Трамп и Нетанјаху ќе се сретнат седми пат годинава - Канал 5

Трамп и Нетанјаху ќе се сретнат седми пат годинава

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој треба да го убеди да изврши максимален притисок врз Иран.

Трамп и Нетанјаху ќе се сретнат седми пат годинава

Ова е седма средба меѓу двајцата лидери откога Трамп се врати на власт во Белата куќа. Пред тоа американскиот лидер ги зголеми своите предупредувања и закани кон Техеран и неговите нуклеарни амбиции.

За време на средбата со Трамп се очекува Нетанјаху да инсистира во преговорите меѓу Иран и САД да бидат вклучени прашањето за иранските балистички ракети и забраната за Техеран да ги поддржува вооружените групи што дејствуваат во регионот.

Прашањето за ракетите е црвена линија за Израел, кој се наоѓа на речиси 2.000 километри од Иран. Нетанјаху со години повторува дека само воена акција може да го реши иранското нуклеарно прашање еднаш засекогаш.

САД му помогнаа на Израел во неговата 12-дневна кампања за напад врз стратешки ирански објекти, вклучително и нуклеарни.

Нетанјаху исто така се надева дека средбата ќе собере и малку политички капитал во својата татковина со тоа што ќе се појави близок до Трамп, кој е многу популарен во Израел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Филипче не може ни да заличи на сериозна опозиција, очигледно специјалност му се само ексклузивните одмори

Филипче не може ни да заличи на сериозна опозиција, очигледно специјалност му се само ексклузивните одмори и ширењето лаги и паника кај граѓаните.

Петрушевски: Филипче не може ни да заличи на сериозна опозиција, очигледно специјалност му се само ексклузивните одмори

СДС и актуелното раководство никако да почнат барем малку да личат како сериозна опозиција.

Претседателот на СДС, Венко Филипче е заедно на Егејот со својот другар Зоран Заев, но влијае на оние кои ги остави тука, односно им дава насоки за ширење на дезинформации.

Овој пат дезинформациите и лагите се од огромни размери, односно создадоа паника кај граѓаните на Скопје. Со последната лага дека водата во Скопје е небезбедна, Филипче и актуелното раководство на СДС си поиграа дури и со здравјето на граѓаните.

Надлежните институции веднаш реагираа, ја демантираа веста со факти, а Министерството за внатрешни работи започна истрага кој е креаторот на хаосот и паниката. Институциите се на потег за расчистување на случајот.

За разлика од актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ која се грижи за граѓаните од секој аспект, СДС на Заев и Филипче очигледно е дека прават само штети.

Ширењето на лаги и крерање на атмосфера на паника и хаос, како и одење на ексклузивни одмори се единствена работа која Филипче и актуелното раководство знаат да ја прават и тоа е нивна специјалност.

Филипче и СДС треба да прекинат со лагите кои во овој случај се и крајно сериозни. Час поскоро Филипче и СДС треба да сфатат дека овие нивни обиди за лаги и ширење паника им нанесуваат штета само на нив.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Таа има 100, а тој 101 година! Во брак се осум децении, а секој петок наутро го прават истото – велат дека токму тоа им го одржува бракот!

Во свет кој се менува со неверојатна брзина, приказната за Џон (101) и Џери (100) Керол од Тенеси е прекрасен потсетник за значењето на љубовта, верноста и семејството.

Таа има 100, а тој 101 година! Во брак се осум децении, а секој петок наутро го прават истото – велат дека токму тоа им го одржува бракот!

Тие неодамна одбележале неверојатен јубилеј – 80 години заеднички живот! И покрај нивната возраст, и понатаму живеат активно и со ведар дух.

Секој петок наутро, без исклучок, Џон и Џери одат на доручек со пријателите во локален ресторан. Оваа традиција ја одржуваат веќе половина век.

Џон, кој е ветеран од Втората светска војна, за својата виталност се грижи и со редовни утрински вежби.

А кога станува збор за тајната на нивниот долг и успешен брак, неговиот совет е едноставен:

„Почитувајте ја сопругата, помагајте ѝ и трудете се!“

YouTube video

Големо семејство

Во текот на осум децении заеднички живот, Џон и Џери добиле три деца, седум внуци, 21 правнук и едно чукунвнукче.

Нивната приказна покажува дека понекогаш токму малите секојдневни навики, меѓусебната почит, поддршката и времето поминато заедно се најголемата тајна на долготрајната љубов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ријана ги покажа децата, ги одведе на своето посебно место

Светската музичка ѕвезда Ријана живее во нејзиниот роден крај, Барбадос, и ужива во одморот со своите три деца, што го покажа и на фотографиите што ги објави. 

Фото: Ријана ги покажа  децата, ги одведе на своето посебно место

Таа позира со своите синови и ќерката, која се роди пред единаесет месеци, а се фотографираа на улицата „Вестбери Њу Роуд“, која во нејзина чест од 2017 година го носи името „Ријана Драјв“.

Мегапопуларната Рири на своите деца им покажала каде израснала, а познато е и дека уште од почетокот на кариерата ја нарекуваат „убавицата од Барбадос“, па затоа е јасно дека ова за неа било многу емотивен момент.

„Во еден момент се чувствувам како она дете од Вестбери, а во следниот – ги носам сопствените деца на улицата на Ријана. Неверојатно е како функционира животот!“, напиша Ријана покрај фотографиите на Инстаграм.

Претходно овој месец, таа го прослави третиот роденден на својот син Раџот со раскошна забава на тема „Спајдермен“, а списанието „Пипл“ (People) објави дека прославата се одржала во нејзиниот дом на Барбадос.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер