Трамп ѝ ја честиташе на Меланија 20. годишнината од бракот со снимка од свадбата (ФОТО) - Канал 5

Трамп ѝ ја честиташе на Меланија 20. годишнината од бракот со снимка од свадбата (ФОТО)

Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија прославија 20 години брак.

Трамп ѝ ја честиташе на Меланија 20. годишнината од бракот со снимка од свадбата (ФОТО)

Тие се венчале во 2005 година, по седумгодишна врска, а Меланија носеше луксузна венчаница од Диор од 100 илјади долари, која ја надополни со дијамантски ѓердан. „Среќна 20-годишнина, Меланија“, напиша Трамп покрај фотографијата од нивната венчавка.

Трамп ја запроси Меланија во април 2004 година, давајќи ѝ дијамантски прстен од 12 карати вреден 2 милиони долари. Меланија веднаш се согласила, иако подоцна им признала на медиумите дека не очекува предлог, пренесува People.

За нивниот прв состанок, Трамп ја одвел Меланија на вечера, а потоа во ексклузивниот клуб Moomba, познат по тоа што е резервиран исклучиво за познати личности и нивната придружба. Еден месец откако се запознале, Трамп ја однел со својот приватен авион на викенд на Палм Бич, каде што останале на неговиот луксузен имот.

Меланија се преселила во Њујорк во 1996 година. Таа добила можност да работи со престижни модни списанија, меѓу кои Vogue и Vanity Fair. Но, клучниот момент се случил во 1998 година, кога таа го запознала Доналд Трамп, тогаш етаблиран деловен магнат и медиумска личност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахти

Општина Центар спроведува редовна есенска дератизација на целата територија на локалната самоуправа, со која се опфатени околу 2 000 шахти.

Герасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахти

Дератизацијата се спроведува со цел сузбивање на штетните глодари и спречување на ширење заразни болести, како дел од континуираните мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

„Ова е редовна дератизација што ја спроведуваме на целото подрачје на општината. Пред неколку недели реализиравме и вонредна дератизација за сузбивање на глодарите и спречување на потенцијални извори на зарази“, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Препаратот што се користи е сертифициран и одобрен од Министерството за здравство, а наменет е за контрола на штетниците, без да претставува ризик за другите животински видови. Системската дератизацијата е дел од редовнитепревентивни активности за одржување на хигиената и заштита на јавното здравје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спасено мече фатено во стапица на планината Јакупица

На планината Јакупица во велешко спасено е мече фатено во нелегално поставена стапица. 

Спасено мече фатено во стапица  на планината Јакупица

Животното го пронашле ловџии од Ловечкото друштво „Руен“ од Велес.

Тие слушнале силно рикање и го забележале мечето заробено во сајла.

Во близина била и неговата мајка, која го набљудувала настанот. Во акцијата учествувале инспектори, ловџии, еколози, полицајци и ветеринар.

Мечето било пронајдено на локалитетот Чеплес, во близина на рибник Нежилово.

Ветеринар од Скопската зоолошка градина го успал животното за да го прегледа.Стапицата била отстранета, а мечето немало видливи повреди.станува збор за мажјак стар околу три години и тежок 70 килограми.По прегледот, мечето било пуштено назад во природата.за случајот бил известен јавен обвинител од велес.Полицијата ја запленила стапицата за вештачење и поведување кривична постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите

Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата  за лечење на пациентите за наредните две години.

Заболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите

Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата за лечење на пациентите за наредните две години ова беше истакнато на прес-конференција и едукативен симпозиум „Мисли на ретки: препознај и упати“ на здружението на граѓани за ретки болести „живот со предизвици“ Битола, националната алијанса за ретки болести на македонија и здружението на лекари по општа,семејна медицина.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер