Трамп ѝ се закани на Британија: Сѐ поголем е јазот маѓу Вашингтон и Лондон - Канал 5

Трамп ѝ се закани на Британија: Сѐ поголем е јазот маѓу Вашингтон и Лондон

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе се повлече од трговскиот договор со Велика Британија, поради растечкото незадоволство поради противењето на Лондон на воена акција против Иран.

Трамп ѝ се закани на Британија: Сѐ поголем е јазот маѓу Вашингтон и Лондон

Во интервју за Скај њуз, Трамп рече дека САД ѝ дале на Велика Британија „добар трговски договор“ кој е „подобар отколку што морал да биде“, додавајќи дека тој „секогаш може да се промени“, објавува Политико од Брисел.

Тој, исто така, го критикуваше британскиот премиер Кир Стармер, доведувајќи ја во прашање силата на таканаречениот „специјален однос“ меѓу двете земји.

Обраќајќи се пред пратениците во Долниот дом, Стармер рече дека нема да попушти пред притисокот од Вашингтон.

„Ова не е наша војна и имаше голем притисок врз мене да го сменам курсот, вклучително и она што се случи синоќа. Нема да се предомислам и нема да попуштам“, рече Стармер.

Запрашан за односите меѓу САД и Велика Британија во истото интервју, Трамп беше остар, велејќи дека Лондон не успеал да обезбеди поддршка кога било потребно.

Заканата на американскиот претседател предизвика загриженост во Вестминстер, 11 месеци откако Велика Британија стана првата земја што потпиша трговски договор со САД во вториот мандат на Трамп, според порталот Брисел.

Со договорот се намалени американските царини за британски автомобили, челик и авиони во замена за пристап до пазарот за говедско месо и биоетанол.

Како што се приближува годишнината од договорот, американските царини за британскиот челик сè уште не се целосно укинати, додека судбината на договорот за технолошка соработка склучен за време на државната посета на Трамп на Велика Британија во септември е неизвесна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 1 август лекот „Фостер“ ќе биде достапен со партиципација од 280 денари

Од 1 август инхалаторниот лек за астма и ХОББ Фостер ќе биде достапен без доплата, само ќе се плати партиципација од 280 денари. 

Од 1 август лекот „Фостер“ ќе биде достапен со партиципација од 280 денари

Претставникот на постојаниот бренд достави известување дека ја прифаќа новата рефернтна цена, која ќе почне да се применува по исцрпувањето на веќе доставените количини, изјави првиот човек на фондот за здравство Сашо Клековски.

Од фондот најавија дека сериозно ќе се контролираат аптеките во делот на неиздавање на лекови на рецепет кои се на пријави на граѓани.

Фондот во иднина ќе воведе мерки со цел да се намали цента на лековите. Тоа е воведување на повеќе лекови на позитивната листа и конкуренција преку генерички лекови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЗР: Нерамномерна распределба на над 23 милиони евра за вработување во АВРМ во 2024 година

Нерамномерна распределба на средствата за вработување и субвенционирање,  краткотрајни договори на дело, хонорари кај само еден адвокат за повеќето услуги- ова се само дел од забелешките на ревизорите за Агенцијата за вработување за 2024та годи.

ДЗР: Нерамномерна распределба на над 23 милиони евра за вработување во АВРМ во 2024 година

Според извештајот, од направената анализа е утврдено дека се фаворизирале неколку градови во кои се исплатени поголемиот дел од парите и се надминувала утврдената квота дури четири пати.

-За активните мерки за вработување во 2024 година се исплатени 1.442.207 илјади денари (23,4 милиони евра), но при распределбата не е обезбеден принципот на рамномерен регионален развој. Повеќе од половина од средствата кај одделни мерки се концентрирани во мал број центри за вработување, односно 62,05% од мерката самовработување и над 50% од мерките субвенционирање на плати и вработување и раст на правни субјекти се реализирани во само неколку градови Скопје, Тетово, Струга, Куманово и Пробиштип, додека останатите добиле значително помал удел.

Слабости се утврдени и во користењето на паричните средства за други услуги- повеќе од 90 илјади евра биле исплатени за адвокатски услуги, медијација, вештачења и судски такси, од кои најголемиот дел завршиле кај само еден адвокат.

-77,46% од расходите за адвокатски услуги се реализирани преку еден адвокат. Извршени се исплати без целосна поткрепувачка документација и без соодветна контрола на фактурираните услуги. Дополнително, за вештачења во износ од 881 илјада денари не е спроведена постапка за јавна набавка, а за 740 илјади денари не е обезбедена документација за извршените услуги.

Во извештајот е наведено и дека членовите на Управниот одбор земале надоместоци во износ од околу 6 илјади евра, за периоди кога воопшто не одржувале седници. Констатирани се слабости во системот на мониторинг, ретки теренски контроли, ниска ефикасност на обуките за ИТ вештини... Од ДЗР потенцираат дека наспроти овие бројни неправилности со финансиските средства во Агенцијата, посебниот фонд за вработување на инвалидни лица не ги добивал сите средства кои му следуваат согласно законот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови тензии на Блискиот исток - САД нападнаа 90 цели во Иран, Техеран стрелаше кон американски бази во заливските земји

Ракети втор ноќ го осветлуваа небото над Блискиот Исток, по новиот бран напади меѓу САД и Иран. 

Нови тензии на Блискиот исток - САД нападнаа 90 цели во Иран, Техеран стрелаше кон американски бази во заливските земји

Вашинтон изведе околу 90 напади врз воени цели, претежно на југот на Исламската република. Техеран по подолго време пријави 14 жртви и возврати со проектили врз американски воени бази во Кувајт, Бахреин и Катар. Трамп, кој вчера на самитот на НАТО во Анкара објави крај на примирјето, денеска тврди дека Иран настојувал двете страни да се вратат на преговарачка маса.

-Тие толку очајно сакаат да склучат договор. Се јавија пред малку и очајно сакаат да постигнат договор. Само не знам дали се достојни за договор и дали ќе го почитуваат. Бидејќи тие се некако луди, да бидам искрен, тие се некако луди. Некако се надвор од контрола. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

И пораките од Иран не даваат надеж дека прелимиарниот договор потпишан пред речиси еден месец, наскоро ќе прерасне во траен документ.

Главниот преговарач Мохамед Галибаф изјави дека заканите на САД нема да останат без последици, порачувајќи дека Ормутскиот теснец ќе биде отворен само според ирански услови. Поморскиот сообраќај во Ормутскиот теснец, чие делумно отворање неодамна го смири енергетскиот пазар, сега повторно е целосно блокиран. По обновувањето на судирите, низ главната нафтена рута поминале само 23 бродови.

-Мислам дека (Иран) е подготвен да се врати во конфликт од големи размери, ако тоа значи дека ќе продолжат да го контролираат Ормутскиот теснец. Станува збор за две работи. Прво, тоа е голем воен плен за нив. САД се под значителен притисок на заливските земји за да се осигураат дека Ормутскиот теснец нема да стане де факто иранска поморска територија. , изјави Алекс Ширс, за Ал Џезира, воен аналитичар од Лондон.

Цената на нафтата на светскиот пазар, и покрај новата ескалација, денеска остана стабилна по вчерашниот драстичен скок од речиси шест проценти. Нафтата од типот Брент се продава за 77 долари за барел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер