Трамп им ги одзеде безбедносните дозволи на Камала Харис и на Хилари Клинтон - Канал 5

Трамп им ги одзеде безбедносните дозволи на Камала Харис и на Хилари Клинтон

Американскиот претседател Доналд Трамп им ги укина безбедносните сертификати на поранешната потпретседател на САД Камала Харис, на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон.

Трамп им ги одзеде безбедносните дозволи на Камала Харис и на Хилари Клинтон

Американскиот претседател Доналд Трамп им ги укина безбедносните сертификати на поранешната потпретседател на САД Камала Харис, на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, на неколку други членови на администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден и на други истакнати демократи.

Оваа одлука е донесена откако Трамп минатиот месец објави дека му го одзема безбедносното одобрение на Бајден, објави Си-Би-Ес Њуз.

Во меморандум објавен вчера, Трамп објави дека ги укинува безбедносните дозволи на целото семејство на Бајден.

Меѓу оние кои го загубија пристапот до доверливите информации и безбедносните сертификати се поранешниот државен секретар Ентони Блинкен, поранешниот конгресмен Адам Кинзингер, пензионираниот потполковник Александар Виндман, државниот обвинител на Њујорк Летиција Џејмс, окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, поранешниот советник за национална безбедност во Белата куќа, Џејк Саливен, поранешната конгресменка Елизабет Чејни, поранешниот амбасадор на САД во Чешката Република Норман Ајзен и адвокатот Марк Заид, кој изрази загриженост за зделките на Трамп со Украина за време на неговиот прв мандат.

Меморандумот се однесува на „пристап до доверливи информации, како што е дневниот брифинг на претседателот, и пристап до доверливи податоци што ги поседува која било од агенциите на разузнавачката заедница поради претходниот мандат на именуваните во Конгресот“.

Чејни и Кинзингер ја водеа истрагата на Претставничкиот дом за немирите на Капитол Хил на 6-ти јануари.

Брег поднесе кривична пријава во Њујорк, што доведе до осуда на Трамп по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни документи.

Џејмс го тужеше Трамп и неговата организација, обвинувајќи ги за широко распространета измама.

Судењето заврши со пресуда од 453 милиони долари против Трамп и неговата поранешна компанија.

Меѓу оние на кои претходно им беа одземени дозволите е и пензионираниот генерал Марк Мили, кој беше претседател на Здружениот генералштаб во администрациите на Трамп и Бајден.

На денот на неговата инаугурација, Трамп им ги укина дозволите на десетици поранешни разузнавачи.

Џон Болтон, кој служеше како советник за национална безбедност за време на првиот мандат на Трамп, исто така го загуби безбедносното одобрение поради книгата што ја напиша за времето на таа позиција.

Трамп го обвини Болтон за објавување доверливи информации и рече дека објавувањето на книгата „создаде сериозен ризик доверливите информации да бидат јавно достапни“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер