МНРиТ: до Амбасадата на Македонија во Љубљана е доставено официјално известување за тешка сообраќајна незгода
1МНРиТ: до Амбасадата на Македонија во Љубљана е доставено официјално известување за тешка сообраќајна незгода
СветТрамп: Иран финансиски пропаѓа поради затворање на Ормутскиот теснец Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран „финансиски колабира“ поради затворањето на Ормутскиот теснец.„Иран финансиски колабира! Тие сакаат Ормутскиот теснец веднаш да се отвори - гладни се за пари! Губат 500 милиони долари дневно. Војската и полицијата се жалат дека не добиваат плата. СОС“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social. Трамп претходно објави дека Техеран изјавил дека го поддржува затворањето на теснецот за да „го спаси образот“ под американската блокада на иранските пристаништа. Тој, исто така, најави дека ќе го продолжи прекинот на огнот со Иран сè додека лидерите на земјата не излезат со унифициран предлог и додека не се завршат преговорите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМНРиТ: до Амбасадата на Македонија во Љубљана е доставено официјално известување за тешка сообраќајна незгодаВо незгодата животот го загубиле три лица – едно полнолетно и две малолетни лица, државјани на Република Македонија. Ве информираме дека до Амбасадата на Република Македонија во Љубљана е доставено официјално известување од словенечката полиција за тешка сообраќајна незгода што се случила на 27 август 2026 година на автопатот А1, во близина на Унец. Во незгодата животот го загубиле три лица – едно полнолетно и две малолетни лица, државјани на Република Македонија. Повредени се уште две лица кои се наоѓале во возилото и кои исто така се македонски државјани. Случајот го обработуваат надлежните полициски органи во Копер. Амбасадата на Република Македонија во Љубљана е во комуникација со надлежните словенечки институции и го следи понатамошниот тек на постапката.Тагови: МНР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МетеоУХМР: Високи температури и изолирано невреме со пороен дожд Спас од пожарите се и најавените дождови во попладневните часови.Од УХМР најавуваат дека во одредени делови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. максИмалната температура ќе достигне 39 степени.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАзески со дел од амбасадорскиот кор во Дебар, присуствуваше и на одбележување на Денот на рударитеАктивности со дел од дипломатскиот кор, на покана на акредитирани дипломати во Македонија, во присуство на бизнисмени од регионот, а на кои беше поканет и претседателот на Стопанската комора Бранко Азески се реализираа во Дебар.Прво во манастирот Св. Јован Бигорски беше реализирана посета и обиколка на црквата и манастирските одаи. По повод посетата а во пресрет на големиот христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, претседателот Азески, подари уметничка слика на манастирот. Неформалното дружење продолжи во релаксиран амбиент на дебарското езеро во хотелот Цами каде со дипломатскиот кор и бизнисмените и истакнати личности од регионот, се разменија меѓусебни мислења за теми од интерес на бизнисот и економскиот амбиент, имајќи го предвид фактот дека дел од актуелните амбасадори се враќаат во своите земји на други владини позиции што остава простор за натамошно продлабочување на соработката со Македонија и со земјите од Западен Балкан. Денеска е денот на рударите, 28 август. Претседателот Азески упатува искрени честитки до сите вработени во рударскиот сектор, компании, институции, науката и академската заедница. Комората во својата организациона поставеност ја има Македонската асоцијација за рударство – МАР која ги обединува најголемите и најзначајните компании кои учествуваат во креирање на Бруто домашниот производ и кои иднината на развојот на секторот ја гледаат преку креирање безбедно, модерно, одговорно користење на природните ресурси со конкретни придобивки за локалните заедници и целокупната економија. „Рударството е значаен дел од македонската економија, но неговиот иден развој мора да се темели на јасни правила, засилен институционален надзор, поголема безбедност, современи технологии и конкретни придобивки за средините во кои се врши експлоатацијата”, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Во 2025 година во Македонија се произведени 130.174 тони бакарен, оловен и цинков концентрат, додека рударството учествуваше со 10,9 проценти во индустриското производство и со 2,8 проценти во вкупниот македонски извоз. Македонија има и Стратегијата за минерални суровини, со која по повеќе децении оваа област треба да добие јасна и долгорочна развојна насока. Во име на Стопанска комора, а и во свое лично име, претседателот Бранко Азески, на верниците од православната вероисповед го честита празникот 28 август Успение на Пресвета Богородица.Тагови: Азески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter