Трамп ѝ фрлил бонбони на Меркел – „Еве ти Ангела...“

Претседателот на САД, Доналд Трамп во текот на самитот Г7 во Канада и фрлил неколку бонбони на канцеларката на Германија, Ангела Меркел.

Тоа го соопштил за телевизија „CBS” политичкиот аналитичар Јен Бремер, а пренесе „Спутник“.

Според зборовите на Бремен, инцидентот се случил при крајот на самитот додека лидерите на државите се обидувале да извршат притисок на Трамп, тој да го потпише заедничкото соопштение.

На крајот Трамп изјавил дека се согласува да го потпише документот.

„После тоа тој стана, ја стави рака во џебот од сакото и извади две бонбони “starburst” и ги фрли на масата и и рече на Меркел: Еве Ангела, да не речеш дека никогаш ништо не давам“ – изјавил Бремер, нагласувајќи дека разговарал со многу претставници на делегациите кои учествувале на самитот во Канада.

Аналитичарот не изјавил каква била реакцијата на Меркел на овој инцидент. Според неговите зборови, “очигледно“ е дека во овој момент двајцата лидери не се почитуваат и нивните лични односи се “нарушени“.

На изминатиот самит на Г7, кој е одржан во Канада во почетокот на месецот, дојде до раздор во единството на државите по важни економски, политички и меѓународни проблеми.

Претседателот на САД, Доналд Трамп порано го напушти состанокот и го стави под знак прашање неговиот резултат, изјавувајќи дека САД нема да го поддржи завршното соопштение на Г7.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер