Трамп и Бајден во судир за НАТО и одбраната на сојузниците - Канал 5

Трамп и Бајден во судир за НАТО и одбраната на сојузниците

Пораката на Трамп дека не само што не би ги заштитил од руски напад, туку и би ја охрабрил Москва да интервенира во НАТО членките кои не ги исполниле финансиските обврски кон Алијансата, од глобална се пресели и на американска почва .

Трамп и Бајден во судир за НАТО и одбраната на сојузниците

Пораката на Трамп дека не само што не би ги заштитил од руски напад, туку и би ја охрабрил Москва да интервенира во НАТО членките кои не ги исполниле финансиските обврски кон Алијансата, од глобална се пресели и на американска почва во пресрет на изборите годинава. Срамна, опасна и неамериканска ја нарече изјавата на Трамп, американскиот претседател Бајден, потенцирајќи дека се додека е тој е шеф на државата ќе ја брани секоја педа од територијата на НАТО.

-Пред само неколку дена, Трамп му даде покана на Путин да изврши инвазија на некои од нашите сојузници - НАТО сојузниците. Можете ли да замислите поранешен претседател на САД да го каже тоа? Целиот свет го слушна тоа. И најлошото е што тоа го мисли. Ниту еден друг претседател во нашата историја никогаш не му се поклонил на руски диктатор. Па, дозволете ми да го кажам ова најјасно што можам: никогаш нема. За волја на Бога, тоа е глупаво, тоа е срамно, тоа е опасно, тоа е неамериканско. Се додека сум претседател, ако Путин нападне сојузник на НАТО, САД ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО. , изјави Џо Бајден, претседател на САД.

Колку е да беше изјавата на Трамп предизборна и типична за неговиот зајадлив хумор, потенцијалниот нов претседател го вклучи црвениот аларм и во Алијансата и во Брисел, од каде се чуа и пораки дека НАТО не може да биде воен сојуз кој зависи од расположението на американскиот претседател. Трамп во саботата изјави дека не би заштитил НАТО сојузник, ако не одвојува два процента од БДП за одбраната.

-Претседател на една голема земја ми рече: „Г-не, ако не платиме и бидеме нападнати од Русија, дали ќе не заштитите?“ Му реков „вие не плаќате, вие сте деликвенти“, а тој потврди. Му реков, не, не би ве заштитил. Дури и би ги охрабрил (Русите) да прават што сакаат. Мора да си ги платите сметките. , изјави Доналд Трамп, кандидат за претседател на САД.

Ако се суди според податоците за минатата година, само 11 од 31 земја членка земји би ја избегнале своевидната „црна листа“ на Трамп. Во црвената зона е и Македонија, која лани одвоила 1,87 отсто и била на самиот праг до потребните два процента, кои според најавите ќе бидат постигнати годинава. Министерката Петровска изјави дека инвестирањето во македонската одбрана годинава ќе достигне двата процента од БДП, а од средствата една третина ќе бидат за модернизација на армијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)

По одличната квалификациска сесија, Марк Маркез доживеа вистинска катастрофа на самиот почеток од спринтерската трка.

Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)

Шпанскиот мотоциклист и десеткратен светски шампион сакаше да ја започне Спринт трката во Валенсија, во својот последен викенд во шампионатот Мото ГП, но неговиот мотор се запали на самиот почеток и тој мораше да ја напушти трката.

Беше многу драматична сцена. Непосредно пред да се изгаснат стартните светла, возачите зад Маркез почнаа да мавтаат со рацете бидејќи видоа пожар. Потоа Маркез сфати дека нешто се случува, а чадот брзо се претвори во оган.

Шпанецот се обиде да го турне моторот во боксот, но пламенот веќе зафатил добар дел од моторот, а тој беше малку изгорен. На крајот, стјуардите излегоа со противпожарни апарати и го изгаснаа пожарот на моторот.

Марк Маркез ќе се збогува со шампионатот Мото ГП во недела во 13:00 часот, кога е закажана последната трка од сезоната во Валенсија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството отвори истрага за претепаната жена од Гостивар- притвор за сопругот

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство .

Обвинителството отвори истрага за претепаната жена од Гостивар- притвор за сопругот

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

На 27 ноември, при вршење на семејно насилство, осомничениот 52-годишник со умисла се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга. При расправија во семејниот дом во селото Топлица, осомничениот употребил физичка сила и остар предмет со кој повеќепати ја удирал оштетената во главата, лицето и телото.

На жената и нанел повеќе тешки телесни повреди, убодни рани и скршеници на повеќе ребра од кои таа паднала во бесзонание. Настанот во полициска станица го пријавил таткото на осомничениот, а кога полициските службеници пристигнале на местото, ја пронашле жената без свест.

Ценејќи ги сите околности, тежината на стореното кривично дело, опасноста од бегство и влијание врз сведоци, како и можноста да го доврши делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, соопштуваат од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Подготвени за вонредна состојба: Три четвртини од Словенците дома имаат залихи од храна и пијалоци

Околу три четвртини од Словенците имаат тридневна залиха од храна и пијалоци дома во случај на вонредна состојба, според анкетата на Националниот институт за јавно здравје на Словенија (NIJZ).

Подготвени за вонредна состојба: Три четвртини од Словенците дома имаат залихи од храна и пијалоци

Во онлајн анкетата, спроведена во септември како дел од студијата SI-PANDA, учествувале 1.502 возрасни лица на возраст од 18 до 74 години, објави денес RTV SLO.

Резултатите покажаа дека девет од 10 испитаници имаат батериска ламба или свеќи дома, како и комплет за прва помош.

Околу 61 процент од испитаниците имаат залиха од заштитни маски, средства за дезинфекција или сапун, додека 42 проценти имаат копии од најважните документи или пристап до нивните дигитални верзии.

41 процент од испитаниците поседуваат радио на батерии.

Сепак, помалку од 40 проценти од жителите имаат тридневна залиха од вода за готвење и лична хигиена, или најмалку три литри по лице дневно.

Околу 20 проценти од испитаниците имаат план за евакуација, додека само 15 проценти се договориле со семејството и пријателите за тоа како да се контактираат едни со други во случај на несреќа или вонредна состојба.

Само околу 10 проценти имаат подготвена торба или ранец со најпотребните работи за брзо да го напуштат домот.

Анкетата, исто така, покажа дека жителите на руралните средини се генерално подобро подготвени за вонредни ситуации од оние во градовите.

Исклучок се копиите од најважните документи, кои се почести кај жителите на урбаните средини.

NIJZ потсети дека во последните години Словенија се соочи со бури, поплави и други катастрофи кои влијаеле на секојдневниот живот на населението, но дека вонредните состојби можат да се појават и поради социјални и технолошки настани.

Институтот ја нагласи важноста на планирањето, меѓусебната помош и подготовката на основните залихи, особено во случај на привремени прекини во снабдувањето со вода, електрична енергија, греење или храна.

Европската комисија неодамна објави упатства за зајакнување на подготвеноста на населението, кои, меѓу другото, препорачуваат поединците и домаќинствата да бидат самоодржливи најмалку 72 часа во случај на прекини во снабдувањето или функционирањето на јавните услуги.

Меѓу препораките е подготовка на торба или ранец со најпотребните работи во случај на итна евакуација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер