Трамп и Макрон на приватниот ручек се согласиле за некои важни теми, најмногу за вината (ВИДЕО)

Претседателите Емануел Макрон и Доналд Трамп на двочасовниот приватен ручек пред почетокот на самитор Г7 во Бијариц , се договориле за некои важни прашања.

Макрон и Трамп се согласиле за прашањата поврзани со трговските договори, кризата со Иран и пожарите во Амазонија , соопштија од канцеларијата на францускиот претседател.

На тој импровизиран ручек, францускиот претседател „создаде услови за добар степен на договор во рамките на групата (Г7) со тоа што добил појаснување од Доналд Трамп„ за битни прашања “, вклучувајќи ги сличностите и разликите“, додаде Елисејската палата пред официјалниот почеток на Самитот во Бијариц.

Трамп по ручекот во објавата на Твитер напиша: „Штотуку го завршив ручекот со францускиот претседател @ EmanuelMacrone“, но наскоро ја поправи грешката во „@EmmanuelMacron“. „На нашите две држави им се случуваат многу добри работи. Имајте одличен викенд со другите светски лидери“, додаде тој на својот Твитер што го следат повеќе од 60 милиони луѓе.

Иако разликите со САД би можеле да го поткопаат трговското и климатското единство на Г7, францускиот претседател сакаше да му ги „изложи“ на својот американски колега француските и европските позиции за „да ги намали тензиите со САД“, забележа еден советник.

Во врска со Иран, Доналд Трамп „потврди дека не сака војна, туку договор“, пренесува Елисејската палата.

Што се однесува до Амазон, „имаме големи допирни точки“ и Макрон истакна дека тој не сака да води „политика против Болсонаро, туку корисен дијалог“.

Земјите на Г7 може да најават утре мерки за да му помогнат на Бразил во борбата против огромните шумски пожари во Амазонија.

Што се однесува до француските вина што Трамп сака да ги оданочува, Макрон му рече дека „не треба да има никаков конфликт околу тоа“ и дека „не треба да се доведе во врска дигиталниот данок во интерес на Франција, САД и големите економии“.

Тошковски: МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач

Изјава по остварена средба со претставници од Фондацијата „Ромите за демократија“ кои денеска организираа протестен марш од ДИК до МВР.

Тие протестираа заради закани кои биле упатени кон нивни набљудувачи за време на првиот круг од Претседателските избори 2024.

Министерот за внратрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач за време на изборниот процес.

Кремљ ги дефинираше како неосновани обвинувањата на САД дека користеле хемиско оружје

 Кремљ ги оквалификува како неосновани американските обвинувања дека руските сили користеле хемиско оружје во Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва останува обврзана со договорот за забрана на употреба на хемиско оружје.

Стејт департментот ја обвини Русија дека го користела хемиското оружје „хлорпикрин“ против украинските сили со што ја прекршува Конвенцијата за забрана за употреба на хемиско оружје.

„Употребата на тие хемикалии не е изолиран инцидент и најверојатно е мотивирана од желбата на руските сили да ги отстранат украинските сили од зацврстените позиции и да постигнат тактички напредок на бојното поле“, соопшти Стејт департментот. /МИА

Палестинските безбедносни сили убиле милитант на Западниот брег

Палестинските безбедносни сили денеска на Западниот Брег убиле припадник на локална вооружена група поврзана со милитантниот Исламски џихад, откако биле под нивен оган, јавуваат британските медиуми, додавајќи дека тоа е редок судир меѓу Палестинците.

Талак Двејкат, портпарол на безбедносните служби на палестинските власти, изјави дека органите на редот биле испратени во ноќна патрола во Тулкарм и биле под оган и возвратиле и го застрелале напаѓачот, кој починал од раните во болница.

Локалната вооружена група бригади Тулкарм и Нур-Шамс објави дека загинатиот човек Ахмед Абу ал Фул е нивни член. Групата ја потврди својата поврзаност со милитантите на Исламскиот џихад. Бригадите Тулкарм и Нур Шамс го опишаа нападот на палестинските безбедносни сили врз нивниот член како „атентат“ во израелски стил. Според вооружената група, Ал-Фул бил нападнат „без причина“.

Палестинската управа, предводена од претседателот Махмуд Абас, има ограничена самоуправа на Западниот Брег и понекогаш ја координира безбедноста со Израел. Хамас, сојузник на Исламскиот џихад, ги осуди „нападите на силите на палестинската управа против нашиот народ и борците на отпорот“. /МИА

притисни ентер