„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот
1„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот
СветТрамп: Хилари Клинтон сериозно страда од Трамповиот синдромот на растројствоАмериканскиот претседател Доналд Трамп возврати на обвинувањата на Хилари Клинтон дека неговата администрација го прикрива објавувањето на документи за Џефри Епстин, велејќи дека таа страда од „Трамповиот синдром на растројство“.Поранешната државна секретарка на САД вчера ја обвини администрацијата на Трамп за „намерно забавување“ на објавувањето на досиејата поврзани со осудениот сексуален престапник и го повика својот тим да ги „објави документите“, објави Скај њуз. Поранешната државна секретарка, исто така, рече дека „секој што е повикан на суд треба да сведочи“ пред Конгресот, инсистирајќи дека сослушувањата мора да бидат јавни и фер. Таа, исто така, тврдеше дека таа и нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Бил Клинтон, станале политичка цел. „Немам што да кријам, ослободен сум од обвинение и немам никаква врска со Џефри Епстин“, рече Трамп денеска кога новинарите го прашаа за обвинувањата на Хилари Клинтон. „Тие се вовлечени во тоа и тоа е нивен проблем. Ќе видиме што ќе се случи. Таа сериозно страда од Трамповиот синдром на растројство“, додаде тој. Министерството за правда на САД досега објави повеќе од три милиони страници документи поврзани со Епстин. Сепак, начинот на кој беа објавени досиејата беше пречекан со остри критики од демократите, како и од некои републикански политичари.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаЕвропска кошаркарска вечер во Аеродром, МЗТ домаќинна Ираклис во ФИБА еврокупот Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на ФИБА Еврокупот. Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на FIBA Europe Cup, а пред натпреварот посетителите ги очекува богата забавна програма пред СЦ „Јане Сандански“. Аеродром ќе биде во знакот на европската кошарка. МЗТ Скопје Аеродром пред својата публика го пречекува реномираниот грчки состав Ираклис, во првиот домашен натпревар од новата европска сезона во FIBA Europe Cup. Европскиот дуел ќе биде повеќе од кошаркарски натпревар. Со почеток од 17:00 часот, на просторот пред СЦ „Јане Сандански“ ќе биде организирана преднатпреварувачка фан-зона, со музика, храна, пијалоци и забавни активности за посетителите од сите генерации. Во 19:00 часот фокусот се префрла на паркетот, каде МЗТ Скопје Аеродром ќе се соочи со Ираклис во европски натпревар кој носи посебна тежина за клубот, но и за цел Аеродром. Општина Аеродром ги повикува граѓаните, љубителите на кошарката и сите поддржувачи на МЗТ да бидат дел од европската кошаркарска вечер и со своето присуство да му дадат поддршка на клубот. Аеродром е сино-бел. Аеродром е МЗТ.Тагови: МЗТ Скопје Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајотКампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.Од 5 до 11 октомври, во рамки на меѓународната кампања на ROADPOL „Focus on the Road“, Министерството за внатрешни работи спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон непрописна употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди при учество во сообраќајот. Кампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Пишувањето пораки, телефонските разговори, проверувањето известувања или користењето социјални мрежи додека управуваме возило го одвлекуваат вниманието од патот. Доволни се само неколку секунди невнимание за возачот да пропушти навреме да забележи опасност и да реагира. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и целосно фокусирани на патот. Не дозволувајте еден поглед кон екранот да биде причина за сообраќајна трагедија. Возете внимателно – гледајте го патот. Телефонот оставете го за подоцна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСо дрон погодени два трговски брода во Црното море кај брегот на Бугарија Два трговски брода се погодени од дронови во Црното Море, во близина на бугарскиот брег. Едениот брод веќе потонал соопштија од владата на Бугарија. Во тек е потрага по исчезнатите членови на екипажот, а засега никој не е обвинет за нападот, кој според досегашните информации е прв таков напад врз бродови во економската зона на земја-членка на НАТО. Бугарскиот премиер Румен Радев ќе ѝ се обрати на јавноста во 11:15 часот по локално време, на почетокот на вонредната седница посветена на нападите со дронови во кои беа погодени два трговски брода во Црното Море во близина на Бугарија – од кои едниот потона – соопшти владата. Не се знае од каде дошле дроновите. Екипажот на потонатиот брод се води како исчезнат, додека членовите на екипажот на другиот брод се спасени, изјави Румен Николов, раководител на операциите за спасување во Варна, како што пренесе јавниот сервис БНР. Бугарскиот портал Maritime.bg објави дека станува збор за бродовите „Алфа Ватан“ (Alfa Watan), кој плови под знамето на Того и за кој се наведува дека потонал, и „Ејбл“ (Able), кој плови под знамето на Палау. Сите 18 членови на екипажот на вториот брод го напуштиле пловилото откако избувнал пожар и биле спасени од бугарскиот ферибот „Диоскурија“ (Dioscuria). Некои од нив се повредени. Сè уште не е утврдено од каде дошле дроновите, објави порталот. Инцидентот се случи само еден ден откако најмалку еден дрон нападна товарен брод во сопственост на Турција, кој превезувал жито во Црното Море. Бродот на крајот потона по избувнувањето на пожарот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook