Трамп: Или ќе склучиме договор со Иран или ќе направиме непријатни работи - Канал 5

Трамп: Или ќе склучиме договор со Иран или ќе направиме непријатни работи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговорите со Иран се во последна фаза, но предупреди на повеќе напади ако Иран не се согласи на договор.

Трамп: Или ќе склучиме договор со Иран или ќе направиме непријатни работи

Трамп оваа недела изјави дека бил блиску до наредба за повеќе напади, но се повлекол за да им даде повеќе време на преговорите.

„Во последната фаза сме со Иран. Ќе видиме што ќе се случи. Или ќе имаме договор или ќе направиме некои работи што се малку непријатни, но да се надеваме дека тоа нема да се случи“, им рече Трамп на новинарите.

Трамп: Ќе му дадеме шанса на договорот со Иран. Не брзам

„Ќе му дадеме уште една шанса. Не брзам“, рече Трамп. „Идеално, нема да има многу жртви. Можеме да го направиме тоа на двата начина.“

Во исто време, Техеран го обвини Трамп дека планира да ја рестартира војната и се закани дека ќе возврати со напади надвор од Блискиот Исток.

„Доколку се повтори агресијата против Иран, ветената регионална војна овој пат ќе се прошири надвор од регионот“, соопшти Револуционерната гарда. Претседателот на парламентот, Мохамед Бакер Калибаф, главен преговарач на Иран, во аудио порака објавена на социјалните мрежи изјави дека „откриените и тајните потези на непријателот“ покажуваат дека Американците подготвуваат нови напади.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на споменикот „Макекедониум“ си поднесе неотповиклива оставка поради спотот на косовскиот рапер

„Секси Мама“ во Македониумот за 500 евра го платија со функција директорот и членовите на Управниот одбор на историскиот музеј Крушево. 

Директорот на споменикот „Макекедониум“ си поднесе неотповиклива оставка поради спотот на косовскиот рапер

Откако премиерот Мицкоски најави дека уште денеска од министерството за култура и туризам ќе побара нивно разрешување, директорот на институцијата Миха Оџаклиески експресно си поднесе неотпвиклива оставка, откако вчера пукна скандалот дека споменикот во кој се наоѓа и вечното почивалиште на Никола Карев, бил отстапен за снимање спот на косовски рапер без претходно одобрение од надлежната Управа за заштита на културното наследство.

-Oдлуката е личен, морален и етички чин и израз на одговорност кон институцијата и кон јавноста. , вели Оџаклиески.

Претходно, премиерот Мицкоски изјави дека недозволиво е културно историски споменици да бидат користени за такви намени.

-Навистина она што се случило таму е нешто што не требало да се случи. Ќе побарам од министерот за култура да биде разрешен директорот на оваа институција, заедно со Управниот одбор, зашто таков тип институции не треба да бидат изнајмувани и користени за такви намени. Им се извинувам на граѓаните поради пропустот што е направен и се случил. Ќе се трудиме во иднина такво нешто да не се повтори,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани пак, претходно оцени дека станува збор за чувствителен проблем и дека при изнајмувањето на објекти кои се културно историско наследство, директорите мора да се запознаени со содржината на програмите кои се одржуваат во нив. Тој посочи и дека во владата ќе се разговара за соодветни законски измени, со цел ваков случај да не се повтори во иднина.

-Законски си имаат право да изнајмуваат, но сепак директорите треба да припазат кога изјамнуваат објекти треба да знаат какви програми ќе се одржуваат и со каква содржина. Така да нов е проблемот иако снимено е порано се уште немам јас детални информации, но сме во процес ќе видиме и со Владата ако треба ќе разговараме за овие процеси и ќе решиме како понатаму,- Седат Сулејмани – министер за култура и туризам.

Оџаклиески вчера и самиот призна дека е направен пропуст, но дека недоличните сцени биле снимени на друга локација.

Од Управата за заштита на културното наследство реагираа дека до нив никогаш не било доставено барање за одобрение за снимање, што е обврска во вакви случаи. Од таму објаснија дека дозвола за снимање и фотографирање во објект заштитен како културно наследство се добива ако снимањето е во согласност со промоција на македонската култура, уметност и наследство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжи судењето за „Државна лотарија“

Само владата можела физички да организира игри на среќа во Државна лотарија, додека Казинос Аустриа го имала тоа ексклузивно право но само во онлајн просторот, тврдеа денеска пред судот адвокатите на обвинетите .

Продолжи судењето за „Државна лотарија“

Само владата можела физички да организира игри на среќа во Државна лотарија, додека Казинос Аустриа го имала тоа ексклузивно право но само во онлајн просторот, тврдеа денеска пред судот адвокатите на обвинетите на рочиштето за проневера при набавка на ВЛТ апарати за државна лотарија во вредност од 9,7 милиони евра. Изнесувајќи ги забелешките на доказите на обвинителството, одбраната тврди дека со самото тоа што владата имала право да организира игри на среќа, практично набавката на апарати за таа намена не е криминал. Одбраната тврди и дека тие апарати се уште се наоѓаат во Лотарија.

– Основната забелешка е дека оној договор што го има Казинос Аустриа има ексклузивитет исклучиво на приредувањето на електронските игри на среќа. Во однос на автоматите, односно набавка и приредување игри на среќа со автомати, тој ексклузивитет го нема . Ниту во еден дел на ова обвинение во однос на ниту еден од овие лица не се тврди дека со набавката на овие апарати било кој стекнал противправна имотма корист за себе. Тие апарати и ден денеска се наоѓаат во лотарија на македонија,- изјави Еленко Миланов, адвокат на првообвинетиот Перпарим Бајрами.

Двајцата обвинители денеска внимателно ги слушаа забелешките на одбраната, откако на претходното рочиште презентираа над 200 материјални докази – владини одлуки, финансиски трансакции за набавка на апаратите и документација за основање на заедничко друштво, преку кои најавија дека во наредниот период ќе докажат на кој начин секој од обвинетите ги пречекорил своите службени овластувања и направил кривично дело и повеќемилионска штета на државниот буџет.

Првообвинет во овој случај е поранешниот директор на Лотарија Перпарим Бајрами, кој на денешното рочиште беше спроведен од затворот Шутка, откако на 9 септември по речиси две години бегство сам и се предаде на домашните органи. Следното рочиште со изведување на материјалните докази на одбраната ќе се одржи на 30 септември. Покрај Бајрами, во случајот за проневери во државна лотарија обвинет е и поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, како и уште шестмина други.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни

Две и пол години затвор доби вработената во МВР која фалсификувала возачки дозволи за камиони и автобуси, а по една година и три месеци затвор добија двајцата возачи опфатени во случајот. 

Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни

Пресудите ги изрече Кривичниот суд, со што експресно заврши скандалот со фалсификуваните возачки дозволи, откако тројца обвинети ја признаа вина, потврди на брифинг со новинарите .претседателката на Кривичнио суд, Даниела Димовска...Притворот на тројцата обвинети кои признаа вина им е продолжен. Тројца од шетсте лица опфатени во истрагата, во моментов се недостапни за органите на прогонот.

Од Обвинителството информираат и дека во рамките на истиот предмет се преземаат дополнителни дејствија за обезбедување докази против уште 21 лице, осомничени како посредници или корисници на фалсификуваните возачки дозволи.

утре треба да продолжи и еден од најобемните судски процеси, за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Како што информираше оретседатлкката на кривичен димовска, досега ниту едно рочиште не било одложено .. Откако обвинителствто заврпи сои изведувањето на доказите, Утре во Идризовото одбраната че продолжи со изведувањето на своите докази а во текот на доказната постапшка ќе сведочат дури 244 лица..

Во меѓувреме, на 3 октормври завршува притворот на газдата на пулс, првообвинетиот Дејан Јованов – Деко.. Согласно Законот за кривична постапка, притворот не може дополнително да му биде продолжен, бидејќи в сабота се навршува една година од одобрувањето на обвинителниот акт. Поради тоа, Судот по службена должност ќе треба да одлучи со какви други мерки ќе го обезбеди неговото присуство во натамошната постапка

Одбраната на јованов најави гаранција во имот вреден речиси 200 илјади евра, со образложение дека со тоа дополнително ќе се гарантира дека тој нема да ја напушти државата. Но, одлука засега нема. Списите за гаранцијата се испратени до Јавното обвинителство, од каде, според Судот, сè уште нема пристигнато мислење.

„До денеска не се вратени од ОЈО. Нема мислење и ние не можеме да одлучиме. На 3 октомври истекува. Ќе почекаме до петок.“, информираат од – Кривичен суд.

Од Обвинителството за канал 5 изјавија дека кусо информирата дека, доколку има дополнителни информации за Јованов, јавноста дополнително ќе биде известена.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер