоја компанија и секоја можна политичка, бизнис или семејна поврзаност.

ДУИ зад себе остави долгови и сомнежи. Сега е време да понесе одговорност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски и неговите „успеси“ - кога пропагандата се судира со реалноста

Христијан Мицкоски вчера тврди дека опозицијата го блокира Изборниот законик затоа што е „уплашена од успесите на Владата“.

СДСМ: Мицкоски и неговите „успеси“ - кога пропагандата се судира со реалноста

Изгледа дека почна да верува на сопствените лаги.

Ќе му одговориме со факти, а не со пропаганда.

Прво, Европскиот парламент во јунскиот извештај за 2026 година не ја става Македонија меѓу најдобрите во регионот. Напротив - изразува жалост поради недостатокот на напредок од претходниот извештај, особено во делот на владеењето на правото, судската реформа и борбата против корупцијата.

Додека Црна Гора цели кон членство во 2028, а Албанија кон затворање на преговорите во 2027, Македонија стагнира.

Второ, „успесите“ на Владата се видливи на секојдневно ниво:

• Економија во колапс, инвестициите паднати за 60%.

• Буџет без пари, за само две години ја задолжија државата за 2,5 милијарди евра, наскоро нема да има за редовна исплата на пензии.

• Граѓаните стојат по неколку часа на границите поради политиката на изолација.

• Младите масовно заминуваат затоа што нема европска перспектива.

Мицкоски ја претвори Македонија во слепо црево на Балканот.

Трето, Мицкоски вели дека Владата ги прифатила сите предлози на опозицијата. Тоа не е вистина.

Не знаеме на кого мисли, бидејќи СДСМ и луѓето околу Фронтот за вистина и правда се единствената реална опозиција во Македонија.

Сè друго е театар.

Четврто, опозицијата не го блокира Изборниот законик од страв од „успеси“ - успеси нема.

Единствениот успех на оваа Влада е видлив само за нив лично - во криминалните тендери.

СДСМ го блокира законот за да спречи изборен грабеж и затоа што одбива да учествува во уште еден закон скроен по мерка на организираната криминална група ВМРО, во момент кога Владата не исполни ниту еден сериозен реформски услов кон ЕУ.

Скопје, 30.06.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер